Вонредна состојба: Поплави во Скопје-Тетово

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување
Епа еве сега знаеш, зашто сето ова баш од капки дожд се деси.
Немаш допирна точка со реалноста и тоа е тоа. Некои работи едноставно се случуваат и не може да бидат спречени, а обичен дожд не формира цунами бран кој се движи со брзина поголема од 50-60 км на час. Пример ти давам, има луѓе кои се имаат удавено во подрум додека спасувале намирници а просторијата во која биле се има наполнето за неполни 5 секунди до плафон. Дожд не превртува камиони и коли, не руши куќи и ѕидови.
 
Не знаев дека луѓето се удавиле од капките дожд, не знаев дека капки дожд можат да откорнат асвалт да превртуваат коли и да рушат куќи на врв на планина.
Кажими ти мене дали секое невреме ќе е проследено со поплави и жртви? дали пред секој дожд треба да седиме со куферите враце за бегство?
 
Немаш допирна точка со реалноста и тоа е тоа. Некои работи едноставно се случуваат и не може да бидат спречени, а обичен дожд не формира цунами бран кој се движи со брзина поголема од 50-60 км на час. Пример ти давам, има луѓе кои се имаат удавено во подрум додека спасувале намирници а просторијата во која биле се има наполнето за неполни 5 секунди до плафон. Дожд не превртува камиони и коли, не руши куќи и ѕидови.
У право си бато ја немам допирна точка со реалноста, а ти си тој што верува во муабетите дека ова е чудо на природата, елементарна непогода и дека ваква работа се случува еднаш во 1000 години.
 
Кажими ти мене дали секое невреме ќе е проследено со поплави и жртви? дали пред секој дожд треба да седиме со куферите враце за бегство?
Пороен дожд кој трае 3 дена и дожд кој трае 3 саати а има исфрлено иста количина на вода е исто така ? Земјотрес од 1 степен и 10 степени исто е така ?
 
Немаш допирна точка со реалноста и тоа е тоа. Некои работи едноставно се случуваат и не може да бидат спречени, а обичен дожд не формира цунами бран кој се движи со брзина поголема од 50-60 км на час. Пример ти давам, има луѓе кои се имаат удавено во подрум додека спасувале намирници а просторијата во која биле се има наполнето за неполни 5 секунди до плафон. Дожд не превртува камиони и коли, не руши куќи и ѕидови.
И водава од кај дошла? Се случило, наеднаш дошла, така и текнало. Да не се праиме наивни, 3 езера има во тој предел.
 
шо е тоа сносење одговорност и оставка на функционери кога нивните ресори затаиле кога требало, а богами се покажуваат и нефункционални понатаму ??

се кренаа екипи од Струмица,Прилеп,Битола со луѓе и механизација,се бара помош од сите соседни држави во техника и механизација, па добро Коце црни Коце па толку е неспособно твоето Скопје држава да се справи со две села, да се направи план и да се исчисти како што треба

Груевски не излезе со рок за расчистување - дали треба да се работи на проблемов до избори ??

тешко на народот...........било и ќе биди.
И околу ова сакав да искоментирам, а гледам и на ФБ форсираат. Значи, нит ги правдам стокиве на власт, нит бутур, али не се две села, него цел регион. Точно е дека не се добро организирани, дека се работи без план, ама две села? Стајковци, Сингелиќ, дел од Арачиново, Брњарци, Страчинци, Црешево, Булачани и има и уште али доволно се и овие. Плус го додаваме и Ченто ко населба, така да не се две села, него е цел регион. Сеедно, две села или цел регион, организацијата е лоша и докажува колку оние на власт се неспособни.

Вчера кај нас у Ченто дошле војници, луѓето чекаат да дојде опрема и да почнат да вадат вода од подрумите, они земале пратиле пумпи со црева што не пасуваат. И ајде чекај нови црева да донесат, фати 5 саат, се стемни си еба мајката. Ретарди неспособни, а некој ќе пцуе после по војниците...
 
У право си бато ја немам допирна точка со реалноста, а ти си тој што верува во муабетите дека ова е чудо на природата, елементарна непогода и дека ваква работа се случува еднаш во 1000 години.
Дали знаеше дека ова не е прва поплава на тој дел од скопје, или дознаваш само кога има жртви ?
 
@Roy Fokker на Коце 2 (две) нацртани овци да му дадеш ќе ги изгуби. Кој му даде град да води?
 
Го читав прееска професор Трендафилов што направи реконструкција на поплавата и според него до оваа катастрофа е дојдено од три клучни причини.

1. Пред пет години арачиновскиот рид и падините на Скопска Црна Гора се целосно соголени и водата многу брзо се спушта надолу.

2. Обиколницата послужила како вештачка брана со што овозможила водата да се заезери и да се собере огромна количина вода која што наеднаш ќе се истури накај населените места.

3. Големата мрежа на одводни канали изградени во Југославија во голема мера е запуштена и многу канали од тој одводен систем се целосно наполнети со смет.

По него овие три клучни работи довеле до тоа катастрофата да е од овие размери.
 
1. Пред пет години арачиновскиот рид и падините на Скопска Црна Гора се целосно соголени и водата многу брзо се спушта надолу.
2. Обиколницата послужила како вештачка брана со што овозможила водата да се заезери и да се собере огромна количина вода која што наеднаш ќе се истури накај населените места.
3. Големата мрежа на одводни канали изградени во Југославија во голема мера е запуштена и многу канали од тој одводен систем се целосно наполнети со смет.

Ќе си земам слобода да те дополнам:

4. Ненавремено алармирање на УХМР ( што препоставувам дека би довело до степен на поголема приправност на полиција и Центар за кризи)
5. Слабо реагирање на полиција во смисла на пренасочување на сообракај на критични места
6. Слабо реагирање на одговорни и вработени во Центар за кризи и Управа за спасување
7. Слаба координираност на Црвен Крст на теренот при организирање на помош

*****
Навистина првите 3 се многу поголеми проблеми за чие решавање ке треба многу време, ако воопшто се и решливи.
Ама за другите, проблемот е лесно решлив, со напуштање на пракса на ставање партиски куртони на позиции и донесување на стручни лица на вистински позиции.
Затоа, одговорност веднаш !
 
Последно уредено:
Три дена по големото невреме и поплавите, жителите на Арачиново сами си ги чистат домовите. time.mk

зашто сами и зашто толку малце информации?
 
Три дена по големото невреме и поплавите, жителите на Арачиново сами си ги чистат домовите. time.mk

зашто сами и зашто толку малце информации?
нема никакви информации какви се разурнувањата и жртвите во албанските села, и покрај некои изјави дека македонците и албанците се заедно во ова, не изгледа баш така
 
Интервју со проф. Милевски: Вината на човечкиот фактор е голема, можеби и клучна
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=A56ACC2AC96E45418E3BF2433FEFBA65

"Вината на човечкиот фактор е голема, можеби и клучна, бидејќи проблеми со поплави во овој североисточен дел на Скопје, па и на повеќе точки во самиот град, се случуваат речиси секоја година. Во изминатите 30-ина години не е реализиран ниту еден покрупен проект за превенција од поплави во подножјето на Скопска Црна Гора, како во однос на неопходните пошумувања, уредувања на пороите, ретенции, дренажи, така и во информирање на населението, функционирање на ефикасен систем за јавување/известување од непогоди и сл. Одредено влијание за се' што се случи има и поставеноста, односно дренажната уреденост и пропулзивност покрај скопската обиколница, но оставам на соодветните стручни лица и служби да ги утврдат точните факти околу проблемот со овој сообраќаен коридор."
 
Гланц нов автопат се претвара у река, од 70-90 литри на квадрат. Гинат луѓе, коли тонат. Поминуе саат-два и никој ебан од МВР нема на приодите да спречи, да пренасочува, колите да не идат у тој дел, да не се дават луѓе!
Па среќа му текнало на граѓанин некој...

Ова ми е една од најненормалните работи у оваа ситуација, абстрактно неверојатна работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom