Ќе бидам краток. Дали вреди уште да се обидуваш кога знаеш веќе дека сите врати се затворени? Никојпат не сум се осеќал како сеа шо се осеќам. Многу пати сум бил заљубен али лесно сум преболувал бидејки во сите случаеви јас сум бил во право, али овојпат неможам да поминам низ тоа. Она беше единствена особа од сите шо ме сакаше безрезервно, искрено, ама поради сплет на некои заебани околности не бидна ништо, а имаше обострана љубов. Пробувам веќе долго време да поминам низ тоа али како нешто во мене да ме тера да се обидуваш уште со надеж дека ќе биде нешто.
Моментално сум баш во тие години шо треба да одлучам шо понатаму, ми се нудат опции шо 90 посто од младината шо може само на сон да ги сонува, ама тоа нештото во мене не ми дава да се откажам од неа. Кога би знаел дека имам иднина со неа би се откажал од се, тотално од се па макар ако треба и како таксист да работам.
Како би постапиле вие во моја ситуација? - Дали ќе се потпрете на надежта дека со упорност ќе пробате да ги исправите сите ствари, или полесно ќе ви биде да се завртите и да пробате да заборавите? Ама знам дека самата мисла дека можеше да имаме голема иднина ќе ме убива секој ден, а шо е најбитно и времето ми е кратко да одлучам зошто неможам веќе секој ден да сум со солзи во очите.
Имам кажи речи 19 години и глупо ми е шо ова го пишувам на форум, али стварно неможам веќе, психички паднав најдолу. Дали да се коцкам со животот?
Сепак не бев толку краток, се извинувам.