Пливање на ОИ Рио 2016

  • Креатор на темата Креатор на темата ColdSky
  • Време на започнување Време на започнување
Можеше комотно и да испие кафенце, каква доминација и во штафетата :D
 
Ова е маж и на Катинка и нејзин тренер, кога го собори рекордот на 200 мешано на Ариана Кукос прошлото лето, типот го истетовира времето на подлактицата :) Сигурно и после ЛОИ ќе смислат некоја заебанција. Појак брачен пар здравје.

10391849_1081415105265797_2926807623356192578_n.jpg


За Фелпс се излишни сите зборови, 15 години веќе се збори, нема нешто што не е кажано :toe:
 
Оваа Пелегрини која расипикуќа е само :icon_lol: ај да завршат ивентиве ќе пишам надолго :D добри се за сега финалињава пливање, освен Катинка што ги остави 10 метра некни, другото израмнето.
 
Единствен што можеше да се спротистави на Фелпс беше Чавич..се другото е ..ни до колена
 
Нашава Богдановски се пласираше во финале, со тоа што заврши 3та во квалификационата група?
 
Нашава Богдановски се пласираше во финале, со тоа што заврши 3та во квалификационата група?

фросе објасни страна- две претходно како одат тие работи. Не се гледа кое место завршила у група туку времето. 33 од 42 беше.
 
Марко Блажевски 2.02.54, претпоследен во неговата група, ама нов државен рекорд.
 
Браво за Блажевски, го поправи рекордот за повеќе од секунда.

И тој и Богданоска извадија максимум од своите можности и тоа е се што може да се бара од еден спортист.
 
Надминување себеси се џвака, секако. Марко после ова прекинува со пливање, толку беше.
 
Пуштете го интервјуто на Богдановски кое го даде за спортклуб, да видите што се вика да не знаеш да склопиш сложена реченица, да немаш прочитано една книга и да имаш 20 зборови во фондот. Жал ми е кога ги гледам спортистиве наши ( повеќето) не знаат интервју да дадат и тоа на македонски јазик. А капа доле за тоа како плива Богдановски.

Sent from my SM-G900F using Tapatalk
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom