Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Ти веруваш дека сето ова е вака како што го глаголаш.

И претходно зборував за Адам и Ева, и за хебрејскиот закон, малку наназад и дека секташки го толкуваш хебрејскиот закон, како и секој христијанин - не можам постојано да се навраќаме на едно исто и пак истиот муабет да оди.

Ете за тоа зборувам јас: стариот еон премногу создава непријатели со тоа што „светите ти отци“ се ставија во улога на апсолутни познавачи на светот и во својата заблуда го поставија новото толкување на хебрејскиот закон како апсолутна вистна темелена на верување преку која за сите кои што нема да ни го прифатат толкувањето ќе им велиме „вие сте лагата“ :)

Но добро велиш, треба да се разобличи стариот еон и како ги заробува луѓето да не можат да бидат тоа што навистина можат да бидат и да ги извадиме од калта на стравот на умирачките богови со нивните закани и забрани.

Ти велам јас ти не ја познаваш жената затоа ти требаа прастари текстови, некој да ти ги толкува, тебе да ти се допаднат за да веруваш дека тоа е таа апсолутна вистина и за жената и за слободата и за гревот.

Цело време зборуваме едно та исто, а лагата и вистината ете ги онаму служат амброзија на боговите и уживаат... ;)

П.С. Добро е што немаме иста ментална „склопка“, инаку ќе бев заглавен на Земјата и нејзината сенка...
[DOUBLEPOST=1471248618][/DOUBLEPOST]
Никој ништо не те принудува.
Што треба за да не работиш 10 часа?
И да земаш плата од 700 евра за да ете ти бидеш слободен? :)

Колку од тие што работата 10 часа за 10 000 денари трчаат во црква да се молат за подобро утре и тоа им е мантрата до крајот на животот, без да пробаат да променат нешто, да научат нешто повеќе, да откријат што можат повеќе во овој нивни живот?
Сакаш и неспособните и мрзливите и оние кои не го прифатиле новиот еон со новите правила на игра - да добијат нешто повеќе?
Како?

Не зборувај глупости...
Новиот еон не е тука да ги спасува сите, не е ова проклетата надеж на стариот еон!

И што тоа има со новиот еон? Не може туку така да бидеш слободен и да знаеш за љубовта. Мора да работиш за да се ослободиш, да се надминеш. Нешто да промени индивидуата.

Седете во калта на философијата на стариот еон и зборувајте за новиот еон :)
Браво!
 
Последно уредено:
Не се никакви исклучоци.Љугето имаат илузија дека се слободни!Која е таа слобода ако си принуден да работиш 10 сати за да опстаниш!?Се е тоа илузија,човештвото е заробено во еден нихилистичко-материјалистички систем.За љубов воопшто не станува збор,човек на човека му е волк.
Направи споредба со било кој друг период во историјата, и ќе видиш дека денеска луѓето жибеат најслободно и најквалитетно во споредба со било кој друг период од минатото. За време на феудалниот период, работниците биле сопственост, дел од имотот на феудалците, во буквална смисла! Човекови права како поим, идеја и правен механизам не постоеле, исто како и здрастврна и социјална заштита. Просечен животен век бил 40 години (сега е 70 и се зголемува), робството било секојдневие, од глад секојдневно умирале илјадници, најобична инфекција можела да те убие, ако си сакал да патуваш, ќе ти требале неколку дена за да поминеш 100 километри, образование било привилегија на одбраните, за ,,погрешно верување" си можел да бидеш жив спален итн, итн.

Вие сакате утопија, каде нема проблеми и каде тече мед и млеко! Секогаш ќе постојат проблеми, но поентата е дека денеска во споредба со минатото, човештвото е далеку поквалитетно. Денеска имаш далеку поголем избор и слобода да одлучуваш што ќе правиш со својот живот одколку пред неколку векови, тоа е факт.
 
П.С. Добро е што немаме иста ментална „склопка“, инаку ќе бев заглавен на Земјата и нејзината сенка...

Стрпи се уште некој ден; ќе почнат струшките вечери на поезијата.[DOUBLEPOST=1471251797][/DOUBLEPOST]
Ти велам јас ти не ја познаваш жената

А ти си стручњак за жената, нели...:icon_lol:
Особено во афирмацијата не нејзината огревовеност.
 
Последно уредено од модератор:
Ти ми велиш дека добро велиш, а христијанин :)

Треба да се запознаеш со Телема, да ја разобличиш според твојата интелегенција и способност, да видиш што значи тој Закон, но ти упорно на секој му го туркаш под нос христијанскиот сулфур со кој се плашат мали деца и нормално, „бедните по дух“.
Знаеме, ќе гориме сите бидејќи свесно не сакаме да бидеме христијани и бедни по дух, и Иса кој што е страдалник, далеку од Асар, според вас, ќе биде Асар Одмаздник - а не судија како што си пишува во египетските писанија.
Но што знам јас, христијаните ја знаат апсолутната вистина: или христијанин и рај или против „живиот бог“ и во пекол.
На тоа се сведува се. Проклет страв и беазрбетност за да се учи и работи за да се биде подобар.

И да, за да ти биде појасно, а и на многумина други: не можеш да ја разоткриеш Телемата за себе со тоа што ќе ја гледаш преку учењата на стариот еон!

 
Бесцелно глаголаш за жената кога не ја разбираш истата!

Надлежните одлучија да ја облечат скулптурата по реакциите на голем број женски невладини организации, кои реагирале дека не доликува среде центарот да стои гол исправен маж, независно што станува збор за скулптура

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=EBAFB3F1EFB48644AA401FFA6ACC2377

Каj беа тие голем број женски невладини организации да реагираат за следново:

Секоја четврта жена во Македонија е жртва на семејно насилство ...

Oбјасни ми зошто за ова не извршија притисок за Владата која ќе ја гарантира нивната безбедност и која насилниците ќе ги смести в затвор, како што реагираа за гаќите на Прометеј, кога еве ти ја разбираш Жената.
 
Но што знам јас, христијаните ја знаат апсолутната вистина: или христијанин и рај или против „живиот бог“ и во пекол.

Не ги измрдувај рабоќево; да се биде рисјанин не е исто што автоматски влез во Рајот.

Судот важи и за рисјаните исто како и за нерисјаните.[DOUBLEPOST=1471253584][/DOUBLEPOST]
Проклет страв и беазрбетност за да се учи и работи за да се биде подобар.

Стравот Божји е почеток на секоја мудрост.

Спореди го напишаново со Телемитската гордост...[DOUBLEPOST=1471253679][/DOUBLEPOST]
И да, за да ти биде појасно, а и на многумина други: не можеш да ја разоткриеш Телемата за себе со тоа што ќе ја гледаш преку учењата на стариот еон!

Иначе, патем кажано, ти, со што ја споредуваш Телемата?
Ваљда не ја споредуваш со самата себе? Или?...
 
Рисјанска логика - Бог е љубов, ама почеток на мудроста е страв од Бог......кој е љубов! :pos::pos::pos:
 
Ја препознавам, оти е веќе стара и бајата, ама препакувана, за да изгледа тазе и нова, попут баба, која прави „лифтинзи„ на лицето, за да изгледа како пубертетлијка.

За да ја препознаам Телемата како исконска лага, ја користам објавената вистина, како референца за споредување и одредување на “што е што„.

Таква рефернеца ти и твоите немате па ви преостанува да ја споредувате Телемата со самата себе.
Твојата ,,референца" е ,,расипан телефон" кој трае неколку илјади години. Туѓи сведоштва и искуства, лепени, сечени и монтирани што некој ви ги претставил како апсолутна вистина и вие тоа сте си го врзале во крпче. И во таа своја заблуда, трчате да судите како другите биле грешни биле лажни и што уште не!
Телемата е систем каде секој самиот има можност да го осознае божественото преку методи и системи што не се темелат на жими мајка, туку на конкретни искуства. Ние не веруваме, ние осознаваме! И сега некој испран мозок како тебе ќе се повикува на неговата ,,референца" според која крокодилите и лавовите паселе трева пред да почнат да убиваат други животни, затоа што Ева ,,згрешила" здобивајќи се со сознание за добро и зло.
 
Твојата ,,референца" е ,,расипан телефон" кој трае неколку илјади години. Туѓи сведоштва и искуства, лепени, сечени и монтирани што некој

Мојата референца е вистината, која е иста и непроменета од создавањето на Светов.

Ти и твоите сте надвор од вистината па затоа немате ориентир за поимите „вистина„ и „лага„.[DOUBLEPOST=1471258292][/DOUBLEPOST]
Телемата е систем каде секој самиот има можност да го осознае божественото преку методи и системи што не се темелат на жими мајка, туку на конкретни искуства.

Да можеше секој сам да го осознае божественото, по своја моќ и сила, Бог немаше да стане Човек.[DOUBLEPOST=1471258382][/DOUBLEPOST]
Ние не веруваме, ние осознаваме!

...со што ја потврдувате својата егоцентричност, каде секој сам за себе може да стане бог и референца во вистината-во онаа неговата.
 
Не, не важи за другите, тоа е големата лага и надеж на оние што сеуште се во стариот еон.
Ти веруваш дека твојот Иса ќе им суди на муслиманите?
Муслиманите веруваат дека Аллах ќе ти суди тебе?
Кај ви е крајот... верувај си, имај надеж, ќе умреш ќе дознаеш!
Така?

Не може твојот бог или било кој друг бог, во кој што веруваш(не знаеш дали постои реално бидејќи нели имаш мал милион причини зошто не можеш да го видиш, читај оправдувања) и кој што за мене не постои како сила која може било што да направи за мене ниту против мене да ме суди или наградува за било што...
Не сум дојден тука на Земјата за да твоите „свети отци“ ме заморуваат со нивно разбирање на светот од пред 1000 години...
Не бидува тоа така денес...

Стравот од богот води кон стерилност. Доста со тој страв од боговите! И реков: христијанско толкување на хебрејскиот закон е секташко учење! Ставете пепел на таквото толкување.
Ако ти е толку дојдено до хебресјкиот закон, има кај да го учиш. Не мора „свети отци“ да слушаш.

Ако го споредиш Законот на Телема со христијанство и нивниот „закон“ од стариот еон - ништо нема да добиеш. Знаеш зошто? Мислам дека не знаеш, а јас не мислам да ти кажам бидејќи така нема да сакаш да истражуваш за Телема.

И замисли да е точно како што велиш: да има врска Телема со Адам и Ева и Змијата, бидејќи ако е така, тогаш Иса и Законот на Телема постојат од самиот почеток, како што знаете вие да си философирате за Таткото и Синот и нивната заемна врска. :)

Логосот ќе испадне е Законот на Телема, само предаван во правилни интервали на човештвото, според стадиумот на развој!
Затоа и Синот стана месо и крв, ама следбениците ја закопаа целата работа под нивните интереси и волја за моќ искривувајќи го законот кој што не го разбраа...
Дури и си додадоа во законот забрана и казна: нема да има други пророци, од страв да не им избега сето она што лажно го протолкуваа и предадоа на простата раја.
Гнаси!


Ова е веќе интересна теорија, но ќе треба да го скокнеме христијанството и да се свртиме кон хебрејските мудрости, бидејќи од таму започна пишаниот збор за боговите за кои глаголаме денес, тука.

П.С.
Спореди Ислам и Христијанство, е тука е интересна битката. Сешто има... :)
 
ооок :)
Ти најде да ми зборуваш за интелегенција, не разбираш 80% од она што ти се зборува, заглавен во своето верување, убеден дека тој верува најдобро! :)

Јас те прашувам кои богови од стариот еон ќе судат, бидејќи имаме различни концепти на богови поврзани со различни ритуали, различни обожувања...

Во новиот еон тие концепти се избришани, немаат моќ ниту луѓето на земјата од стариот еон, ниту пак боговите во однос на божествените работи. Затоа ќе има лудости уште малку од вашите мирјани, и муслимани и христијани!

И замисли да е точно како што велиш: да има врска Телема со Адам и Ева и Змијата, бидејќи ако е така, тогаш Иса и Законот на Телема постојат од самиот почеток, како што знаете вие да си философирате за Таткото и Синот и нивната заемна врска. :)

Логосот ќе испадне е Законот на Телема, само предаван во правилни интервали на човештвото, според стадиумот на развој!
Затоа и Синот стана месо и крв, ама следбениците ја закопаа целата работа под нивните интереси и волја за моќ искривувајќи го законот кој што не го разбраа...
Дури и си додадоа во законот забрана и казна: нема да има други пророци, од страв да не им избега сето она што лажно го протолкуваа и предадоа на простата раја.
Гнаси!


Ова е веќе интересна теорија, но ќе треба да го скокнеме христијанството и да се свртиме кон хебрејските мудрости, бидејќи од таму започна пишаниот збор за боговите за кои глаголаме денес, тука.

П.С.
Кога веќе религиозна личност ќе почне премногу да ми зборува за тоа што важи а што не од една религија за луѓето, го сметам за фанатизам и одстапувам од понатамошна расправа бидејќи нема што да се расправа.
„да има, да нема, верувам, ти грешиш, ќе гориш“ не е расправа. Туку фанатичко повторување на едно та исто.

Ти беше и човекот што вели дека ако слушне глас што ќе му каже да убие овој или оној - ќе го направи тоа во името на богот, некако не ми изгледа тоа за нормално ако човекот е со пресметлив ум.

Доста расправа со тебе за религиите, ти не ги познаваш религиите, ти ги осудуваш истите за да се оправдаш пред богот од кој што се плашиш како овца пред волк.
Терај магарето, по втор пат. Се надевам и последен пат ќе ти го велам ова :)
 
Јас те прашувам кои богови од стариот еон ќе судат, бидејќи имаме различни концепти на богови поврзани со различни ритуали, различни обожувања...

Ќе ни суди живиот Бог и праведниот Судија, на сите човечки битија, небитно од времето во кое живееле.

Судот ќе биде праведен, непристрасен, според верата и делата од секого од нас, без адвокати, без бранители, без помилувања, без попуштање.

Задоволен си?
Не...[DOUBLEPOST=1471260033][/DOUBLEPOST]
Во новиот еон

..кој никако да започне, а кој низ истирјата е повеќе пати најавуван, све ќе биде поинаку, така?...:icon_lol:

Само треба да се стрпиме и да ја причекаме светлата будуќност...[DOUBLEPOST=1471260132][/DOUBLEPOST]
Ти беше и човекот што вели дека ако слушне глас што ќе му каже да убие овој или оној - ќе го направи тоа во името на богот, некако не ми изгледа тоа за нормално ако човекот е со пресметлив ум.

А ти беше на нашата „пивска„ средба кога искажав таква спремност , така?

Не, не беше...

Што друго ти преостанува, освен „рекла-кажала„.
 
Ахам, right :)
Не знам и јас што расправам со тебе воопшто... :unsure:
Да се стрпиме, да веруваме, надеж, благиот бог... НЕ може повеќе така за луѓето.

И пак христијанско толкување на хебрејскиот закон. :confused:
Секти нели рековме не сакаме.
Нели рековме дека вистинската религија нема секти...
Ти веруваш дека ќе има суд... не е нормално да зборуваш за било што во врска со боговите кога ништо не си видел од сето тоа. Како можеш верувањето да го поистоветуваш со реалност? И тоа реалност која ја наметнуваш на други?
Како? Мислам, дали разбираш што е проблемот кај христијанството и исламот?

Како да бидам задоволен кога не кажа кој бог ќе суди?
Хебрејскиот е живиот Бог, праведниот Судија!
Христијаните го искасапија и си додадоа свои толкувања на тоа учење... и нормално, ги окривија хебреите дека поима немаат од својот закон! (y)

Аллах што ќе прави?
Не беше и тој жив Бог од стариот еон?
Имаме конфликт на интереси, а тие се решаваат со борба!

Се е поинаку денес, тоа што ти се држиш преплашен за гранче наречено христијанство, и преку тоа христијанство мене ми велиш Телемата е ова и ова.. без да имаш волја да видиш друго - е твој проблем.

Излези од пештерата, види светлина, не биди роб, рече Телемит на христијанин и остана жив :D

„Одбивајќи го Законот, се ставаш себе си надвор од неговите ограничувањa. Тоа е законот на Исус Христос, или подобро Гностичката традиција на која легендата за Христос е деградација, кој се обиде да подучува; но приближно секој збор што тој го кажал бил погрешно интерпретиран и искривен од неговите непријатели, посебно од оние кои се нарекувале негови ученици. Во секој случај Еонот не беше созреан за Законот на Слободата. “
--- Еквинокс на Боговите

Гледаш? Ти велам јас има нешто Волјата и Исус, ама не, ти премногу веруваш, малку знаеш за светот. ;)

П.С.
Крв мора да тече за последен пат кон боговите, по се изгледа... не знам, не ги разбирам до толку оние кои управуваат со универзумот - но идејата за еден концепт на божественост, многу религии, многу „вистини“ кои на се велат лага води кон конфликт :)[DOUBLEPOST=1471260955][/DOUBLEPOST]
Колку што светлината има заедничко со темнината, толку и Исламот има со рисјанството.
Хм :)
Имаат заедничко имаат ;) Толку ти разбираш и светлина и темнина и ислам... христијанството е светилникот поставен на гребен со остри карпи наоколу, под кој што седат сирени кои ги намамуваат „бедните по дух“! Така вели сказната :)
 
Последно уредено:
Бог Е љубов.

Жена. Големиот страв на стариот еон од Жената!

Жената денес може да биде што и е волја и ниту еден бог или религиозно учење, во никој случај маж, нема никогаш повеќе да и забрани на жената да биде нешто друго од она што таа решила да биде, со сите последици што следуваат од нејзината одлука.
Жената ја има моќта над сите богови.

Да. Може да биде што ѝ е волја, ако гледаш дали може да биде директор, менаџер, пратеник, министер, премиер, претседател, кралица или царица (иако одредени жени тоа го можеле и порано), но забораваш една „ситница“. Ова е покривот, а куќа не се гради од покрив, туку од темел.

Кои права ги има жената во тој „темел“? Дали го има правото на неприкосновена заштита на своето семејство, својот дом и својот живот?

Дали знаеш дека ако таа твоја Жена биде нападната во својот дом (било да се работи за грабеж или сексуален напад) кои средства за одбрана ги има на располагање?

Дали знаеш дека таа нема право на граѓанско апсење, дека нема право да го задржи или врзе напаѓачот (противправно лишување од слобода) или да му нанесе физички повреди? Доколку стори било што од горенаведеното, гадот може да ја тужи и да се доведе во ситуација таа да му плати отштета за претрпен страв, па дури и кривично да одговара.

Единствено на што има право е правото на нужна одбрана, која подразбира Жената да одбие од себе или од друг истовремен противправен напад. Еден од условите на таа нужна одбрана е што нападот треба да е актуелен (истовременост помеѓу напад и одбрана) и истата одбрана по својот интензитет треба да одговара на интензитетот на нападот.

Во пракса, тоа би значело ако напаѓачот ја нападне со нож за лупење јаболка, таа твоја Жена не смее да земе сатар, а пиштол не може да употреби сè додека напаѓачот самиот не извади пиштол и пука во неа.

Скрипта за казнено право – применета програма

И како жената да се заштити себеси, своите деца, своето семејство, својот дом, својот имот? Кој механизам за заштита ѝ е на располагање, о Премудри Хептаграме?

Штета што речиси и да нема жени кои го следат подфорумов, за да се увериме дали поверуваа на твоите приказни за неограничените права кои ги имаат според тебе.
 
Мојата референца е вистината, која е иста и непроменета од создавањето на Светов.

Ти и твоите сте надвор од вистината па затоа немате ориентир за поимите „вистина„ и „лага„.
И според таа ваша ,,вистина" крокодилите и лавовите паселе трева, змиите правеле муабет со луѓе, растенијата биле создадени пред сонцето а светов е стар 8000 години. Повеќе вистина има во пепелашка.
Да можеше секој сам да го осознае божественото, по своја моќ и сила, Бог немаше да стане Човек.
Епа може, ама за тоа е потребно искуство, лично ангажирање и увид во сопствената суштина, бидејќи таа - суштината на човекот е ,,образот" според кој човекот е создаден. Со фантазирање и верување во прикаски и басни, не се постигнува ништо, освен правење будала од себе. Нешто кое ти единствено знаеш да го правиш.
...со што ја потврдувате својата егоцентричност, каде секој сам за себе може да стане бог и референца во вистината-во онаа неговата.
Единствениот начин да Знаеш е искуството а тоа не се добива со верување, туку преку осознавање. Врувањето без Разбирање е еднакво на расипан телефон, каде верникот нема начин да дознае дали тоа во кое верува е вистина, па затоа му се подметнува лагата дека мора да се плаши и да стравува од Богот кој нели бил љубов.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom