Од напишаново другарка ти ми личи на згодна типка која баш и не знае што сака. Да знае не би прашувала на форум туку сама би си ја средила работата.
Другарка ти нема самодоверба туку има маска на „опасна“ женска за да се заштити од тоа што ја плаши а тоа е некој да не ја заебе или да не ја провали дека у суштина е девојка која сака да биде среќна, сакана и заштитена ама не знае као тоа да го постигне а уште помалку со кого.
Тоа што иде со лепотани без (пре)многу мозок само покажува дека има недостаток на самодоверба и дека веројатно бира мажи кои и се интелектуално инфериорни бидејќи може да ги доминира. Нормално греши пошто на крај ќе се навикне само со такви да излегува на крај па може и да заврши со некој таков. Тоа што е млада па немало зашто да ги бира по душа е изговор да си се оправда самата. Зар не е подобро да иде со згоден и паметен него со згоден и глуп? Па не се сите згодни и паметни изумрена категорија. Не е можно ниеден таков да не и се пуштил? Што има она од глупиот, ниту нешто учи ниту се унапредува како женска туку напротив стагнира. У краен случај дали е она стварно толку поинтелинтелигентна од дечковците или неа така и се чини? Не случајно викаат со кој си таков си :wink:.
Во моментов она не знае што сака а и ако би знаела нема да знае како тоа да го постигне. За таква едино тип што ќе и биде доминатен и поинтелигнетен од неа, па да ја познае дека е таква и да и ги истрпи шмизлувањата и дигањата додека нејзе и текне дека е за неа добро да се симне на земја пошто верувам дека е дигната иако тоа не го спомна

. Ама дали таков ќе најде и дали тој ќе има време и трпение да ја чека она да се симне на земја не знам.
Конкретно за типов. Од тоа што разбрав она него го свиѓа ама не знае дали да тргне пошто е грд, чудно малку ќе се сложиш. У краен случај и не е е битно дали е грд и другите што ќе речат туку неа дали типот ја пали

. Ако ја пали нека не се мисли ни секунда и нека проба, како викаат за пробање пари не земаат

. И тоа за другарството е беспредметен страв, може и онака да им се расипе за некој месец а железото се кове додека е жешко

.
Дечково е најверојатно ок и ја свиѓа ама времето му било кратко да проба нешто а и му е страв да не попие корпа пошто знае дека она сака лепотани. Само се чудам што не му текнало да си направи операција до сега ако толку му сметало? Што чекал она да му рече?
Веројатно ќе им бидне а колку ќе трае они си знаат. Како и да е нека проба нема што да загуби :smir:.