Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
1 мај 2014
Мислења
112
Поени од реакции
170
Мојот осврт за професорите и асистентите кои ми предавале, откако го завршив факултетов, кој се надевам дека ќе им биде од корист на сите сегашни и идни студенти за полесно да се одлучат во поглед на тоа дали да земат предмет кај нив или на чии вежби да одат (со напомена дека ова се моите лични мислења за нив, што не значи дека се општо прифатени 100%) :)

1.

-Верица Бакева-Можеби многу ќе ме демантираат, но жената за мене лично беше повеќе од ОК, принципиелна, одлично предава и максимално ангажирана за своите предмети и морам да нагласам можеби единствената која што не препишува од презентации (можеби зошто веќе ги научила напамет :) ), а за положување и давање поени на увид можеби е бауч малку и на моменти престрога, но ако сите ви попуштаат така ќе си се научите за се во иднина и тешко дека некој со врски некогаш ќе положи кај неа (тоа да не сте ни помислиле, а не пак да се обидете).

-Коста Митревски-Човекот е бизнисмен едноставно, не се замара со факултетот, далеку е од строг и одењето на предавање кај него е чисто губење време.

-Ивица Димитровски-Убаво објаснува и разбирливо, кул професор и не прави проблем доколку ви фали некој поен за положување или за повисока оценка.

-Ласко Баснарков-Закон професор, можеби забегува во усложнувањето на задачите кои ги решава, но сепак вреди да го слушате според мене.

-Александра Поповска-Митровиќ-Типката е исто така ОК во главно и не објаснува лошо, и мислам нема до толку да се ценка со вас за поен-два (како што прави Бакева) за положување или за поголема оценка.

-Томче Делев-Нема што да се каже многу за него освен дека човекот многу знае, но некако тешко му оди да го пренесе знаењето, за оценување е така-така.

-Андреја Наумоски-Ако некој треба да ве насмее, тоа е човеков :), објаснува далеку од добро и речиси се препишува од аудиториските вежби, но за давање поени ако сте пишувале барем нешто не е тежок за убедување.

-Ѓорѓи Маџаров-Можеби еден од најдобрите на факултетов за разбирливо објаснување но за поени на увид кај него малку потешко :)

-Слободан Калајџиски-Човекот е лабав ептен, убаво објаснува и мислам нема да имате проблеми кај него.

-Весна Димитрова-Полека и убаво објаснува и дава поени на увид.

-Сузана Лошковска-Жената е заглавена во 90-тите години со застарени технологии и опседната со семинарски (кои сами треба да учите како да ги направите) за кои нема шанси да ви дозволи доставување после истек на рок и за оценување е немилосрдна што значи мој совет е кај неа да не зимате предмет освен ако имате толкава желба.

-Соња Филипоска-Најискулираната жена на факултетот според мене, објаснува малку можеби пребрзо, но одлично според мене, не дави многу и во секое време е спремна да ви излезе во пресрет за било што, и исто така за оценување е супер.[DOUBLEPOST=1469711352][/DOUBLEPOST]2.

-Сашо Граматиков-Не објаснува толку лошо и во главно е фин, за на увид може и да даде некој поен ако е порасположен.

-Весна Димитриевска-Ристовска-Жената многу ја кудат, но не е толку лоша, а ако сакате да разберете нешто од кај неа треба да седите ептен напред и редовно да и одите на консултации. За поени на увид ептен ќе треба да ја убедувате.

-Иван Китановски-Човекот е ок за мене, ни многу замара, се на се некоја средина.

-Илинка Ивановска-Типката само препишува од аудиториските искрено, инаку фина е може да ви објасни на консултации и ок оценува.

Жанета Попеска-Најзакон професорка, знае да каже смеи и убаво објаснува макар што се заборава дека треба пауза меѓу часовите :) и дава по некој поен на увид, но често пати дава изврзани задачи на колоквиуми/испити.

-Петре Ламески-Човекот само за јадење мисли според многу колеги, без навреда но лошо објаснува и колку да се помине материјалот само, но за давање поени од никаде што би се рекло е цар.

-Данчо Давчев-Губење време е кај него да се оди на предавање, половина час му треба да го уклучи проекторот, а и тотално е заморен со евтини филозофии.

-Георгина Мирчева-Жената ок објаснува според мене, и до некаде разбирливо, но за давање поени на увид веројатноста е накај 0.

-Анастас Мишев-Ок лик, полека објаснува никаде не се брза човекот, можеби досаден малку (бавно минат часовите), но фер е за оценување.

-Милош Јовановиќ-Можеби малку дигнат, знае и да ги вреѓа условно речено студентите што не знаат некој основни работи, но убаво предава, ама на увид поени кај него тешко, скоро па невозможно.

-Игор Мишковски-Закон е човекот, многу брза само кога предава.

-Владимир Здравевски-Побавен и од полжав (ќе рече некој никако да ми се погоди некој со брзината) но навистина е така и досадно монотонен, за на увид ок е.

-Ристе Стојанов-Има многу знаење, но е пребрз (чисто спротивно на претходниот) како да ќе му избега нешто и за увид не е до толку лош, може да извлелете поен-два барем.

Билјана Тојтовска-Добро објаснува, но мислам дека малку се преценува, а за увид поени тешко, иритира за непотребни работи понекогаш.

-Невена Ацковска-Онака средно објаснува, ништо посебно, а поени крати на се и сешто, па сами пресудете.

-Боро Јакимовски-По изгубен човек дали има на факултетот не знам, рекордер е во каснење со објавување резултати (касни и по неколку месеци), но ок објаснува и на увид е ок.

-Панче Рибарски-По флегма човек тешко дека има, за мене лично лошо објаснува и оценува, а да не спомнувам дека касни по пола саат секој час.

-Симона Самарџиска-Чита само од презентации и една задача не решава на таблата, епа математиките од гледање од презентација не се учат, за лаб знае малку да замара и за оценување е бауч.

-Катерина Здравкова-Ок е жената, за предавање, на моменти и забавна, но страшно многу крати поени.

-Кире Триводалиев-Огромно знаење има, можеби пребрзо но ептен добро објаснува, ама за на увид е катил.

-Мирослав Мирчев-Човекот си објаснува пред нос едноставно не се ни разбира што кажува да не кажам ептен лошо, а на увид може ќе ви даде некој поен.

-Магдалена Костоска-Фина е во главно, но е брзи гонзалес за предавање, пребрз би рекол, за оценување тука некаде накај ок.

-Љупчо Коцарев-Можеби најголемиот научник на факултетов, но реално малку досаден, а за положување или за висока оценка нема да имате проблем.

*Можеби некого сум заборавил од тие што ми предавале, но доволно и се надевам дека на некого ќе му помогне ова. Ме интересира за кого ќе се согласите со мене, а за кого ќе ме демантирате. Со напомена за крај дека ова е само моето крајно објективно мислење, без намера да навредам некого.

-Благодарам за вниманието! :)
 
Член од
17 јули 2014
Мислења
67
Поени од реакции
41

Хахахах, паа се согласувам со 80-90% од кажаното.Од овие мене што ми имаат предавано еве во кратки црти: Ѓорѓи Маџаров убедливо најспремен професор и солидно објаснува, Ивица Димитровски исто многу добар и одлично објаснува, за Соња Филипоско во целост се согласувам со тебе, за Ристе Стојанов исто така, има знаење човекот но понекогаш премногу брза.Од останатите за Ласко исто така имам само пофални зборови, Владимир Трајковиќ е солиден професор, во главно добро објаснува и не се плаши да потроши време за една работа да им стане појасна на сите, Коста Митрески за електротехника во главно Ок, Андреја Наумовски има некое знање од областа на хардверот ама многу искулиран делува и не е секогаш јасен во објаснувањата, Лошковска престрога во оценување и кај неа нема продолжување на дедлајн за некоја активност, Бакева во делот за оценување шта речи..., Миле Јованов, легенда, оние што слушале ИТ системи знаат, на моменти премногу замара човекот и не знам од каде толку време има за да ги прегледа сите активности после скоро секој час но за предавање секогаш гледа тоа што го предава да го поврзе со некој реален пример и не е лош во тоа, Сашо Граматиков за предавање во главно солидно, за бодови и на увид зависи од тоа како е расположен, во главно е фин професор.Игор Трајковски од тоа малку што го имам слушано делува како професор со доста знаење и ок предава, Христина добро објаснува за бодови така-така, Тројачанец на моменти ти се чини добра, на моменти катастрофа, за бодови како-кога, Емил за бодови и увид е најдобар, многу е фер кон студентите, за Иван Китановски се согласувам со тебе, држи некоја средина, умерен асистент, со тоа што по предметот Интерактивни апликации покажуваше доста повеќе спретност и умешност при објаснувањето одколку Тројачанец.За Тенев имам слушнато дека за давање некој бод и за увид е надобар...:)
 
Член од
6 октомври 2015
Мислења
13
Поени од реакции
10
Drugari kako ide postapka za otpisuvanje od finki, t.e. da si gi podignam dokumentite za na 16ti da se upisam na drug faks. Ima li nekoj iskustvo ili znae nekoj shto se otpisuval pa da spodeli dali ide brzo ili ne. Fala
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.320
Поени од реакции
1.277
Материјали некој за Напреден веб дизајн и дали има услов за да се запише?
 
MasteR_#0

Addict
Член од
16 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
878
Некој да пренесе искуство или да каже нешто повеќе за предметите Дизајн и архитектура на софтвер и Пресметување со високи перформанси? Имав Напредно програмирање земено во 3-ти семестар па мислам да ги искомбинирам со првиов и со Конструкција на софтвер во 7-ми.
 
Член од
4 јули 2016
Мислења
3
Поени од реакции
0
Планирам на ИКИ да се запишам, оние кои што сте таму или веќе сте завршиле, што мислите за смерот, тежок/лесен, интересен/досаден, дали некој од другите смерови е подобар избор според вас ?
 
Член од
3 ноември 2014
Мислења
9
Поени од реакции
0
Ej zdravo,
na mene i na nekolku kolegi sto ke polagaat Bazi na podatoci ni treba pomos okolu eden tip na zadaci ako znae nekoj da resi i postavi i objasni bi bilo odlicno :D

eve ja :D
http://prntscr.com/c4i6cv
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
435
Поени од реакции
598
Предлог предмети каде што не се бара присуство и лаб.вежбите се изработуваат од дома?
 
Член од
13 јули 2016
Мислења
21
Поени од реакции
0
Здраво дечки, дали со завршување на студиите примена на е-технологии (240 кредити) може да се запишам на било кои магистерски студии?
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.056
Поени од реакции
7.127
Кој предмет е покорисен од ИТ Системи за учење и Интернет програмирање?
Ако може некој што ги слушал да сподели искуство.
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
435
Поени од реакции
598
Кој предмет е покорисен од ИТ Системи за учење и Интернет програмирање?
Ако може некој што ги слушал да сподели искуство.
Интернет програмирање се учи јава аплети, технологија што веќе 20 години по ред не се користи, ниту пак е поддржана од некој browser. Неможам со зборови да ти опишам колку лоша одлука ке направиш ако го запишеш предметот.
 
Член од
13 август 2016
Мислења
1
Поени од реакции
0
Ако веќе сакаш да се запишиш, веројатноста да бидеш задоволен со евентуален просек 6.00 после прва испитна сесија е скоро 99.99%. :icon_mrgr:
Тоа значи дека шансите да добиеш 6ка се 99% или многу е тешко па и 6ка да добиеш ќе бидеш задоволен?[DOUBLEPOST=1471080648][/DOUBLEPOST]
Ако веќе сакаш да се запишиш, веројатноста да бидеш задоволен со евентуален просек 6.00 после прва испитна сесија е скоро 99.99%. :icon_mrgr:
Тоа значи дека шансите да добиеш 6ка се 99% или многу е тешко па и 6ка да добиеш ќе бидеш задоволен?:sneaky:
 
The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.032
Поени од реакции
3.608
Кој предмет е покорисен од ИТ Системи за учење и Интернет програмирање?
Ако може некој што ги слушал да сподели искуство.
Сум го слушал првиов. Го запишав во трет семестар демек нешо полесно и полабаво. Не е воопшто тежок, ама малку е глуп режимот за оценување, а уште кога ќе се додаде дека немаш опција за промена на професор туку само еден единствен (Миле Јованов). Ептен досадвеше за предавања, запишвеше дали си тука, не се знаеше кога шо како, вежби срања. Материјалот теоретски беше лесен, се полагаше на е-тест со заокружување (негативни имаше) и есејски дел од 4 прашања нешо без веза од материјалот. Има практично т.е. лабараториски дел од испитот кој носи 40% и задачата е да се изработи едукативна игра во Unity со многу идиотски услови. Ако те интересира нешто поконкретно пиши ПП.

Тоа значи дека шансите да добиеш 6ка се 99% или многу е тешко па и 6ка да добиеш ќе бидеш задоволен?:sneaky:
Првото не само што не е можно туку е и премногу нелогично за да биде точно.
Вистината лежи во вториот дел од твоето мислење т.е. дека е многу тешко да дојдеш до тие 50 поени или пролазна 6ка. Зависи тоа од многу фактори, некои предмети имаш и по 3 дела и на сите 3 дела да имаш над 50%, а некој дел може да биде поделен на уште 2-3 дела на кои би се барале минимум 30%.
Значи има многу заебанции, ако не си се запишал, размисли добро дали ќе се запишеш бидејќи посветеноста кон факултетот треба да ти биде буквално со приоритет поголем од јадењето. Секако, ова не важи ако брат/сестра ти е програмер или некој што ептен ќе ти помага. Смислата на последната реченица е дека факултетот е премногу неорганизиран, со лоши материјали и важи фразата " Zasto prosto kada moze komplikovano ".
Учебници немаш, т.е. имаш на англиски со 1500+ страни, а замисли 5 предмети во семестарот да ги учиш во таков интензитет... плус тоа ги полагаш на македонски, барем 90% од студентите, евентуално ако не се одлучиш за КНИ Англиски.
 
Член од
17 јануари 2014
Мислења
95
Поени од реакции
10
Интернет програмирање се учи јава аплети, технологија што веќе 20 години по ред не се користи, ниту пак е поддржана од некој browser. Неможам со зборови да ти опишам колку лоша одлука ке направиш ако го запишеш предметот.
Кој предмет е покорисен од ИТ Системи за учење и Интернет програмирање?
Ако може некој што ги слушал да сподели искуство.
Врска нема ова , нема воопшто лоша одлука да направи , освен аплети по предметот се учи и canvas , и основни работи во javascript , така да ако треба да бираш помеѓу ИТ Системи за учење и овој дефинитивно ИП ти е попаметна одлука
 
Член од
16 мај 2016
Мислења
435
Поени од реакции
598
Врска нема ова , нема воопшто лоша одлука да направи , освен аплети по предметот се учи и canvas , и основни работи во javascript , така да ако треба да бираш помеѓу ИТ Системи за учење и овој дефинитивно ИП ти е попаметна одлука
Ако сака да научи canvas и javascript треба да запише предмет од типот на Интерактивни апликации, напреден веб дизајн.
Знам дека сите го земаат интернет програмирање бидеќи е лесен предмет, ама по која цена? Плаќате кредити за да слушате глупости, што никогаш у животот нема да ги употребите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom