Се согласувам за тоа, глупо е тоа за наградите и се тоа. Мајка бара на крстарење некој, подобро нешто кола ова она, или 200-300 илјади.
Битно кај Лила има милионче да си лапнеш.
Тие во публика ко од Бардовци да се донесени, земал еден си ги грицка ноктите, друг му се смее, трет се клати пред камера.
Сонувај дека некој ќе го земе милионот во Се или нешто. Последните две сезони секоја имаше по 215 емисии,значи 430 емисии во двете последни сезони и милионот беше во кутија на играч 5 или 6 пати.
И тоа, гледаат ликови кои по психа и карактер не се ризикувачи таквите ги пуштаат со милион во игра.
И да, секогаш мора играчот да води 3 во публика на секое снимање, тоа е малтретирање. Сум учествувал во Се или нешто и ова од лично искуство го пишувам.
КвизотАрена е аматеризам. Но го следам, бидејќи сакам квизови на знаење, иако можело и подобро.
Секаде квиз се прави за пари. Кој покаже знаење да зема пара. 5.000 се мизерија, и ретко играчот да ги земе сите тие 5.000.
И ако се само 5.000, и на нив се одбива данок од 10%. Јас и партнерот во Без Поени земавме 2.000 утешителни па и на тоа ни одбија 10 % на данок.
Публиката е очај, но барем веројатно телевизијата сама си ја наоѓа публиката и веројатно ги наоѓаат по улици и за сендвич и сок ги носат во телевизија. Барем не мора играчот во Арена да носи публика. Иако чинам имаше и малолетници во публиката, а не сум сигурен дека е дозволено во квизови да има малолетна публика.
Нема шанси за Арена да се пријавам, иако обожавам квизови на знаење. И се сметам себеси дека имам знаење.
Последните 12 години сите можни квизови на знаење на ХРТ активно ги следам. Тко жели бити милијунаш, Најслабија Карика, Све у 7, Један против 100, Потјера, Волим Хрватску.......