Ако се срамиш нема ништо да постигнеш. Напротив, ќе усереш се, и верувај, нема да сака ни да се упознаете. Ти кажувам од искуство. Сепак, мојата филозофија за вакви ситуации е, ако не се обрукаш пред оној што ти се свиѓа, пред кој друг, но, пази што праиш. Не биди многу напната, ниту многу опуштена, не биди директна, ама немој да бидеш ни индиректна. Однесувај се нормално, смирено, и ќе видиш дека текот на настаните ќе биде во твоја корист.
Знам дека е глупаво за женското да го прави првиот чекор, но очигледно се работи за срамежлив тип, па мораш ти прва да му пристапиш. Имаш милиони начини за да му почнеш муабет, исто како што (сум сигурна дека) си го напраила со други луѓе. Дали ќе му побараш цигара, ќе го прашаш нешто во врска со факс, или нешто трето е твое, ама битно е да му напраиш муабет. И возвратувај му на погледите со насмевка.
Запамти: со твоите постапки раководиш со ситуацијата. Ако ти значи, барем и малку, ќе се потрудиш околу него. За се понатаму, слободно побарај совет, па и тоа да е како да имаш поголема самодоверба.