Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Џонтра заебаваш а? Само пази, на "ти" сме со Хатори Ханзо, еден вибер му праќам и одма почиња меч да ми прави
Не бе озбилно, ич не ми се свиѓаат Кил Бил-овците. Безпотребно трошење на време и пари. Зашто снимил таков филм?

Имаше некој на форумов пишано, изгледа некој смртно му се има закането на Тарантино да земе и да напраи најлош филм.. така нешто.

Кил Бил и Death Proof најслаби филмови на Тарантино, според мене.
 
За сите љубители на филмот Догвил и општо на маестро Ларс фон Триер ќе биде прикажан претставата која се базира на сцени од истиот.
Две години го чекав ова уште кога беше најавен проектот во Србија!

:love::love::love::love:

https://www.facebook.com/events/1604286773198573/

ДОГВИЛ
режисер: Kokan Mladenović
играат: Branislav Trifunović, Milica Majstorović, Milica Janevski
музика во живо: Vrooom
Времетраење/Duration: 90’

Билети во продажба на билетарницата во МКЦ.
цена: 300 ден

---
Театарската адаптација на истоимениот филм на Ларс фон Трир ја следи приказната на Грејс која бегајќи од гангстери, наоѓа засолниште во навидум идиличниот град наречен Догвил. Исфрустрираноста, тесноградоста и агресија на жителите на оваа идеализирана заедница бргу ќе излезат на виделина и Грејс ќе стане жртва на оние на кои таа сакаше да им помогне и во чија хуманоста и добрината веруваше
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
многу интересен филм, си играат детективи во една куќа, си трчкаат наоколу
правен е според board game со исто име, ама мене филмот ми делуваше ептен несериозно и многу лигаво
а и постојано се повторува
Филмот си е одличен, напнат и на моменти смешен. Како тоа си трчкаат наоколу жити се? Јас разбирам да не ти се допаѓа некој филм, ама оценка 1 е малку претерано. :)
 
добро можеби 1 е преостро, но филмот добро почна за во втора половина да се претвори во безвезална детска игра
 
Хрватскиот филм Ustav Republike Hrvatske, кој е и во македонска ко-продукција, ја доби главната награда во Монтреал! Небојша Глоговац во улога на транвестит, а нашата Јелена Јованова глуми во споредна улога. Делува навистина одлично, премиерата ќе ја има кај нас на Синедејс најверојатно.

Исто уште еден потенцијален хрватски, S one strane, добитникот во Пула, воедно и хрватски кандидат за Оскар годинава.

Кога веќе почнав, ќе продолжам. Друг хрватски чија премиера имаше деновиве во Венеција е филмот Ne gledaj mi u pijat, доста позитивни критики пристигнаа од филмофилите.

Од српските потенцијали го издвојувам Dobra žena, кој беше премиерно прикажан во јануари на Санденс. Веројатно и овој како и претходните би требало да ги видиме или на Синедејс или на КиноНова.

Србите го предложиле овој за Оскар:

Нашиве појма немам до кај се со изборот. Кажаа само дека имало 3 кандидати од кои ќе бирале, ама кои се пријавените филмови, Бог знае.
 
Веројатно, Лазар, Три дена во септември или Џган. Според мене Три дена во септември е најидеален кандидат.
 
И јас мислам дека може да е Три дена во септември или Џган. За Лазар не сум сигурен дали е eligible. Нели имаше премиера лани на Манаки? Или се лажам? Ако е така, тогаш мислам дека не може да е во конкуренција (филмовите треба да имаат премиера од 01.10.2015 до 30.09.2016 во земјата од која се предложени, а Манаки филмскиот фестивал се одржа во септември 2015).
 
Лазар беше првен прикажан во јули или август во Пула, ама ако викаш дека македонската премиера е битна, да, тогаш можеби не е валиден за Оскар. Ослободување на Скопје премиера исто ќе има премиера во сабота, и тој не би бил валиден.
 
Не, тој и Златна петорка може, зашто имаат премиери пред 30.09. Ама само 3 се кандидати.[DOUBLEPOST=1473247155][/DOUBLEPOST]Можеби и затоа сѐ уште нема никакво соопштение од ДФПМ - сигурно ги чекаат премиерите на овие два или на еден од нив. Крајниот рок за поднесување предлог филм до АМПАС е 03.10.2016.
 
Предлог некоја романтична драма .До сега немам многу вакви филмови гледано ,но по предлогот од член на форумов пред 3 месеци го гледав The notebook .Баш ми се допадна филмот .Нешто во ваков стил ако има некој да предложи нешто ?Исто така ми се гледани The best of me ,before we go , и слични кои не ми текнуваат во моментов.
 
Пушти си го одново, тешко да ти погодат филм на тебе.:icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom