Работа на брод

kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
Sto se STCW sertifikati?

Sent from my D2403 using Tapatalk
Fire prevention..fire fighting..first aid..passenger safety..personal survival techniques...za se ova obuki gi praevme vo BUdimpesta I ti davaat sertifikati deka uspesno si gi zavrsil obukite...plativme 450 evra za niv..vazat 5 godini
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Fire prevention..fire fighting..first aid..passenger safety..personal survival techniques...za se ova obuki gi praevme vo BUdimpesta I ti davaat sertifikati deka uspesno si gi zavrsil obukite...plativme 450 evra za niv..vazat 5 godini
I tie se potrebni za sekoja rabotna pozicija?

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
I tie se potrebni za sekoja rabotna pozicija?

Sent from my D2403 using Tapatalk
По некои си нивни нови закони да...исто праев лекарско.Првио пат 9.500 денари па не ми го важеа ради то шо извадиле нови закони па морало да се тестира на уште 10 врсти на дрога..па платив уште едно кое кошташе 17,500 денари...се разбира повратни пари...ти враќаат ко ке одиш таму...така да не се знае..од денес за утре.Сабајле во 5 и 40 тргам јас па шо ке биди како ке биди...ќе видиме :)
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Капетан, мирно море и пази се од црните ајкули да не ти го лапнат капетанчето :)

Инаку појаснување за STCW сертификатите. Тоа се серија тренинзи кои се потребни за потоа да можеш да се справиш со сите можни вонредни ситуации на брод. И се задолжителни.
Капетан веќе е со пола нога на брод па се сомневам дека ќе пише колку плус го чинеле сертификатите (карта за бус, сместување, храна...)
Во Скопје истите чинат 550 евра, ама она што го ставив во заграда е поефтино, а ако си од Скопје и немаш потреба да го плаќаш, освен ЈСП бус можеби ор самтинг.
 
Член од
26 август 2016
Мислења
2
Поени од реакции
0
Ако може да ми помогнете, сакам да отидам да работам на брот, искуство немам и се што знам за работа на брот е од форумов. се мислам во која агенција да се пријавам но исто се мислам и на која позиција па ако може да ми дадете предлог што да направам во обзир дека сум почетник.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Ако може да ми помогнете, сакам да отидам да работам на брот, искуство немам и се што знам за работа на брот е од форумов. се мислам во која агенција да се пријавам но исто се мислам и на која позиција па ако може да ми дадете предлог што да направам во обзир дека сум почетник.
Дали досега имаш работено нешто во живот? Ако имаш работено нешто, ќе имаш и идеја што би сакал/МОЖЕЛ да работиш на брод ;)
Јас топло ти препорачувам во вторник да појдеш во Коузон на презентацијата во 11 часот. 2 саати @alek trendo ќе обаснува на долго и на широко ;)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.964
Поени од реакции
12.382

Што не го потсети дека може и да ги прелиста последните 5-10 страници од темава за подетално да се информира ?

Штотуку се регистрирал и воопшто не ја ни прелистува темава, туку директно преминува на прашање за кое одговорот веќе го има неколку страници поназад.

Треба да ги банираат на 24 часа тие кои како муви без глава се појавуваат од никаде на форумов само за да постават едно прашање. Оние децана кои се регистрираат за да побараат опис и расказ на некоја книга или тема за писмена работа по македонски јазик за основно или средно училиште, ептен ме засмејуваат. :tapp:

Ако може да ми помогнете, сакам да отидам да работам на брот, искуство немам и се што знам за работа на брот е од форумов. се мислам во која агенција да се пријавам но исто се мислам и на која позиција па ако може да ми дадете предлог што да направам во обзир дека сум почетник.
Па за почеток можеш да ги преслисташ барем последните 5-10 страници од темава за подетално да се информираш.

Освен Коузон, кои ти ги препорача @Tonchie, можеш да ги посетиш и Астерија, кои се комшии на Коузон во истата зграда, а можеш да ги посетиш и Мајоми, или нивната Фејсбук страница Uspinjaca Posao, кои се позади Броз Кафе наспроти Универзална Сала, или нивните комшии Декра, кои се наспроти Мајоми.
 
Член од
26 август 2016
Мислења
2
Поени од реакции
0
Што не го потсети дека може и да ги прелиста последните 5-10 страници од темава за подетално да се информира ?

Штотуку се регистрирал и воопшто не ја ни прелистува темава, туку директно преминува на прашање за кое одговорот веќе го има неколку страници поназад.

Треба да ги банираат на 24 часа тие кои како муви без глава се појавуваат од никаде на форумов само за да постават едно прашање. Оние децана кои се регистрираат за да побараат опис и расказ на некоја книга или тема за писмена работа по македонски јазик за основно или средно училиште, ептен ме засмејуваат. :tapp:

Па за почеток можеш да ги преслисташ барем последните 5-10 страници од темава за подетално да се информираш.

Освен Коузон, кои ти ги препорача @Tonchie, можеш да ги посетиш и Астерија, кои се комшии на Коузон во истата зграда, а можеш да ги посетиш и Мајоми, или нивната Фејсбук страница Uspinjaca Posao, кои се позади Броз Кафе наспроти Универзална Сала, или нивните комшии Декра, кои се наспроти Мајоми.

Фала богу прелистена ми е цела тема и сум информиран пошто сум сериозен за работаваа и затоа ви пишав вас бидејќи иако се прочитав и скоро се што знам за на брот ми е од овде неможам да се одлучам на работна позиција и да, бев во коузон на презентација но и тоа не ми помогна да се одлучам и да имам работено се од работник и сега работам. а јас побарав предлог за работни позиции не предрасуди .
 
Последно уредено:

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Докторе, докторе, многу см неодлучен!
... или не?

Е во вакви случаи следен чекор е да гледаш видеа на јутјуб, ако почнеш да бараш ќе најдеш се и сешто на јутјуб.
Или да ти ги елиминарам позициите да ти пишам дека за Енџин Рум и Навигешјн Бриџ ти треба соодветно образование со кое не можеш да се стекнеш во Македонија (освен ИТ или Медикал центар, прифатени се и државните и приватните факултети се додека имаш 4 или 5 години образование у соодветната насока, медицинска сестра може и со средно и положен државен испит).
За музичар или танчар треба да имаш очигледен талент.

Се останато ти се знаења и вештини.
Знам дека не ти го стеснив изборот.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.964
Поени од реакции
12.382
Поправи ме ако грешам, но не помнам да сме дискутирале за овие прашања:

Дали работниот период поминат на брод се рачуна како работен стаж, или не се рачуна бидејќи е во меѓународни води и бидејќи е под договор ?

И за платата не сум прашал досега, како пристигнува истата - ти ја чуваат на бродот додека се закотви во пристаниште, ти ја праќаат на трансакциска или девизна сметка во Македонија, или треба да имаш привремена трансакциска сметка во странство - како нерезидент ?

Чисто ми текна пред некој ден кога бев во НЛБ Тутунска Банка, да прашам како би пристигнувале пари од странство на девизна сметка во банката и дали истите би можеле да бидат достапни на дебитната картичка издадена од банката.

Ми рекоа дека парите би пристигнале на девизна сметка во банката, но нема да бидат достапни на дебитната картичка. За да бидат достапни на дебитната картичка, ќе треба да се изврши конверзија на валута од странската валута во македонски денари, а ако морнарот е во странство, ќе може да направи конверзија преку Интернет, односно преку НЛБ Клик доколку користи електричен токен за Макси Клик.

Прашувам онака, бидејќи имам пријател кој работи фриленсер, а прима пари преку Вестерн Унион, но смачено му е од провизиите кои му ги наплаќаат, па разгледува алтернативи, па во меѓувреме ми текна да прашам и за платата на брод како истата пристигнува.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Ајде од крај, навика ми е од крај да одговарам :)
Имиџ, моја бифша фирма користи сервис кој се вика OceanPay (името кажува која е наметата, нели) и е на една банка од Атланта и парите ти стигаат на Виза картичка која може да ја користиш низ цел свет и има фини услови за користење. Сеуште имам некои 15-16 долари на неа. Истиот сервис го користат и NCL и Steiner (СПА концесионер на еден куп круз компании). Дизни користат City банка, американска, Ројал не ми текнува која банка ја користеа... битно од сите добиваш Виза картичка.
Сум правел трансфери од ОушнПеј на НЛБ и имаше провизии, не толку високи како WU ама па и парите им требаше подолго време за да стигнат на сметка. Башка морав да им праќам на мејл скен од докоговот дека тоа се чесно заработени пари и оданочени и слично (ова важи само за трансфер од своја сметка во странска банка на своја сметка во македонска банка). Оваа услуга ја користев два пати кога морав да пратам пари дома, и праќав по 500 долари првиот и мислам третиот доовор.
МСЦ мислам дека плаќаат у кеш... никогаш не ми текнало да проверам начин на исплата.
Викинг кога нивните кандидати идат на брод бараат некои пусулчиња да им се донесат од МК банка, ама што е и како е, поим немам.

И ова со стажот, нема стаж.
Ама има алтернативи, и за тоа сум секогаш расположен да зборувам лично.
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
143
Поени од реакции
42
Kolku e stcw vo budimpesta , kolku e prevoz I smestaj I hrana ,dali e toa vkluceno vo treningot vo tie 420 evra , koga Se zemaat sertifikatite , daj pls poveke info. Fala Ti .
A za trosoci I agencies fee - cekaj pred da zaminis na brod , iam nekoj feeling deka ke Ti stigni faktura.taka sum cul .... Mozi I gresam :)
STCW тренингот во Будимпешта е 420 евра, односно 350 евра за STCW сертификатите и 70 евра за прва помош.
Превозот ме чинеше околу 80 евра со тоа што идев Скопје-Белград со автобус, па Белград-Будимпешта со воз. Касно разбравме дека има и линија со Фудекс Скопје-Белград-Будимпешта и дека е околу 45 евра повратна карта, ама веќе резервиравме и касно беше да смениме.
Во врска со смештајот, мене ме кошташе 20 евра ноќ во апартман. Како и да е имаше и поефтини смештаи (8-12 евра вечер), меѓутоа ние се решивме за овој бидејќи беше каде каде поубав и на подобра локација (3 минути до тренинг центарот).
Целиот тренинг трае 3 дена, односно почнува во сабота сабајле, завршува во понеделник во 12 на пладне. Така да не се ни полни 3 дена. Недела исто така не се седи цел ден, туку до 3 попладне.

Значи вкупниот трошок е - 420 евра за сертификатите, 80 евра за превоз и 40 евра за смештај односно 540 евра комплет плус џепарлак. Нормално џепарлакот зависи кој што сака да прави и како да троши таму. Будимпешта не е многу скап град, така да може и многу ефтино да се пројде. Да напоменам уште еднаш дека има и поефтин превоз и поефтин смештај така да и со 500 евра се проаѓа.

Со истите 550 евра што ќе ги дадев во Скопје за тренинг, ја прошетав и Будимпешта за време на викенд ;)

Во врска со фактурата што ја спомна, не те разбирам на каква фактура мислиш ? Ако ми дојде ќе те обавестам, меѓутоа од познаници кои што се веќе отидени не сум информиран за такво нешто.
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
26
Поени од реакции
7

бате , 3 дена тренинг таков - вода не држи . сабота навечер будимпешта , излаганка , пиво две ... неделата гроги на тренинг , сум чул , доволно е само да се појди и да се плати и да се одседат 3 дена и го имаш сертификатот . факт . овде е 2 дена предавања и 3 дена пракса . и овде треба да се НАПРАВИ практичниот дел за да се има сертификатот , а не дека со ладна вода оган се гасни , прс прс готово .
од фудбал гледање никој не станал фудбалер . јасно е .

:)

поздрав .[DOUBLEPOST=1472458179][/DOUBLEPOST]
Поправи ме ако грешам, но не помнам да сме дискутирале за овие прашања:

Дали работниот период поминат на брод се рачуна како работен стаж, или не се рачуна бидејќи е во меѓународни води и бидејќи е под договор ?

И за платата не сум прашал досега, како пристигнува истата - ти ја чуваат на бродот додека се закотви во пристаниште, ти ја праќаат на трансакциска или девизна сметка во Македонија, или треба да имаш привремена трансакциска сметка во странство - како нерезидент ?

Чисто ми текна пред некој ден кога бев во НЛБ Тутунска Банка, да прашам како би пристигнувале пари од странство на девизна сметка во банката и дали истите би можеле да бидат достапни на дебитната картичка издадена од банката.

Ми рекоа дека парите би пристигнале на девизна сметка во банката, но нема да бидат достапни на дебитната картичка. За да бидат достапни на дебитната картичка, ќе треба да се изврши конверзија на валута од странската валута во македонски денари, а ако морнарот е во странство, ќе може да направи конверзија преку Интернет, односно преку НЛБ Клик доколку користи електричен токен за Макси Клик.

Прашувам онака, бидејќи имам пријател кој работи фриленсер, а прима пари преку Вестерн Унион, но смачено му е од провизиите кои му ги наплаќаат, па разгледува алтернативи, па во меѓувреме ми текна да прашам и за платата на брод како истата пристигнува.
на оушен лајнер нема стаж , ит ис но манс ланд , имаш опција да си двоиш 20 , 40 или која сакаш сума на долари на месечно ниво во фондови кои после си ги подигаш..... слично на НЛБ фондовиве овде втор столб пензиски или као ГРАВЕ осигурување кое по 8-10 години плаќање рати , можис да си ги подигниш парите со минимална камата .или како повеќе паметни морнари кои глават неколку години по бродови - си се пријавуваш во мкд во некоја пријателска приватна фирма дека си вработен и си плаќаш придонеси и ти течи и стаж и пензија и се во мкд .

платата се зема на сметка , на крај на круз или на две недели или на крај на месец . таа сметка е универзална и можиш да имаш картица за подигање пари и иста таква „дебитна„ да оставиш дома и да можат твоите да подигаат ако префрлиш ти на твојата сметка ,девизна во било која банка .

порано се земаше платата кеш па се криеше по патики, под јастуци ,на плафон, под тепих.... :) често кога си одеше некој македонец за дома , да не праќаме по мониграм или вестерн ради јаки провизии , го „китиме„ ко невеста секој од нас пред да си оди, кој илјадарка кој две кој три , кој колку има и тој ко поштар носи 10-20 „цигли„ за да ги раздаде низ мкд ко странска пензија .

сеа токени , кликови, 4 сметки во 9 банки , електронско банкарство, мој банкар , денарска сметка ,резидентна сметка , нерезидетна сметка , девизна сметка ,дебитна картица , мастер картица , трансфери , мониграм , вестерн , пејпал , ....... се имате и пак ништо не знаете како да се снајдете :) .... не дека не сме снаодливи , ама париве некако се помалце ги има :)
 
Последно уредено:
Ф

Флеш

Гостин
:D:LOL:
Оваа опција еднаш ја слушнав од другарче при разговор,ама му реков бегај не е можно.Сега и ти што потврди,еве начин да стекнеш стаж.:ROFLMAO:

или како повеќе паметни морнари кои глават неколку години по бродови - си се пријавуваш во мкд во некоја пријателска приватна фирма дека си вработен и си плаќаш придонеси и ти течи и стаж и пензија и се во мкд .
 
Член од
22 јули 2016
Мислења
26
Поени од реакции
7
да , има дечки знам , некои си имаат свои фирми дури , еден тип има фирма , купува возила , му реди лиценца за такси и ги рента како такси возила на други лица .... 2-3ца имаат фамилијарни фирми и си се водат како вработени таму на минималец и си поминуваат плата и придонеси .... во интерес е оваа држава да има помалце невработени и затоа никој не ги гиба и не ги проверува . придонесите си се плаќаат , државата си зема свој дел, фондовите си се полнат , дечкиве си калапат стаж ... легално е мислам и нема никаков проблем, секој си има свој бенефит ....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom