- Прво за бројот на жртвите; едно не ми е јасно - зошто се крие? Бројката има надминато 50, а се кажува двојно помала цифра. Зошто?!
- Зошто никој не не предупреди дека на Скопје му се заканува невреме од големи размери? Доволно ќе беше луѓето да не тргнуваа на пат и да не излегуваа по нивите...Оној Хидрометеорлошки завод за кој лајна го плаќаме...?
- Колку само интелектуалци меѓу кои и професори доктори од Градежен Факултет ги предупредуваа градските власти, години уназад дека кад тад Скопје ќе настрада заради крајно лошата инфраструктура и канализациона мрежа...? Ништо не се превзема...И сега кога се случи ваква катастрофа јавно на Тв велат : од Господ е...Можеби е од Господ и никој не е виновен за невремето, ама за последиците и те како треба да се сноси одговорност...
- А сега и со хуманитарната помош се прават невидени пропусти...
И кога главна вест на владините медиуми беше дека ментално инвалидизираниот Патор го прекинал одморот, истиот тој на државна сметка се врати од Анталија, со шест бодигарди, со панцир под маицата Ла Косте и со ајфон од 700 евра се изнаслика и изнаснима, при тоа давајќи инструкции по телефон што и како да се направи...
- Најголемата помош пристигна од приватни компании, приватни лица и на локално ниво од општините, како и од соседите...На централно ниво - ништо...
Нека гледаат сега убаво луѓето каде живеат и за што и кого плаќаат даноци...
Како може Србија и Бугарија да имаат комплетна механизација токму за вакви катастрофи, ние не...Или не може од таквиот вид на тендери да се перат пари и да се пикаат по приватни џебови...?
Ми се гади каде живеам...Изроди се ова, а не луѓе...
А дел од вината е и кај дивите дрвосечачи што ја соголија Скопска Црна Гора...