Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Ако сака да научи canvas и javascript треба да запише предмет од типот на Интерактивни апликации, напреден веб дизајн.
Знам дека сите го земаат интернет програмирање бидеќи е лесен предмет, ама по која цена? Плаќате кредити за да слушате глупости, што никогаш у животот нема да ги употребите.

По интерактивни canvas нема , напреден веб дизајн е далеку пообемен предмет од ИП , доколку треба да бира од ИП и Системи за учење многу попаметна одлука е ИП и дај не лупај глупости кога се гледа дека не си ништо од тоа слушал само го дезинформираш колегата.
 
Како оди оценувањето? Кои се активностите? Дали лабораториските вежби се изработуваат од дома?
 
Сакам да научам х ама предметот каде што се учи х мора да биде лесен и да не биде обемен :tapp:
 
Сакам да научам х ама предметот каде што се учи х мора да биде лесеn и да не биде обемен
Никој не рече дека мора да биде лесен тоа ти си го измисли , колегата праша помеѓу Системи за учење и ИП кој е покорисен :facepalm: , јас му кажав .[DOUBLEPOST=1471111453][/DOUBLEPOST]
Како оди оценувањето? Кои се активностите? Дали лабораториските вежби се изработуваат од дома?

Да , лабораториските се изработуваат од дома , има и теоретски дел тоа е најглупата работа во предметот . На прв колоквиум се прават основни GUI апликации во Java Swing и анимации со Java Applets .Колку и да се аплетите застарена технологија ,на колоквум и на лабораториски даваат доста интересни анимации што ако не друго ќе си ја развиеш програмската логика .
На втор се учи и се полага основни работи во Javascript , Canvas и една задача со Ajax имаше мислам .
 
Последно уредено:
Како оди оценувањето? Кои се активностите? Дали лабораториските вежби се изработуваат од дома?

400 поени, со 50% се положува (по 30% минимум на колоквиум)
200 поени практично, 70 поени теорија, 50 поени лабораториски (од дома ако ги изработуваш максимум 80% од поените може да добиеш), 80 поени проект.

Вака беше пред 2 години.
Сега мислам е сменето нешто. Лабораториските ако добро слушнав ги презентирале (така што би требало и 100% да може да се добијат), ние не ги презентиравме.
 
Изработува ли некој проекти (андроид апликации) по предметот Мобилни платформи и програмирање?
 
Интересно е повремено да се прочитаат тука мислења за колегите наставници како ја држат наставата. Голема поддршка од мене што воопшто се дискутира и отворено се пишуваат коментари, без разлика дали се сложуваме или не, тоа се сепак лични мислења на авторот.

Тоа што сакав да напоменам, се следните две работи во врска со наставата кои треба да ги имате пред вид - предметите (онака како што се поставени) најчесто не се високо репрезентативни за знаењето и способноста на наставниците. Некогаш наставници добиваат предмети кои не се нивен примарен научен интерес (затоа што интересот им е некоја суб-суб-специјалност), некогаш едноставно не ни постои предмет за тоа што е нивен примарен интерес. Кај соработниците ваквите непоклопувања се уште почесто случај.

Од секого има што да се научи. Само не е секогаш лесно да се дојде до тоа во ваков систем, особено ако сте еден од 1000 студенти на предметот. Ако сакате навистина нешто да научите на повисоко ниво, можете во соработка со буквално секој од наставниците и соработниците, само е потребно да се потрудите да се запознаете подобро, да дознаете што им е главен интерес и да побарате некој проект, семинарска, задача од токму таа тематика со која активно се занимава.
 
Планирам на ИКИ да се запишам, оние кои што сте таму или веќе сте завршиле, што мислите за смерот, тежок/лесен, интересен/досаден, дали некој од другите смерови е подобар избор според вас ?
Здраво, јас сум на ИКИ, од септември трета година.Сакам да знаеш дека ИКИ заедно со КНИ важат за двете најтешки и најобемни студиски програми со тоа што во некои делови ИКИ е пообемен и потежок. Во кратки црти предноста на тој смер е тоа што ќе имаш малце поширока теориска основа пред се поради тоа што ИКИ опфаќа дел од хардверот и дигиталната електроника како и логичките кола и архитектурата и организација на компјутерот па поради тоа се одлучив за тој смер затоа што го сметам како смер кој во целина го опфаќа компјутерското инженерство. Смерот е доста интересен, посебно доколку сакаш да имаш познавања од повеќе подобласти на информатиката и компујтерското инженерство.На почетокот имаш малце физика и електротехника кои би ти дале солидна основа за понатамошно полесно и поубаво сфаќање на информатиката и компјутерското инженерство. За крај едно мало предупредување, уште на самиот старт ти е потребна релативно цврста основа и предзнаења од математика и некои основни знаења од физика и електротехника.За понатака потребно е континуираност во учењето бидејќи задолжителните предмети се релативно потешки.[DOUBLEPOST=1471284994][/DOUBLEPOST]
Кој предмет е покорисен од ИТ Системи за учење и Интернет програмирање?
Ако може некој што ги слушал да сподели искуство.
Го слушав ИТ системи за учење во трети семестар и предметот спаѓа во полесните ( сепак не толку лесен од рангот на професионални вештини, маркетинг..). Предметот е во главно интересен со тоа што професорот на моменти знае да биде малце досаден со активностите кои ги има речиси на секој час но кои се релативно лесни. Се прави игра во Unity која носи која се изработува во тим од 4ца до 5 студенти и која носи 40%. 20 % се од аудиториските вежби ( многу битно е да бидеш редовен ) и останатите 40 % се од колоквиумите кои се полагаат на е-тест. Предметот го положив со 10ка до која дојдов без многу мака бидејќи за колоквиумите учев последниот ден едно 2-3 саати а за проектот во Unity имав колека кој ми беше во тимот и кој ја знаеше добро програмата од предходно :)
 
Последно уредено:
Во прва година, дали може да се менува групата, односно дали може да си присутен и да следиш предавања,аудиториски,лабораториски со друга група во зависност поради некои други обврски? (пр. ПЕТ има 3/4 групи, дали може да ги менувам групите?)
 
Секако, јас одев кога мене ми одговараше. Доколку некој професор пушта списоци(но многу ретко барем во прва година) ти препорачувам по распоредот да се држиш по тој предмет, доколку не, слободно направи си го распоредот како тебе ти одговара. Но, за лабораториските вежби мора по терминот кој ќе го избереш.
 
Колега нема положено предмет од 1ва година и доколку не го положи сега ќе требе да го презапише по втор пат па прашува дали доколку се презапиште предмет по втор пат се идело во приватна квота, јас немам чуено за вакво правило и дека на факултетот функционира ваква пракса па дали некој знае нешто во врска со ова...?
 
Колеги кои ги познавам паднаа во приватна.
 
Во прва година, дали може да се менува групата, односно дали може да си присутен и да следиш предавања,аудиториски,лабораториски со друга група во зависност поради некои други обврски? (пр. ПЕТ има 3/4 групи, дали може да ги менувам групите?)
Секако дека можеш, ако сакаш можеш и на ФФК да отидеш на пливање никој ништо нема да ти рече.
Само е потребно да разбереш дали се пушта список за задолжително присуство кај професорот што ти е запишан во iKnow. Ако сметаш дека професорите или асистентите само ги читаат презентациите, тогаш мој совет е воопшто да не одиш, за тоа време ќе го научиш материјалот од дома.

Јас завршив со сите предмети па од изборните овие ми оставија најголем впечаток, еве некои миксови.

за Јава:
Веб програмирање(Servlets & JSP, Spring)
Електронска и моб. комерција (еБизнис)(Spring, Spring Security, Angularjs)

За .Net:
Визуелно програмирање (C#)
Интернет технологии (ако е се уште WebForms, никако!)

За PHP:
Имплементација на системи со отворен код (Програмски практикум)(php, Laravel MVC)

Дополнителни предмети кои се комбинираат со било која технологија:
Веб дизајн (html/css)
Напреден веб дизајн (html5/Canvas, SVG, JavaScript, less/sass, Bootstrap)
Кориснички интерфејси (Bootstrap)
Веб базирани системи (rdf, owl, sparql, linked data)
Интерактивни апликации (javaSwing, jQuery)

Најрелаксирачки предмет:
Компјутерска анимација (моделирање во Maya)

Жално е што на финки нема целосен предмет посветен за angularJS или knockout.js што одлично се совпаѓа со било кој MVC pattern и за градење на моќни SPAs.

p.s. Ако сакате да се запишете на Магистерски студии - Софтверско инженерство ви препорачувам како изборен предмет да го земете Напредни Интернет Технологии се учи основи на www, cookies, Java Applets :cool:

Друго, една јавна опомена до професорите/асистентите. НЕ смеете да ги давате информациите за студентите од iKnow надвор од рамките на факултетот, поточно на фирмите за регрутирање на кадар било за пракса/работа итн. БЕЗ СОГЛАСНОСТ на студентот. Доколку фирмата има потреба, ќе си побараат лично од студентот да извади уверение.
 
p.s. Ако сакате да се запишете на Магистерски студии - Софтверско инженерство ви препорачувам како изборен предмет да го земете Напредни Интернет Технологии се учи основи на www, cookies, Java Applets :cool:

Ова беше шега, така?
 
Жално е што на финки нема целосен предмет посветен за angularJS или knockout.js што одлично се совпаѓа со било кој MVC pattern и за градење на моќни SPAs.

Немора да е MVC pattern , може да е Flux pattern или Reactive pattern , разбуди се 2016 сме алоооо
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom