Родригез не игра некоја значителна улога во овој тим на Реал, како што беше случај лани со Погба.
На таа позиција Зидан ги има Иско и Ковачич, за крило го има Асенсио.... а и очигледно е дека не му е по кеф на Зидан. Така до 70 мил е пристојна цифра која вреди да се разгледа...
Наполи се лопови кога е бизнис во прашање исто како и Леви, прво одредат една сума па после 1 час таа сума не важи. Па по тоа трансферот на Кулибали не ни требаше да биде предмет по кој ќе се изгубат 3 недели... после 3 понуда требаше да им биде јасно дека цел на наполи ќе биде да извлече повеќе пари.
Милан се нешто друго, спремни се за бизнис, поготово сега кога тимот им е скоро цел составен од просеци... 50 мил фунти ќе им дојде како Кока Кола во пустина.
Родригез верувам дека ќе се снајде добро во пл и Челзи, за Ромањоли ќе видиме, ми изгледа спор и физички слаб, ама добро се позиционира и чита игра.