Ua Lopovi
August 22 at 11:36pm ·
Деновиве, исклучените од БЕГ, добиваат писма со предлог за повторно вклучување во системот и со известување дека таквото греење е „најмалку двојно поисплатливо“. Како дополнителна придобивка е безплатното приклучување.
Еве една анализа за алтернативно затоплување со клима уред:
За стан од 60 м2 доволен е еден клима уред од 3,5 кw а кој троши 1 кw/час. Цената на струјатa заедно до ДДВ е 6,56 денари скапа и 3,28 денари ефтина за еден кw.
Oд 15-30 октомври и 1-15 април климата да работи по 5 саати само на скапа струја ќе потроши= 30 денови х 5 саати х 6,56 ден.=984 денари.
Во останатиот период да работи по 16 часови на ден (колку работи и БЕГ). Од 1 ноември до 1 април, 5 месеци или 150 денови= 5 месеци х 30 денови х 16 часови = 2400 часови. Од тоа на скапа струја 1850 и ефтина 550 часови. ( ефтината струја е секој ден по 1 час плус сите недели по цел ден).
1850 часови х 6,56 денари = 12.136 денари
550 часови х 3,28 денари = 1.804 денари
Се' заедно за една сезона еден стан од 60 м2 би потрошил: 984 + 12.136 +1.804 = 14.924 денари.
Цената која ја нуди БЕГ со најновото поефтинување е 38,09 денари/ м2 , или за стан од 60 м2 би била: 60 м2 х 38,09 денари х 12 месеци = 27.424,.80 денари. што е скоро двојно поскапо од греењето со клима уред.
Ако се земе во предвид дека новите клима уреди со инвертер трошат барем 10% помалку струја разликата би била уште поголема. А да не зборуваме за тоа што алтернативното греење обезбедува да не го греете целиот стан кога не ви треба и да го исклучите кога сте на пат или на зимски годишен одмор, што се дополнителни заштеди.
Бидејки БЕГ најдува дека е двојно поефтин, еве му прилика да ја демантира горната анализа.
Здружението „НО ПАСАРН“ им сугерира на исклучените да не се приклучуваат а тие што сеуште користат парно веднаш да се исклучат ако сакаат да се греат двојно поефтино
OВОј текст го најдов на фејсбук и го постирам будејќи содржи пресметка колку чини затоплување на
клима
https://www.facebook.com/UaLopovi/