... Постирам тука затоа што ја удавивме со оф-топик постови другана тема.
Ти прв спомна дека бракот не бил сопственост на религиозните туку имало и пред тоа бракови маж со маж па поради то требало Македонија да биде бомбардирана од НАТО и да и се воведат санкции пошо нели кај нас бракот бил само меѓу маж и жена.
Нема везе. Човекот рече бракот бил меѓу маж и жена, и јас го поправив дека историски гледано, тоа е помодерна дефиниција и дека не било така претходно.
Историски гледано во разни периоди и на разни места во светот имаме разноразни примери на брак, не се само педерите тука, има и педофилни бракови има и инцесни бракови има и полигамски бракови....
Точно е, имало разни форми на бракови. Па и меѓу смртници и бесмртници, ако веќе чукаме празна слама. Да ги викнеме боговите да пресудат ако не? Некои од нив имале бракови и со свои сестри/браќа, со малолетни смртници, и со животни, итн. Ако имаш нивен мејл, кажи, ќе склопам прашалник и ќе им го пратам да видиме нивно мислење.
Така да ако дефинираш брак, ти си требало прво да кажеш дека бакот треба историски да е слободен и отворен за секого, не само за нормалната популација туку и за педери и за педофили и за мањаци и за инцест и за хареми....кој кого сака и колкумина сака без оглед на пол возраст бројка или припадност на животински вид.
Јас си кажувам за мене. Ако некој сака да се бори за зоофилни, некрофилни, инцестоидни или педофилни права бујрум, нека си направат анон акаунт и нека си го презентираат својот случај "за" додавање и на нив во кошницата со јајца. А тоа дали јас ќе ги подржувам или не си е мое индивидуално право. Исто како што никој не те тера со сила да подржуваш геј бракови или било какви геј врски, така нити можеш мене да ми кажуваш, јас како хомосексуалец кои групи луѓе смеам или требам да ги подржувам.
То би бил еден слободоумен отворен став на еден пшедер кој ги отфрла усталените општествени наметнати норми и правила.
Вака испаѓа дека и ти осудуваш некои сексуални ненормалности шо е дволично
Не морам како педер да отфрлам било што установено од едно општество, ако не сакам. Едно општество гледа негативно на геј паради. Исто и јас. Едно општество гледа негативно и на геј бракови. Тука се спротивставувам. Нема ништо дволично во изборот на една индивидуа да бира што ќе подржи а што не. Нема дефиниција за хомосексуалец дека треба да биде една листа работи и да егзибира листа на карактеристики.
Бре бре... многу се излитени вакви „фори“ и „фазони“.. Ќе беше убаво ако користеше логика. По глупава реплика не сум видел скоро на форумов, а од тебе не ја очекував. Баш има многу логика во она што го напишав.
Според ставовите кои ги изнесуваш, не ми делува дека некој хомосексуалец си способен да го ставиш на некоја скала, па со некое излагање да те разочара па да речеш, не си очекувал такво нешто. Да не си мачкаме очи. Нити се познаваме, ни ништо. Не знам како може да те разочарам на било какво ниво.
Целта на бракот е да се родат/посвојат деца и/или одгледа семејство (не само деца како број, туку семејство). Граѓанскиот брак има правно значење, пред сé, каде се дефинирани имотните права, одговорностите, обврските, итн, итн.. за семејството, за негово што подобро функционирање и создавање на здрава средина за развој на деца и родители. (Секако дека има секакви чудаци, ама тие треба да си одговараат пред законот).
Навистина не би знаел да кажам која е целта на геј бракови, сем лична корист на поединци да добијат пензија и слично. Твоите црвени линии се исклучително само за (имотна) корист на поединци во геј браковите.
Причината што спомнав дека нема логика е затоа што мислиш дека истите принципи кои ти ги имаш како фамилијарен човек, дека секој ги дели од хетеросексуалците. Тоа не е општата дефиниција, тоа е твоја лична дефиниција за бракот. Ништо лошо во тоа, секако, но не можеш тоа да го проектираш како правило за сите. Од друга страна, нелогично ти е прашањето, о чему геј брак, како да хомосексуалец не може да биде религиозен и да сака брак на класичен начин, или како да нема исти или слични вредности и принципи кои и ти ги спомна (хинт кон фразата што ја искористи за "не само деца како број", не знам дали тоа беше некој низок удар кон моралните вредности на хомосексуалците и како ги гледаат другите луѓе, ама не беше на место, ако ради тоа беше вметната).
И не е само имотно-правна потребата за геј бракови, или еве, граѓански/цивилни унии/партнерства. Владата нуди разно разни други бенефиции и олеснувања на луѓе кои важат легално соединети во брачна заедница, има и медицински причини, социо-економски итн. Секој брак е барем делум од лична корист, ако цепкаме влакна веќе до толку. Не знам зошто поинаку гледаш на истополови бракови, но тоа повеќе говори како ги гледаш хомосексуалците како личности прво и првенствено, па ако таму мислењето не е високо, нити прилично толерантно, нормално и да не можеш да видиш потреба на геј брак. Да не си од оние што мислат дека и љубов постои само меѓу маж и жена и дека истополови врски не се базирани на љубов туку страст? Затоа што тоа ќе објасни многу за твоиве небулози.