Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Змејски фалат на маркетот квалитетни дефанзивци кои можат да се купат по реални цени и нормално кои се на продажба.
Се купи Луиз како замена за Тери или тогашен партнер на Тери... ама имаше партии како сега што има Оскар. И продажба за 50 мил беше сосема ок.
Кехил исто беше солиден дефанзивец, барем во Болтон. Ама испадна тежок просек...

Имаше и такви обиди како за Маркињос, Стоунс, Варан кои или беа експресно одбиени или пак имаа напумпани цени.

Еве сега обид за купување на Кулибали без одговор... или со други зборови Наполи чека подобра цена која воедно нема да е реална за квалитетот на играчот...

Клубот не седи пробува да купи, ама да купи дефанзивец треба да иде ал ин како што направи Мануре за Погба.
Вака по дифолт многу празни заклучоци вадите...

Кејхил беше bargain за Челси, една од подобрите зделки на клубот од која добија квалитетен дефанзивец кој придонесе многу за клубот.

Баш во најбитните утакмици секогаш се истакнуваше, иди на јутуб барај и гледај како со Луиз ја држеа задната линија против Барса у полуфиналето, исто погледни снимки од финалето 2013 против Бенфика, дај не лупајте глупости безвезе.

Се согласувам дека не е елитен дефанзивец, ама незнам од кај излезе некаков кривец за дефанзивните проблеми на Челси наеднаш. На клубов му треба нова фаца назад пошто Зума имаше лоша повреда, Кејхил како замена доколку држи фитнес не е огромен ризик.
 
Да, во никој случај не треба да се потценува тоа што Кехјил го има постигнато со клубот.

CpEc9L2VIAAjjwP.jpg


Во секој трофеј имаше голем удел во одбраната. Можеби не е дефанзивец од светска класа, ама има изиграно доста класа натпревари. И да, формата ептен му падна од лани па наваму, ама во никој случај не е просек. Треба да се донесе дефанзивец за прв тим, со што полимитирано време на терен би имал, ама никако не смееме да го деградираме, кога има покажано премногу откако дојде.
 
Кејхил од моментот кога пристигна до крајот на првата сезона со мурињо беше одличен играч. Шампионската сезона му беше послаба а лани беше под просекот. Тој и микел се најпотценети играчи кој играле за челзи последните 10 год.
 
Бaш и зa Микел сaкaв дa пишaм. Пoсле Тери, нaјдoлгo е вo клубoт. Имa пoмoгнaтo дoстa вo мнoгу вaжни мoменти. Мoжеби не е нaјтaлентирaниoт игрaч, aмa зa крaтки периoди кoг немш други oпции е супер. Никoгaш се немa пoжaленo, никoгaш немa ништo лoшo збoренo. Бaш пред некoј ден имaше интервју сo негo кaде штo кжувa декa Челзи е негoвиoт дoм, негoвaтa фaмилијa, и декa не би сaкaл дa си oди. И пoд Гус си беше стaндaрден и имaше дoстa дoбри пaртии. Акo не му сметa дa е игрaч зa рoтaцијa, јaс не би гo прoдaвaл никoгaш.
 
Околу Кејхил и порано имам пишано дека е добар дефанзивец, но покрај себе мора да има подобар партнер. Другиот дефанзивец секогаш треба да биде подобар и да го води него, Тери кога беше помлад, затоа беа бедем. Затоа и оваа сезона со Зума заедно беа каде - каде постабилни.
Микел е добар играч за ротација, јас навистина немам ништо против да остане. Микел ни е веќе клубска легенда, па што сакате кажете против него! :P
Дефназивец треба уште еден. Макар и како краткорочно решение, додека да го повлечат назад Кристенсен догодина.
Ќе ми остане неостварена желба Калас чехот, имаше доста потенцијал, послабо пратам фудбал веќе и не знам како се развива.
 
Па и немаа којзнае каква партија Луиз - Кехил повеќе заслужни беа промашувања на противниците а имаше доста добри зицери.

Кехил одигра добро првата сезона ајде нека биде и 2012, после тоа играше топло ладно.
Значи излегува дека е играч за една сезона... е такви играчи се просек.
Не покажа никаков напредок - надградба во играта од просечниот Болтон.
А Челзи има подобро и поквалитетни трењери и тренинзи... значи се доаѓа до заклучок дека толку му се можностите.

И Фереира викаше дека Челзи му е втор дом... ќе си лапам плата за лагано трчкање на тренинг, ќе одиграм 2-3 натпревари во 6 месеци колку да не ме заборават дома дека играм во Челзи и то е то.
А за 20 - 30 к неделно не гледам зошто би се бунел кога знам дека не ме бива за фудбал :)
 
Ја респект огромен и за Луиз имам камоли за Кехил. И двајцата не се елитни дефанзивци ама се дефанзивци и играчи кои за Челзи крв пуштија на терен што се вика, во најбитни утакмици во клучни моменти му помогнаа на Челзи да победи и пружале 110% од свои играчки способности.
Не знам како може да се двоумите околу овие работи.
 
Ја респект огромен и за Луиз имам камоли за Кехил. И двајцата не се елитни дефанзивци ама се дефанзивци и играчи кои за Челзи крв пуштија на терен што се вика, во најбитни утакмици во клучни моменти му помогнаа на Челзи да победи и пружале 110% од свои играчки способности.
Не знам како може да се двоумите околу овие работи.
И двјцaтa сo пoвреди гo игрaa финaлетo ЛШ.


Инaче, изгледa и 50 милиoни еврa oдбиени зa Кулибaли. Ствaрнo не знaм штo сaкaaт Нaпoли (n)
 
Братко јас респект имам и за Тал Бен Хаим и Буларуж... играчи се на Челзи. Сигурен сум дека го дале максимумот.

Малку се испреврте муабетот... Јас кажав дека Кехил е просечен дефанзивец а не дека немам респект спрема него.
За мене Кехил има фудбалско знаење поголемо до Алекс, помало од Карваљо и Луиз.[DOUBLEPOST=1470696626][/DOUBLEPOST]Има удел точно, што е нормално бидејќи е играч на Челзи. Исто и Иванович, Микел и секој скуад играч кој има влегувано по потреба кога ќе се повреди некој клучен играч.
Но ако не е Микел, ќе е Сонг, Сандро и тн.
 
Последно уредено:
Ајде, ајде не се вади сега, сфативме што сакаш да кажеш не мешај друго сега.
 
Manchester United sign Paul Pogba

Manchester City close in on John Stones

Arsenal open talks with Jonny Evans.

Челзи:
5506146+_a391cf5727cb5d1568ae03a9a2dc0d7b.jpg


џаст а џоук не мора да пишувате како имало преговори па скапи се, јасно ми е и мене, подобро да не избрзаат. мора дисклејмеров да го ставам некој пред да ме распне... :D
 
Јас не се согласувам со тоа скапи се и слично. Таков е пазарот и ако сакаш да бидеш на нивото на најдобрите клубови, ќе си платиш. Ако идентификуваат играч како некој кој е потребен за тимот, и би го подобрил, немам проблем со тоа да го преплатат. Ете Кулибали и Лукаку ако стварно сакаат да ги донесат, нека дадат колку што е потребно. Долго време Роман нема направено трансфер со кој баш онака ќе покаже финансиска моќ, и намера да биде на врвот. Последен е Торес.

Моментално сме зад Сити и Јунајтед, а да не збориме за Реал, Барса, Баерн. Ако сакаат клубот да е во таа елита, мора да фрлат пари и да преплатат играчи за кои сметаат дека му се потребни на клубот. Многу се влечкаат и лани и сега некако, и воопшто не се гледа желба за враќање на врвот. Се надевам дека после трансферите на Сити и Јунајтед, Роман и управата ќе увидат дека мора да се активираат. Моментално тимот ни е ок за топ 4, ама и тоа не е гарантирано. Ако донесат бар двајца добри играчи до септември, можеби би можеле и нешто повеќе.

Јас сум за да дадат 100+ милиони до крај и да направат тим кој ќе може да се бори за секој трофеј, и ќе биде на врвот во Англија и Европа. Нешто вака:

Куртоа
Аина - Кулибали - Тери - Азпиликуета
Канте - Матич
Марез - Лукаку - Коста - Хазард​
 
Ме интересира тандемот Канте-Фабре дали би функционирал добро?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom