Македонска берза

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Денес случајно се сретнав со еден кој работи во Макпетрол. Тој ми рече дека им нуделе по 400 евра за откуп за една акција и дека имало малку заинтересирани да ги продадат акциите
....паметно, уште многу порано на темава на Уништувач му реков дека малите акционери не би требело да продаваат...цената ќе расте. Не следам во детали освен спорадично овде, ама според тоа колку беше потценет Макпетрол заради политиката на раководството, за очекување беше дека ќе порасне близу до реалната. Но и таа ќе расте , ако се спастри компанијата како треба, за што сегашните мангупи дефинитивно не се способни..., сепак се само транзициони шибицари...Оние ситните акционери би било умно да ги чекаат тие времиња...:sneaky:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

A каков совет имаш за акционерите на Топлификација?

Инаку вработениот- акционер во Макпетрол ми раскажа и дека порано ги отпуштале од работа тие кои ќе ги продадат акциите
 
..стварно незнам , тие се по мутни и од Гробишта Бутел АД.... :confused:
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Денес случајно се сретнав со еден кој работи во Макпетрол. Тој ми рече дека им нуделе по 400 евра за откуп за една акција и дека имало малку заинтересирани да ги продадат акциите
Уште пред 4 години кога почна сево ова да се крчка ми нудеа по 600 евра за акција само да не ги продавам на Андреа. После се предомислија нешто и додека да дојдат на ова ниво си купуваа од берза акција по акција. Моментално лакомите проработија и сега ќе чекаат нормално и ја со нив ;) да се испокољаат Андреа и Ури па да ги дадам по што е можно повисока цена.
....паметно, уште многу порано на темава на Уништувач му реков дека малите акционери не би требело да продаваат...цената ќе расте. Не следам во детали освен спорадично овде, ама според тоа колку беше потценет Макпетрол заради политиката на раководството, за очекување беше дека ќе порасне близу до реалната. Но и таа ќе расте , ако се спастри компанијата како треба, за што сегашните мангупи дефинитивно не се способни..., сепак се само транзициони шибицари...Оние ситните акционери би било умно да ги чекаат тие времиња...:sneaky:
Така е, и јас ти потврдив дека секој паметен така би изиграл. Како што пишав погоре ако они двајца се зајадат ние ќе искористиме.

Инаку вработениот- акционер во Макпетрол ми раскажа и дека порано ги отпуштале од работа тие кои ќе ги продадат акциите
Во времето на Андреа секогаш се бркале и тоа почна откако го потпишаа колективниот договор. Најмногу бркања имаше кога цената на акциите беа у плафон и вработениот а ги продаде или го бркаа или ќе го прераспределеа у пичкусиматерину да сам си напушти (ова зборам за тие што беа долги години во Макпетрол, останатите летаа по кратка постапка) Додека кај Гавро беше сосема друга песма и Макпетрол беше фамилијарна фирма што више несмееш да направиш глупост за да не ги усрамиш роднините кои исто така беа вработени.
Нормално дека ќе го бранат. Хоените така работат, а видат ранета животиња одма менуваат страна кај предаторот за после да можат да глодаат коските !
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ТВ Телма изгледа традиционално почна постојано да се укакуе. Ова со Професорот им беше ептен долно...., а тв-истражувачот Лупевска би требело , ако има образ.., да напраи сторија , барем на нивото на оној Миленко, ако не друго заради тоа што како тврдат некои три класи е јача.....и да го испере срамот на Телма у појма си немање корпоративно право...:sneaky:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мислам дека претеравме со Макпетрол, посебно некаквава „криминална петиција “ Такво нешто не постои. Има кривична пријава Има приватна кривична тужба. Да баталиме со вакви рекла казала муабети

Оваа е тема посветена на берзата, а не за Макпетрол

А на берзата за Макпетрол се вели дека акциите денес чинат околу 25 илјади и дека денес се продадени 20 акции
http://www.mse.mk/mk/symbol/MPT
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Што има дополнително да се дебатира, мене ова ми личи на пералница за пари на некој патриот

Она што е интересно за овој 59 годишен британски државјанин е тоа што тој досега во британските трговски регистри се појавува како директор на 22 компании. Од 7 директорски места дал оставка, а во 15 случаи компаниите пропаднале. Вредноста на бизнисот во кој Васили е актуелен директор е 0 фунти, пишува во британските документи.

Прочитајте повеќе на: http://turlitava.com/koj-e-vasili-evdokimov-direktor-na-balkan-petroleum-kompanija-koja-saka-da-go-kupi-makpetrol/#ixzz4HlvVnS1P
 
хмм..имаш негде копија на оргиналните документи или и ова е цитирање на некакво виенско пејачко друштво???
..што му рипнавте бе на човеков не ми е јасно, ако има гаранција од УБС банката треба секако да се почитува тоа и истиот да се ословува со Господине. Колку знам Телма е склона на полувистини и афери... и вадење зборови од контекст , така да би почекал со донесување заклучоци :) :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Никој на никој не рипнал, а Телма си има агенда и си ја води можеби битката за преживување нешто слично како што беше со А1.

Гаранцијата од банката нема врска со муабетот, а тоа е дека некој со "матни" пари сака да превезе еден македонски гигант.
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
хмм..имаш негде копија на оргиналните документи или и ова е цитирање на некакво виенско пејачко друштво???
..што му рипнавте бе на човеков не ми е јасно, ако има гаранција од УБС банката треба секако да се почитува тоа и истиот да се ословува со Господине. Колку знам Телма е склона на полувистини и афери... и вадење зборови од контекст , така да би почекал со донесување заклучоци :) :)
https://beta.companieshouse.gov.uk/officers/hlkRzVU7omW4hpCfs3nq_w52u88/appointments
Што има врска гаранцијата, кое е потеклото на парите? Ков всушност стои за Балкан Петролеум?
 
Член од
6 јули 2016
Мислења
4
Поени од реакции
4
Во ред е да се постави прашањето кој сака да ја купи Макпетрол исто како што требаше уште пред многу години да се постави и прашањето зашто компанија како Макпетрол покажува загуби секоја година и не исплаќа дивиденда од 2009 година, а згора на тоа менаџерот добива покачување на платата и сега кога се појави некој кој ќе ја превземе компанијата за ефтини пари се крена огромна прашина зошто он бил матен, а овој менаџмент што е моментално на чело на компанијата е поматен од Вардар и ретко кој се замараше за тоа (Телма сигурно не). Битно е доколку дојде до превземање да нема отпуштање на вработени од страна на новото раководство и да се добие добра цена за акција и во тој случај има win win ситуација за сите. Во претходните денови акцијата се искачи до 25.500 што е скоро колку понудената цена од Балкан Петролеум, моментално е на 24.800 што исто така е многу блиску и мислам дека и во тие рамки ќе се движи и наредната недела, а вомоментов се зависи од КХВ и КЗК како ќе се произнесат ама како што читам тоа најверојатно нема да се случи пред септември до тогаш ќе можеме да нагаѓаме само што ќе се случува и дали некој е матен или не.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
https://beta.companieshouse.gov.uk/officers/hlkRzVU7omW4hpCfs3nq_w52u88/appointments
Што има врска гаранцијата, кое е потеклото на парите? Ков всушност стои за Балкан Петролеум?
...како бе каква врска има гаранцијата на УБС?? Тоа е респектабилна банка , ако не и една од најреспектабилните и не баш да би губел време со анализи од каде потекнуваат и на што мирисаат парите со кои русинов сака да го купува Макпетрол.Можам на невидено да тврдам дека не се ништо помалку вредни или со некое понечисто потекло од парите на газда Трифун на пример. Или парите со кои газда Андреа ги купуваше своите акции... :)
Мислам дека праиме јалови муабети. Макпетрол таков како е сега и каква судбина му крои сегашното начелство е скоро мртов коњ, гледано од перспективата на неговите мали акционери. Самата појава на купувач со чврсти намери доведе до нагол , подолго време невиден скок на вредноста на акциите и видлива општа паника на пацерите кои до сега го управуваа системот, што се заедно е доволна причина за промена на управувачката политика, а за тоа прв и најдобар чекор е промена на тимот кој го тоа упражњавал до сега.
Рускиов евреин не верувам дека би купил нешто за да го затвори. А мислам дека веќе и констатиравме овде, со добро тјунирање компанијата е ко златна кокошка....и ќе носи добра пара за сите инволвирани...
А сомњевањето дека рускиот капиталист е нешто подолен од американскиот или англискиот , е веќе навлегување во некои други муабети кои не би знаел каде би не однеле....
 
Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Едно прашање екипо: има ли БП некакви трошоци во однос на гаранцијата? Не ми е познато како работи упс, бидејќи побајаѓи време измина от ко ја зедоа гаранцијата а не се дешава ништо....а сумата е попричично голема
 
Kajgana Shop

На врв Bottom