Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Штета што речиси и да нема жени кои го следат подфорумов, за да се увериме дали поверуваа на твоите приказни за неограничените права кои ги имаат според тебе.

Нешто слично веќе барав од Хепта, а одговорот беше за очекување: „...земи ја таа и таа книга и читај...„.[DOUBLEPOST=1471265327][/DOUBLEPOST]
И според таа ваша ,,вистина" крокодилите и лавовите паселе трева, змиите правеле муабет со луѓе, растенијата биле создадени пред сонцето а светов е стар 8000 години. Повеќе вистина има во пепелашка.

Текстот за Пепелашка е приказна, наменета со смисла и цел, за луѓе од детска возраст.

Овде муабетиме за животно битни вистини, не за текстови и приказни. Со оглед на утопискиот карактер од Телема, Пепелашка барем има поучна улога во животот од луѓето.

Да; растенијата се створени пред Сонцето и биле храна за животните, змиите не зборувале (не ми подметнуј....), а Светов е стар 7500-8000г., како проценета старост, а не како догма.
 
Но зошто да не смее ако е нападната? Бидејќи законот вели така? Потоа ќе се грижиме за правниот закон.
Ти воопшто не разбираш или се правиш дека не разбираш што зборувам јас...
Жената има право да биде свештеничка (ова е религиозен подфорум), способна е колку и мажот! Ништо не е повеќе мажот во очите на божественото од жената!
Стравот од жената и нејзината моќ, направи стариот еон да ја узурпира таа моќ за да се префрли од Еонот на Изида, во еонот на Озирис.

Добро е што се сложуваш дека Жената може да биде што и е волја! Жената и може да се одбрани како и е волја, ќе повторам: подоцна ќе ги реши правните проблеми околу тоа. Правниот систем лесно се витка и обликува, зависи од адвокатот! ;)

Полека полека сите ќе го зборувате тоа како жената е иста со мажот и може да биде се што е мажот и повеќе и сите ќе се сложувате со тоа, бидејќи не можете поинаку - освен кај жени кои сакаат мажот да им биде над глаа.

Жените знаат што пишувам и знаат каде се немаат права заради сеуште големото влијание на стариот еон преку правните акти и останати философии на „големите мудреци, мажи“.
Жената ја охрабруваме секој што ќе и застане на патот (посебно од твоите примери) - мажот да го направи пепел, крвта да не му продолжи низ вековите!
И да, не барам жените да веруваат, дуку да знаат дека ништо и никој не може да им застане на патот... ниту богови ниту мажи - никој.

Liber Oz (правата на Човекот) е наменет за СЕКОЈ МАЖ И СЕКОЈА ЖЕНА!
Ако ти е нејасен овој текст, се потрудив да дадам мој коментар за тој памфлет, па може да го прочиташ да видиш јас како размислувам за ова.


Жената е Темел заедно со Мажот! Дрвото на Животот има два столба, кои градат трет кој дава стабилност. Немој ти мене темели и покрив и останати градежни работи. Доста со погрешно разбирање на Жената! Мора да се промени ставот кон жената што го изгради стариот еон!

И да, благодарам за информациите, ете уште еден фронт каде што може да се промени правото на жената преку правни акти, за да мажот малку си ги смири хормоните и егото :)
 
Последно уредено:
Да. Може да биде што ѝ е волја, ако гледаш дали може да биде директор, менаџер, пратеник, министер, премиер, претседател, кралица или царица (иако одредени жени тоа го можеле и порано), но забораваш една „ситница“. Ова е покривот, а куќа не се гради од покрив, туку од темел.

Кои права ги има жената во тој „темел“? Дали го има правото на неприкосновена заштита на своето семејство, својот дом и својот живот?

Дали знаеш дека ако таа твоја Жена биде нападната во својот дом (било да се работи за грабеж или сексуален напад) кои средства за одбрана ги има на располагање?

Дали знаеш дека таа нема право на граѓанско апсење, дека нема право да го задржи или врзе напаѓачот (противправно лишување од слобода) или да му нанесе физички повреди? Доколку стори било што од горенаведеното, гадот може да ја тужи и да се доведе во ситуација таа да му плати отштета за претрпен страв, па дури и кривично да одговара.

Единствено на што има право е правото на нужна одбрана, која подразбира Жената да одбие од себе или од друг истовремен противправен напад. Еден од условите на таа нужна одбрана е што нападот треба да е актуелен (истовременост помеѓу напад и одбрана) и истата одбрана по својот интензитет треба да одговара на интензитетот на нападот.

Во пракса, тоа би значело ако напаѓачот ја нападне со нож за лупење јаболка, таа твоја Жена не смее да земе сатар, а пиштол не може да употреби сè додека напаѓачот самиот не извади пиштол и пука во неа.

Скрипта за казнено право – применета програма

И како жената да се заштити себеси, своите деца, своето семејство, својот дом, својот имот? Кој механизам за заштита ѝ е на располагање, о Премудри Хептаграме?

Штета што речиси и да нема жени кои го следат подфорумов, за да се увериме дали поверуваа на твоите приказни за неограничените права кои ги имаат според тебе.
Тоа што важи за мажот важи и за жената, истите закони, истите правила. Никаде во законите нема да најдеш дека жената мора да молчи и да му биде покорна на мажот. Колку и да сакаш да го извртиш тоа неможеш! Денеска жената е рамноправна со мажот! Може да подучува, да има власт, да гради кариера, да биде се што и еден маж. Вашите религии и го ускратуваат тоа право и ја сведуваат на пониско ниво, ја сведуваат да биде покорна и послушна и под авторитет на мажот.
 
Последно уредено:
Епа може, ама за тоа е потребно искуство, лично ангажирање и увид во сопствената суштина, бидејќи таа - суштината на човекот е ,,образот" според кој човекот е создаден. Со фантазирање и верување во прикаски и басни, не се постигнува ништо, освен правење будала од себе. Нешто кое ти единствено знаеш да го правиш.

Црквата изобилува со Богоносни поедицни, кои го достигнале степенот на Боговидство, што со својот подвиг, што по милоста Божја.

Наведи еден Телемит кој Го достигнал Бога, да видиме како тоа го сторил и ќе го споредиме со Светиите.
 
Текстот за Пепелашка е приказна, наменета со смисла и цел, за луѓе од детска возраст.

Овде муабетиме за животно битни вистини, не за текстови и приказни. Со оглед на утопискиот карактер од Телема, Пепелашка барем има поучна улога во животот од луѓето.

Да; растенијата се створени пред Сонцето и биле храна за животните, змиите не зборувале (не ми подметнуј....), а Светов е стар 7500-8000г., како проценета старост, а не како догма.
Пепелашка има милион пати повеќе логика од тоа дека крокодили и лавови паселе трева, змија што комуницирала со луѓе, девици што раѓале, растенија што се постари од сонцето и остали фантазии и глупости.
 
Единствениот начин да Знаеш е искуството а тоа не се добива со верување, туку преку осознавање. Врувањето без Разбирање е еднакво на расипан телефон, каде верникот нема начин да дознае дали тоа во кое верува е вистина, па затоа му се подметнува лагата дека мора да се плаши и да стравува од Богот кој нели бил љубов.

Миљон пати имам напишано дека верата не е испразна философија, туку е проверлива категорија, односно верата е начин на живеење.

Разбира се, можеш понатаму да верглаш за нешта кои не сум ги напишал, а за кои мислиш дека се мој став.[DOUBLEPOST=1471265661][/DOUBLEPOST]
Пепелашка има милион пати повеќе логика од тоа дека крокодили и лавови паселе трева, змија што комуницирала со луѓе, девици што раѓале, растенија што се постари од сонцето и остали фантазии и глупости.

За фантазерите, се‘ има логика, дури и невозможните нешта.
За Бога, се‘ е можно.
 
Миљон пати имам напишано дека верата не е испразна философија, туку е проверлива категорија, односно верата е начин на живеење.

Разбира се, можеш понатаму да верглаш за нешта кои не сум ги напишал, а за кои мислиш дека се мој став.
Ај кажи ми како да проверам дали растенијата се постари од сонцето, дали крокодилите паселе трева, дали девица може да роди, дали вода може да се претвори во вино?[DOUBLEPOST=1471265800][/DOUBLEPOST]
За фантазерите, се‘ има логика, дури и невозможните нешта.
Ти си постојано потсетување за тоа.
 
@121314, ете извадок од Liber Oz - Мои кратки коментари

„Гледано од денешна перспектива, не гледам дека човекот е ослободен од моралните, етичките, политичките и економските пранги со кои самиот се затвора.
Сеуште насекаде по светот, па и во Македонија – човекот не е слободен и нема права. Не зборувам тука за некакви правни закони со кои му се дозволуваат или одземаат некакви права на поединецот. Зборувам за одземање права на една индивидуа од страна на друга или група на индивидуи.

Тоа „одземање права“ не мора да биде дирекнто надворешно дејствување за да Ве попречи некој да не бидете тоа што Ви е волја и природа.

Многу полошо е да Ве убедат дека Вашето право да ја извршувате својата волја и никоја друга, да мислите со своја глава, да љубите како сакате и кого сакате е погрешно и штетно за опшеството од кое сте секако и самиот дел.“

Знам што споделуваш, одамна сум дал коментар за тоа на мојот блог.
 
Ај кажи ми како да проверам дали растенијата се постари од сонцето, дали крокодилите паселе трева, дали девица може да роди, дали вода може да се претвори во вино?

Може; со вера.

Со вера во Бога, со доверба во Црквата, со личен и колективен духовен опит.[DOUBLEPOST=1471268079][/DOUBLEPOST]
Ти си постојано потсетување за тоа.

Имаш цела тема за фантазерите; се вика „Законот на Телема„.
 
Може; со вера.

Со вера во Бога, со доверба во Црквата, со личен и колективен духовен опит.
Како? Кој е тој личен и духовен колективен опит? Ете сакам конкретно да проверам дали крокодилите паселе трева и дали растенијата се постари од сонцето! Објасни чекор по чекор како да се проверат овие две нешта.
Имаш цела тема за фантазерите; се вика „Законот на Телема„.
Тешка глупост. Телемата нема догми и не бара пд никого да верува слепо во било што.
 
Како? Кој е тој личен и духовен колективен опит? Ете сакам конкретно да проверам дали крокодилите паселе трева и дали растенијата се постари од сонцето! Објасни чекор по чекор како да се проверат овие две нешта.

Тоа е духовниот опит на обожението, при што обожената личност ја прима благодатната енергија Божја, состојба при која Духот Свет се вселува во срцето од обожениот лик и кога практично Духот Свет му пренесува знаење на обожениот лик.

Тоа знаење е едно и исто, непроменето и вистинито од почетокот од Светов.

Практична проверка на состојбата од почетниот Рај е невозможна. Преостанува само да веруваме во знаењето кое сам Бог ни го открива, преку Писмото и преку Црквата.[DOUBLEPOST=1471269439][/DOUBLEPOST]
Тешка глупост. Телемата нема догми и не бара пд никого да верува слепо во било што.

Телемата нема ништо а камо ли догми...

Лагата сама по себе нема своја створеност и нема своја суштина па последично, иста таква е и Телемата.
 
Практична проверка на состојбата од почетниот Рај е невозможна. Преостанува само да веруваме во знаењето кое сам Бог ни го открива, преку Писмото и преку Црквата.
Миљон пати имам напишано дека верата не е испразна философија, туку е проверлива категорија
Може; со вера.

Со вера во Бога, со доверба во Црквата, со личен и колективен духовен опит.
Телемата нема ништо а камо ли догми...

Лагата сама по себе нема своја створеност и нема своја суштина па последично, иста таква е и Телемата.
Телемата е преголем залак за твојот испран ум. Кој лаже лесно се гледа погоре, се што треба е само да се споредат твоите постови.
 
Последно уредено:
Телемата е преголем залак за твојот испран ум.

Телемата навистина е тешка за разбирање; во неа, нема што да се разбере, а да не се воочи дека е испразно философирање, створено од поединци со најблаго речено, недоличен начин на битистивање.

Но, како што велиме во Црквата: дух со дух се препознава.[DOUBLEPOST=1471272674][/DOUBLEPOST]
Кој лаже лесно се гледа погоре, се што треба е само да се споредат твоите постови.

Твоите монтажи од моите постови, зад кои стојам, се сами по себе показател за твоето неразбирање на истите; монтажата е произволна, извадена од различни контексти, од кои самиот си „крпиш„ дополнително самооправдување за своите тековни убедувања.
 
Телемата навистина е тешка за разбирање; во неа, нема што да се разбере, а да не се воочи дека е испразно философирање, створено од поединци со најблаго речено, недоличен начин на битистивање.

Но, како што велиме во Црквата: дух со дух се препознава.
Телемата е систем кој ти ниту го познаваш ниту го разбираш, ниту имаш намера да го разбереш. Спрема тоа, твоите очајни клевети и лаги за неа, ќе останат токму тоа - клевети и лаги. Без разлика колку ќе верглаш, дрндаш и тролаш.
Твоите монтажи од моите постови, зад кои стојам, се сами по себе показател за твоето неразбирање на истите; монтажата е произволна, извадена од различни контексти, од кои самиот си „крпиш„ дополнително самооправдување за своите тековни убедувања.
Нема никакви монтажи, секој може да кликне и да оди до оргиналниот пост. Првин кажа дека верата можела да се провери преку колективен и личен опит, потоа кажа дека практична приверка била невозможна. Тоа се твои зборови, твои постови, ништо не сум додал ниту монтирал.
 
@Ipsissimus - зарем очекуваш од @MIKI1 да види нешто повеќе после овие последни изјави? :)
За него Телемата е „ново пакување од Едемската градина, кога Змијата ја излажа Жената“. :)
А всушност Жената е онаа храбрата која помина преку Смртта за да донесе ново знаење за Човештвото. :)
Првиот иницијант, па сега во еонот на Озирис, не: мажот е подобар од жената.

„Тоа е духовниот опит на обожението, при што обожената личност ја прима благодатната енергија Божја, состојба при која Духот Свет се вселува во срцето од обожениот лик и кога практично Духот Свет му пренесува знаење на обожениот лик.“
- @MIKI1

Ова ќе му дојде како инвокација? Обожувањето повлекува инвокација, призив на божественото - инаку напразно обожувањето ;)

Светиот дух практично на ниту еден мирјанин не пренел ново знаење ниту сега, ниту било кога во минатото! Треба да се знае дека со молење ниту еден дух не се заморува со човекот, не пак Светиот дух...
Молете и видете што ќе добиете!

Се е тоа гола вода и прераскажување текстови од „светите отци“.
Ама и тоа е нешто...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom