Дома сум се што не сум надвор проблем

  • Креатор на темата Креатор на темата Laumfer
  • Време на започнување Време на започнување
L

Laumfer

Гостин
Мојот социјален живот е катастрофа, да не речем апокалиптичен заш има и полошо. Не можам сам да се разберам да се сфатам . Дома сум се што не сум надвор.Едноставно само што ќе го поминам прагот јас повеќе не сум опуштен,се плашам од комуникација со луѓе и сл.Имам затворен карактер и тешко доаѓам до стекнување на нови пријателства.Кога ќе излезам навечер секогаш имам преголемо очекување кое на крај се ппретвора во неколку часовна депресија.Бидејќи живеам во помал град каде секој за секого знае освен вистината слушам оговарања за моето однесување.Тоа допринесе и тие што ги знаев да ме одбегнуваа по пат.
Прашувам за совет и дали некој се нашол во иста ваква замешана ситуација?
Ви благодарам за секојдобронамерен совет.
 
Welcome to the club... Не се секирај - тоа е фаза во животот , не се замарај што другите мислат за тебе , биди свој и ќе пронајдеш слични на себе во твојата околина ... сите сме биле во слична/иста ситуација посебно во период од 17-20 години се случува ова , јас го викам “созревање “ немај гајле и уживај во животот :duel::D
 
Оговарања цел живот ќе слушаш, треба да изменаџираш да не те допираат таквите муабети и да стоиш настрана од нив, не у смисла да немаш социјален живот него да не се впушташ ти во такви муабети. Најверојатно си млад и те засегаат вакви ствари, али верувај ќе отрпнеш и ич нема уво да ти чуе за тоа. Мене порано од такт ме ваделе ситуации каде што една ја оговара другава, абе ќе изеде триста гомна за неа, и утре ден срциња ќе и остава по фејсбуци, инстраграми и еве од толку гомна, оговарања и зајадливост денеска заедно по ручеци идат. :ROFLMAO: Ова кај женската популација е некако честа појава за жал.
Е сега за стекнување пријателства треба да пристапиш малку поинаку, не ти на пријателите да им довериш се и сешто, него си има пријателства кои се за забава, гледај така на пријателствата за утре ден да не се најдеш во ситуација на разочараност која прејдува во депресија. Не може да се надеваш дека со било кого ќе имаш подлабоко пријателство, такви у животот ги има неколку. Со помалку очекувања, повеќе дружба и без страв за осудување полека ќе се опуштиш и нема да те интересираат многу работи.
 
Колку години си?

Ако си 19-20 некаде земи запиши се на факс во друг град ако имаш услови, ќе запознаеш нови луѓе, нов град ќе биде тоа и ќе се опуштиш постепено.
 
Социјална анксиозност. Ќе си го имаш додека си жив. Со тек на време ќе научиш да се контролираш при дадени ситуации. Полесно да менаџираш однос со околината и сл.
Меѓутоа состојбата како состојба ќе си остане засекогаш.
Носи се со тоа, малку похрабро со социјализација, ќе стекнеш одредени вештини па полесно ќе се вклопуваш.
Тоа е тоа.
 
Мене порано од такт ме ваделе ситуации каде што една ја оговара другава, абе ќе изеде триста гомна за неа, и утре ден срциња ќе и остава по фејсбуци, инстраграми и еве од толку гомна, оговарања и зајадливост денеска заедно по ручеци идат. :ROFLMAO: Ова кај женската популација е некако честа појава за жал.

Е ова никогаш нема да го разберам..
Ќе се утепаат од оговарање и оцрнување некого и после пола саат се сретнуваат и се однесуваат како да се најдобри другари :rolleyes: лицемерие до бескрај
 
Социјална анксиозност. Ќе си го имаш додека си жив. Со тек на време ќе научиш да се контролираш при дадени ситуации. Полесно да менаџираш однос со околината и сл.
Меѓутоа состојбата како состојба ќе си остане засекогаш.
Носи се со тоа, малку похрабро со социјализација, ќе стекнеш одредени вештини па полесно ќе се вклопуваш.
Тоа е тоа.

Кој рече дека социјалната анксиозност ја влечеш цел живот?
 
А не е така?

Воопшто не е така. За секоја фобија има „лек“. Луѓето најдоа решение за тешки болести, не па за еден обичен ирационален страв.
Не си стручно лице, ниту пак стручно лице има дадено оваков исказ(во спротивно треба да му се одземе дипломата), а изјавите од оваков тип можат да му наштетат некому, особено некој со кревка психа како детево што бара решение.
 
Воопшто не е така. За секоја фобија има „лек“. Луѓето најдоа решение за тешки болести, не па за еден обичен ирационален страв.
Не си стручно лице, ниту пак стручно лице има дадено оваков исказ(во спротивно треба да му се одземе дипломата), а изјавите од оваков тип можат да му наштетат некому, особено некој со кревка психа како детево што бара решение.
Секоја фобија може да се ублажи меѓутоа дека трајно може да се отклони тоа малку морген.
Најчесто претставува наследна карактерна особина и не се карактеризира како болест скраја да е.
Вие "обичните" не можете да сватите како изгледа и функционира тоа па таквите како на типот горе кој не знаеме дали е дете или не или предвреме да се извлече таква констатација, проблемите со друштва и такви глупости им ги припишувате на деца нели?!?
Да те прашам јас како со моите 30год да го надминам стравот од голема маса на луѓе?
Знаеш ли ти што претставува за мене одење на свадба? Влагањето во салата со гости за мене претставува како некој да ме пуштил на брегот на Нормандија на Денот Д. Е така се чуствувам? Што ќе помогне? Иди батко на повеќе свадби? Ќе ти помине?
Знаеш ли ти дека влагање во кафиќ со друштво ми претставува проблем. Го пуштам друштвото они први да влезат ја меѓу ними или последен? Зашто? Затоа што сметам дека околината околу мене ми суди, затоа што се плашам кај да седнам и да не испаднам кретен со моите постапки. Тоа болест е? Се носам со сето тоа, знам како да се поставам и веќе ми е сеедно. Тие што ме знаат ме знаат, тие што не ме знаат ми е веќе сеедно за тоа каква слика имаат за мене и тоа е.
 
Секоја фобија може да се ублажи меѓутоа дека трајно може да се отклони тоа малку морген.
Најчесто претставува наследна карактерна особина и не се карактеризира како болест скраја да е.
Вие "обичните" не можете да сватите како изгледа и функционира тоа па таквите како на типот горе кој не знаеме дали е дете или не или предвреме да се извлече таква констатација, проблемите со друштва и такви глупости им ги припишувате на деца нели?!?
Да те прашам јас како со моите 30год да го надминам стравот од голема маса на луѓе?
Знаеш ли ти што претставува за мене одење на свадба? Влагањето во салата со гости за мене претставува како некој да ме пуштил на брегот на Нормандија на Денот Д. Е така се чуствувам? Што ќе помогне? Иди батко на повеќе свадби? Ќе ти помине?
Знаеш ли ти дека влагање во кафиќ со друштво ми претставува проблем. Го пуштам друштвото они први да влезат ја меѓу ними или последен? Зашто? Затоа што сметам дека околината околу мене ми суди, затоа што се плашам кај да седнам и да не испаднам кретен со моите постапки. Тоа болест е? Се носам со сето тоа, знам како да се поставам и веќе ми е сеедно. Тие што ме знаат ме знаат, тие што не ме знаат ми е веќе сеедно за тоа каква слика имаат за мене и тоа е.

Јас не можам да те разберам? :) Тука некаде сме со години и го имам истиот проблем како тебе. Знаеш како се надминува страв? Со соочување на истиот, колку и да е гадно чувството. Пред девет години јас бев тешко асоцијално створење, од дома не излегував. Не затоа што не сакав, не можев, баш поради таквите фобии. Кај мене не беше само социофобијата, имаше и други фобии. Сите ги надминав освен социофобијата, која иако не е изразена како порано, сеуште е присутна. Уште ја „лечам“ и знам дека еден ден ќе ја нема. Свадба? Па на свадба знаеш добар дел од луѓето бе пријател. Пробај... што знам, на Кајгана собиранка, место на кое наеднаш се наоѓаш меѓу група непознати луѓе кои биди сигурен дека ќе те осудуваат. :icon_lol: Мислиш мене ми е гајле за народот овде? Не бе пријател, доаѓам на собиранки ради лични интереси, да победам социофобија и да се соочам со некои шупаци. (Лажам дека сите ми се небитни, има некои кои стварно си ги сакам, знаат они кои се)
Шала на страна, причината за социофобија кај мене и кај тебе е различна и баш собиранките од оваков тип би ти биле од корист. Ти се плашиш од анализирање и осудување, јас сум арогантна газла која добро знае која е и што е, така да туѓите импресии(позитивни или негативни) за мене се тотално небитни. Конкретно ти и дечково кој се обрати за помош треба да поработите на самодовербата, затоа што ако е лабилна ќе се плашиш од тоа што ќе речат другите, но ако добро знаеш колку вредиш, исто како што ќе знаат и оние кои ти се битни и на кои си им битен, нема да им даваш толкава важност на туѓите мислења за тебе. Автоматски си нашол решение за твојот проблем и си го победил стравот. ;)

Патем, стравот не е наследен. Стравот го стекнуваш во текот на животот. Можеби се појавил поради некакво влијание од родителите, на пример ти го наметнале она од кои тие се плашеле.

Затоа што сметам дека околината околу мене ми суди, затоа што се плашам кај да седнам и да не испаднам кретен со моите постапки. Тие што ме знаат ме знаат, тие што не ме знаат ми е веќе сеедно за тоа каква слика имаат за мене и тоа е.

Овие две реченици некако не ми се совпаѓаат.
 
Последно уредено:
Ова е класичен проблем на самодоверба а тоа се билда најпросто. Прво ќе почнеш да си зборуваш сам со огледалото за да се опуштиш а со тек на време и ослободиш. Треба да се соочиш самиот со себе, наместо да очекуваш околината да те суди за нешто што не постои. На околината не и е гајле за тебе. Не преќутувај никому ништо, иако ќутењето е злато, ама ако имаш издувен вентил (креирај нешто, вежбај за почеток, после додај му и секс).
Некој има страв од луѓе, друг од животни или инсекти, ти имаш од изразување. Вади ги од себе мислите. Заеби го тоа дека на некого му е гајле за тебе, освен на мајка ти и татко ти. Не си придавај толкаво значење дека цело внимание е свртено во тебе, него биди си ти и осеќај се удобно во себе. И да станеш познат ќе мораш да се соочиш со таа толпа што тебе ти изгледа на некое страшило. Тоа е проблемот со сите што патат од овој комплекс, не се замараат со себе него со другите. И после срања се дешаваат, епа јебеш превземи нешто со себе. Знаеш побитно е да држам во себе и да пукнам него да ме коментираат рандом фаци. Е тука фејлна општествово. Што толку години пресија и срања доведуваат до голем број на несигурни луѓе. Тука ме боли најмногу, што на првата препрека многу луѓе паѓаат, а не е никаква препрека нити пак нешто невозможно него е самата глава и како таа се развива во околината. Ти посакувам многу сила и воља да успееш.
 
Брату сакаш еден совет ?:D ( @Laumfer )
Викни си некој другар од порано што се познавате , барем еден таков имаш сигурно. Земете си од продавница 3 литри бело вино во картонско пакување.. Направете си дома или надвор во некое паркче мини дружба.. Развеселете се , не се замарајте со ништо...После така развеселени продолжете во некое место каде што ви се свиѓа атмосверата без разлика дали е рок место или шабанско. Битно убаво да си помините... Ке видиш колку си можел да си среќен а колку си губел досега. :)
Е сега да се надоврзам.....(Прочитај ми го постов аку е откачен, можно е да ти ПОМОГНЕ)
Незнам од кој град си ама имам пријател кој е скоро исти случај како тебе. Детево само јас го дружам од цел град. Речиси и дека нема други пријатели . Сите го исмејуваат дека е чуден. Се занимава со некој активности или хоби но нема пријатели тие од средно и од факултет не го бараат за излегувње. Јас му бев единствен пријател на одмор во средно цело време го дружев цел ден бевме заедно нашкола иако него го гледаа како чудак (и девојчината) за разлика од мене :D.
До некаде и јас не го сваќам зошто нема други пријатели освен мене ама ајде...:masa: .
До пред две години имаше слушано од мене како поминувам навечер затоа што во средно учевме заедно... И ко другар од клупа му се фалев вака поминавме така. И еднашка го зедов случајно со мене и детево се прерадува како никогаш до сега... Дружбите продолжија , си купувавме за викенд пиење кај него тотално почна да ИСЧЕЗНУВА стравот од комуникација и затвореноста. Пиевме некаде во маало или во паркче , се веселевме до вкрај , детево почна почесто со мене да излегува со луѓе да е цело време итн...Ама битно е дружбата и атмосверата САМИ си ја направивме со малце алкохоло за загревање секако :D. Сме имале секакви спомени. Да сме во друштво надвор со многу пијани девојчина па се до бркотници со полиција. Не ми е криво ни мене ни него за нашите лудории, за сите спомени испишани ... Ајде да не забегвам офф топик ... А ми се пишуват уште многу :LOL:. Тоа е тоа што имав да ти го кажам ако е сличен твојот случај можам да ти помогнам со некој совет итн ...
 
Здрава исхрана и спорт ќе те направат да се осеќаш одлично, кога се осеќаш одлично, кој и да си самодвербата ќе ти биде на повисоко ниво, искачање почесто макар на сила и тоа е тоа, за неколку месеци ќе ти се подобри осетно.


@Jedah , Батали ги игрите, и резултатот сам ќе дојде.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom