Студирање во странство 2017

  • Креатор на темата Креатор на темата L.A
  • Време на започнување Време на започнување

L.A

Член од
19 јануари 2014
Мислења
1.695
Поени од реакции
1.019
Некој што е запознаен со оваа тема да објасни за процедурата за упис, условите и сл.

Sent from my LG-D331 using Tapatalk
 
скоро се што те интересира за студирање во европа
https://www.studyineurope.eu/
ако те интересира нешто повеже пиши, ама сум малку ограничен со знаење сум гледал опции само за скандинавија
 
Од Скандинавија ме интересира Шведска. Ако можеш да ми објасниш околу уписите и условите.

Sent from my LG-D331 using Tapatalk
 
Од Скандинавија ме интересира Шведска. Ако можеш да ми објасниш околу уписите и условите.

Sent from my LG-D331 using Tapatalk
Претпоставуваме дека немаш бугарски пасош.

Апликација за граѓани надвор од ЕУ е до 1ви декмеври 2016 за да почнеш 2017 година. При што тешко е да најдеш програма на англиски за додипломски студии, најголем дел се на шведски.
Друго стипендии речиси и да нема или пак се лимитирани на тоа да не ја плаќаш школарината на универзитетот која е различна за различни области на студирање.
Пример информатика е 135000 шведски круни (околу 13000 евра годишно).
Апликација се плаќа 100 евра и имаш право да одбереш до 4 универзитетит со неа, само на првиот ако си прифатен имаш право да бараш стипендија за ослободување од школарината, ако те прифатат пример на 2риот или 3тиот немаш таква можност (така што ако слабо стоиш со пари ич не ни помислувај прва опција да ти е некој од најпрестижните универзитети во земјата).
Трошоците за живот (стан, сметки, храна, превоз, излегување и слично ќе ти бидат околу 1000 евра +/- 100 евра (ако си непушач и ако пиеш помалку алкохол) ако пиеш повеќе па и пушиш додај си одма уште некои 300 евра.
Апликацијата треба да ја пратиш на https://www.universityadmissions.se/intl/start
преку страната иде цела апликација.
Горе доле тоа е се што би требало да те интересира, барем од она што ми текнува во моментов. Ако имаш уште нешто што те интересира слободно прашај.

Ако имаш бг пасош тогаш школарината е бесплатна секако, ама апликацијата секако си ја плаќаш. Другото е исто.
 
Фала многу за објаснувањето.
Иначе, што се предуслови за да те примат т.е какви се шансите да те примат?, гледаат на просек или што е битно за нив за да те прими токму тебе?

Sent from my LG-D331 using Tapatalk
 
Гледаат просек, гледаат мотивационо писмо, гледаат успех по натпревари и слично. Значи се гледа се. Ама за примање нема некој ептен строги критериуми, додека за стипендија па дури и онаа за да те ослободат од плаќање школарина и те како играат улога тие работи и е мн тешко да добиеш. Поготово што мкд не е во оние земји кои имаат предност за да бидат ослободени од школарина.
Само пак ќе ти потенцирам ако незнаеш шведски за додипломски студии подобро одбери друга држава. Година дена се измачував со јазикот имам Б1 положен па пак сум далеку од добар и не би се осмелил да треба да учам на него. За мастер е полесно зашто 80% од програмите се на англиски.
 
Не, не собирам информации, инаку шведскиот моментално ми е 0. Евентуално со англиски некако имам шанси да се снајдам. Како втор странски јазик речиси немам од овие што ги учев (француски). А, инаку скоро 100% знам турски.
Ти што би предложил во Европа, бидејќи еве Шведска автоматски отпаѓа спрема досегашното инфо.

Скоро во секоја држава bachelor студиите се на јазикот од земјата. Евентуално да одиш во Словенија каде ти е бесплатно и со српски би поминал (иако ќе те мачат да учиш словенски).
Друга опција ти е Словачка каде имаш стипендии од Словачка амбасада за 6 години
1 год учиш јазик и те спремаат за факултет со подготвителни курсеви
3 години бачелор
2 години мастер
Со тоа што во текот на цел тој период имаш стипендија освен ако не забушавам ептен па да ти ја прекинат (ама и таму имаме билатерален договор и е бесплатно за нас на државните универзитети)
Друго што можеш да пробаш е Норвешка, даваат доста стипендии не плаќаш школарина и слично ама си обврзан да се вратиш после тоа во матичната земја во твојот случај македонија и да останеш тука Х години без да мигрираш во друга земја за живот или работа.
Било која миграција во тој период или останување во Норвешка ќе те чини враќање на цела стипендија + камати за студентскиот кредит и слично ( и да дури и да се вратиш дел од тој кредит секако ќе треба да го вратиш ама после година или така нешто ќе можеш да најдеш работа ако се трудиш да го научиш јазикот па нема да ти е проблем)

Sent from my Nexus 7 using Tapatalk
 
Во моментов има некои земји кои целосно ги укинуваат школарините, мислам Германија беше една од нив, најверојатно за државните универзитети. Бачелор левел како што претходно беше пишано е воглавно на јазикот на земјата во која одиш, ама има исклучоци - има програми кои се на англиски само треба да се заангажираш повеќе. Франција има меѓу најниските школарини, слично како кај нас. Ако одиш во земја да учиш на друг јазик освен англиски, најпрепорачливо би било на француски или германски. Прати на факултети.мк има доста огласи, а одличен сајт за пребарување ти е www.studyportals.com . Ако бараш нешто од технички факултети, енергетика, можам да ти пишам дополнителни информации.
 
Фала многу за објаснувањата, многу ќе ми помогнат овие инфо.
А, инаку да прашам дали одредени дипломи од македонски факултети важат во Европа и Турција?

Sent from my LG-D331 using Tapatalk
 
Фала многу за објаснувањата, многу ќе ми помогнат овие инфо.
А, инаку да прашам дали одредени дипломи од македонски факултети важат во Европа и Турција?

Sent from my LG-D331 using Tapatalk
За продолжување студии сигурно важат низ повеќето земји, за работа не сум сигурен. Кај нас се студира по ЕКТС, со што студиите се скоро исти како низ европските земји.
 
Магистерски/Докторски како стојат работите?
 
Дали има некој што студирал мастер во Грац, Австрија и е во расположение да го консултирам и прашам што како ?
 
Zdravo imam edno prasanje,aplicirav na tretiot rok vo Ljubljana za studenti dodiplomski studii.Me interesira koga izvestuvaat i kako odi procesot.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom