Секоја фобија може да се ублажи меѓутоа дека трајно може да се отклони тоа малку морген.
Најчесто претставува наследна карактерна особина и не се карактеризира како болест скраја да е.
Вие "обичните" не можете да сватите како изгледа и функционира тоа па таквите како на типот горе кој не знаеме дали е дете или не или предвреме да се извлече таква констатација, проблемите со друштва и такви глупости им ги припишувате на деца нели?!?
Да те прашам јас како со моите 30год да го надминам стравот од голема маса на луѓе?
Знаеш ли ти што претставува за мене одење на свадба? Влагањето во салата со гости за мене претставува како некој да ме пуштил на брегот на Нормандија на Денот Д. Е така се чуствувам? Што ќе помогне? Иди батко на повеќе свадби? Ќе ти помине?
Знаеш ли ти дека влагање во кафиќ со друштво ми претставува проблем. Го пуштам друштвото они први да влезат ја меѓу ними или последен? Зашто? Затоа што сметам дека околината околу мене ми суди, затоа што се плашам кај да седнам и да не испаднам кретен со моите постапки. Тоа болест е? Се носам со сето тоа, знам како да се поставам и веќе ми е сеедно. Тие што ме знаат ме знаат, тие што не ме знаат ми е веќе сеедно за тоа каква слика имаат за мене и тоа е.
Јас не можам да те разберам?

Тука некаде сме со години и го имам истиот проблем како тебе. Знаеш како се надминува страв? Со соочување на истиот, колку и да е гадно чувството. Пред девет години јас бев тешко асоцијално створење, од дома не излегував. Не затоа што не сакав, не можев, баш поради таквите фобии. Кај мене не беше само социофобијата, имаше и други фобии. Сите ги надминав освен социофобијата, која иако не е изразена како порано, сеуште е присутна. Уште ја „лечам“ и знам дека еден ден ќе ја нема. Свадба? Па на свадба знаеш добар дел од луѓето бе пријател. Пробај... што знам, на Кајгана собиранка, место на кое наеднаш се наоѓаш меѓу група непознати луѓе кои биди сигурен дека ќе те осудуваат.

Мислиш мене ми е гајле за народот овде? Не бе пријател, доаѓам на собиранки ради лични интереси, да победам социофобија и да се соочам со некои шупаци.
(Лажам дека сите ми се небитни, има некои кои стварно си ги сакам, знаат они кои се)
Шала на страна, причината за социофобија кај мене и кај тебе е различна и баш собиранките од оваков тип би ти биле од корист. Ти се плашиш од анализирање и осудување, јас сум арогантна газла која добро знае која е и што е, така да туѓите импресии(позитивни или негативни) за мене се тотално небитни. Конкретно ти и дечково кој се обрати за помош треба да поработите на самодовербата, затоа што ако е лабилна ќе се плашиш од тоа што ќе речат другите, но ако добро знаеш колку вредиш, исто како што ќе знаат и оние кои ти се битни и на кои си им битен, нема да им даваш толкава важност на туѓите мислења за тебе. Автоматски си нашол решение за твојот проблем и си го победил стравот.
Патем, стравот не е наследен. Стравот го стекнуваш во текот на животот. Можеби се појавил поради некакво влијание од родителите, на пример ти го наметнале она од кои тие се плашеле.
Затоа што сметам дека околината околу мене ми суди, затоа што се плашам кај да седнам и да не испаднам кретен со моите постапки. Тие што ме знаат ме знаат, тие што не ме знаат ми е веќе сеедно за тоа каква слика имаат за мене и тоа е.
Овие две реченици некако не ми се совпаѓаат.