Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
Засилени контролите на Олимпико, а бариерите не се тргнуваат.Не сакат овие публика на стадион, така ми стои :popce:
 
^а мердашите изгледа ќе се вратат, не додржаа..


Btw, Вермален е земен на позајмица без пари, со ПРАВО на откуп, а не обавезен откуп, одличен дил на Сабатини.
Сега ни останува да се квалификуваме и мислам дека навистина ќе земат некој добар играч. Сменија тактика оваа година со трошењето, Шарави, Пероти и Рудигер се откупени со ланскиот баланс на пари, а овој трансфер период се потрошени само 6.2 милиони евра за 4ри играчи, Хесус, Руи, Фазио и Вермален од кои само за Марио Риу имаме обавезен откуп од 6мил а другите се со право на откуп. Одлични дилови на Саба, сега имаме централни бекови дури за тројка у одбрана, Манолас, Фазио, Вермален и Хесус и плус во Октомври се враќа Рудигер, а од овие Хесус и Вермален можат и леви бекови да играат, а и Емерсон Палмиери импресионираше на подготовките. На десната страна остануваат Флоренци и Торосидис со надеж дека ќе изненадат со Бруно Перес.
Доколку Вермален биде здрав би бил најсилниот партнер на Манолас во одбрана откако гркот е во Рома, Спалети уште сега ги воигрува на тренинзи, а вајда и на двете пријателски со Латина и Херта, па ќе видиме како ќе изгледа тоа.[DOUBLEPOST=1470692330][/DOUBLEPOST]Сега за сега вака изгледа Рома
2qxrwyh.jpg
 
Последно уредено:
Со историја која ја имаат со повреди Вермален и Стротман не би рекол дека ќе бидат стандрадни првотимци. Стротман кој потенцијал го имаше, голема штета што вака му се одвива кариерата засега.
 
Со историја која ја имаат со повреди Вермален и Стротман не би рекол дека ќе бидат стандрадни првотимци. Стротман кој потенцијал го имаше, голема штета што вака му се одвива кариерата засега.

За историјата на повредите на Вермален не сум 100 % запознат, но што се однесува до Стротман човекот и со 50% да игра прави разлика на теренот. Технички е одлично поткован.
Никој не е стандарден кај Спалети. Кој заслужил на тренинг тој ќе игра.
 
Со историја која ја имаат со повреди Вермален и Стротман не би рекол дека ќе бидат стандрадни првотимци. Стротман кој потенцијал го имаше, голема штета што вака му се одвива кариерата засега.

Стротман сега за сега изгледа феноменално на терен, да се надеваме дека така ќе продолжи. Првата операција по негова желба беше реализирана во Холандија, втората исто, веќе третиот пат др-Мариани во Рим го оперираше, истиот доктор кој го 'направи' Тоти спремен за Светското 2006г. за 2-3 месеци, а му беа скинати лигаментите на зглобот на ногата.
 
Вчера победа во претпоследниот пријателски натпревар против Латина со 1-0 со гол на Фазио. Гледам на балканскиве сајтови од Рома критики за играта и воопшто за залагањето. Не треба да се заборави дека за една недела играме квалификации ЛШ и што би се случило ако ни се повреди некој клучен играч на пријателска против Латина. Или само ајде да се испокршиме, ама битно тепавме 3-0 за на некои вечни критичари егото да им го набилдаме.
Ако добро се погледнеше натпреварот вчера, Спалети имаше неколку цели на ум.
1. Да го проба Хуан Хесус на лев бек (приудно).
2. Да проба 3-5-2 како би функционирала со овие играчи.
3. На официјален пријателски натпревар да ги уигра новите фудбалери. Очигледно беше дека цело време се комбинираше одбрана среден ред.
4. Како би изгледал нападот без класичен шпиц играч и т.н.
Фудбалерите се залагаа онолку, колку што беше потребно.

Фазио со висината се гледа дека ќе доминира во шеснаесетник. Вермален треба многу да работи за да достигне едно високо ниво, ама верувам дека спалети ќе го среди. Жерсон вчера малку трчаше и делуваше индиспонирано, ама верувам дека ќе гази во првенството.

Се шпекулира уште за тројца нови играчи. Десен бек, играч од средниот ред и десно крило.
Сѐ тоа укажува дека Торосидис е на излезна врата, Ѓомбер како што пишавме и тој си оди, Итурбе исто така ќе биде позајмен. Јас сум да го увалат во некој договор за новиве играчи и така само со позајмици ништо нема да биде. Ричи може да остане како втора-трета опција за повеќе позиции.
Вчера Паредес многу искусно си играше и смирено. Лестер понудиле 22 милиони евра, па можно е нашиве да го шитнат за тие пари со оглед на тоа што е купен 6 милиони пред 2 години. Според мене не треба да го пуштаме, туку напротив да му понудат нов побогат договор и да се форсира барем во првенството против помалите екипи, па сигурен сум дека за година-две ќе има дупла цена. Исто така со Садик не се знае што ќе биде. На олимпијадата игра одлично, дури и некое голче постигна. Можеби е најдобро да се остави како замена за Џеко.
Повторно со Насри не поврзуваат. Не би сакал да дојде. Издуван играч, кој го достигнал своевремено својот врв во кариерата. Исто така со многу имиња не поврзуваат. Бог знае што е вистина, а што е шпекулација.
Јас би бил задоволен со Бруно Перез и Тилман.
 
Натпреварот со Посрто ќе одел на МТВ. Еве добра работа за тие што се во МК да не мора да бараат стримови и др. глупости.
Изгледа малку ќе биде замрзнат трансфер пазарот. т.е. додека не се заврши двомечот со Порто и не се виде дали ќе играме ЛШ. Сепак парите од ЛШ се услов за доведување нови играчи. После тоа, без разлика на исходот очекувам неколку блиц операции.
Изгледа ништо од Тилман. Излезе шпекулација дека го бара Јунајтед, а тие се многу финансиски понадмоќни и немаат проблем со тоа, за разлика од нашиве што се ценкаат за пола милион евра. Жал ми е ако не дојде кај нас, бидејќи од тоа што го имам гледано и самата негова статистика со изиграни над 100 официјални натпревари со само 19 години укажува дека се работи за топ играч.
Шпекулациите се сведоа на малку имиња. Пред сѐ Бруно Перес, Борха Валеро, Диавара и Зиех, а со тоа има и шпекулации за заминување, коишто се надевам ќе се остварат без разлика на сѐ.
Што се однесува до зтие што се на излезни врати, Ѓомбер веќе потпиша за Пескара и се ослободивме од него, Малага е заинтересирана за Итурбе и Торосидис. Не верувам двајцата на позајмица да им ги дадат, но изгледа дека Торосидис ќе го платат, а Итурбе ќе биде позајмен. Ричи останува, а исто така и Паредес сега за сега. Д`урсо е позајмен во Серија Б.
Доколку се остварат шпекулациите и еве да замислиме дека сите се здрави и подготвени за игра би располагале со следниов состав:
Голмани: Szceszny, Alisson, Lobont
Одбрана: Mario Rui, Emerson Palmieri, Juan Jesus, Rudiger, Vermaelen, Manolas, Fazio, Bruno Peres, Nura
Средина: Nainggolan, De Rossi, Borja Valero, Strootman, Gerson, Paredes, Vanquer
Напад: Perotti, Ricci, Ziyech, Totti, Salah, Florenzi, ElShaarawy, Dzeko, Sadiq Umar.

Аленаторе мистер Лучијано Спалети.

И не е така лошо на хартија. Само мотивација и залагање на секој натпревар и ете успех.
 
Се спрема понуда од 17мил за Бруно Перез, можеби овој трансфер не зависи од ЛШ, ќе видиме :)
 
Се спрема понуда од 17мил за Бруно Перез, можеби овој трансфер не зависи од ЛШ, ќе видиме :)

Да се надеваме дека не зависи. Иако мене лично ништо не ми менува, бидејќи сметам дека ќе се квалификуваме во ЛШ со Спалети.
 
Изгледа ништо од Борха Валеро, вечерва се повредил гадно, го ваделе на носилки, ако е сериозно можи да отсуствува повеќе месеци. Овој трансфер нема да се оствари по се изгледа.
 
Бруно Перез по се изгледа до вторник ќе биде наш играч. Не само што почнаа да опипуваат терен туку до вторник можеле да го пријават најкасно за игра мислам беше за во Лига за полуфинале (како и да беше) бидејќи он ќе биде последен играч надвор од ЕУ кој би го пополнил местото. Инаку еве последен твит за зголемување на цената од 17 на 18 и понудување на 5 годишен договор.
uploadfromtaptalk1471129217262.jpg
8214a7ca0d7663873b836be666fd53dd.jpg
 
Ако се доведе решен долгогодишниот проблем на десен бек :)[DOUBLEPOST=1471162426][/DOUBLEPOST]Изгледа да е готово. Бруно Перез е ромин играч. Доаѓа за 18 милиони и ќе потпише 5 годишен договор за по 1,5 милиони по сезона. Неофицијално денес во попладневните часови или утре ќе се приклучи на екипата. :aplauz:
 
Последно уредено:
Ауууу :vozbud::vozbud:[DOUBLEPOST=1471182727][/DOUBLEPOST]Доколку дојде Перез, не изгледа ова лошо, дури и уште креативец ќе се купува доколку се влезе во ЛШ групната фаза!!
30monbd.jpg
 
Последно уредено:
Сепак Бруно Перез е земен на позајмица со право на откуп од 15 милиони и 25% од следниот трансфер на Торино.
Што да се каже. Зедовме еден од најдобрите десни бекови во Европа (статистички со најмногу индивидуални пробиви и дриблинзи). Десно сме супер покриени + Нура кога ќе се врати има од кого да учи и да се усовршува.
Со овој трансфер се исклучува можноста да се носи десно крило, со оглед на тоа што Флоренци може да си игра таму заедно со Салах и Ричи, којшто сметам дека ќе остане. Итурбе си оди сигурно. Штета што ни се повредија и Рудигер и Марио Руи. Доколку би биле комплетни составот е подобар од минатата година.
Креативец сигурно ќе се зема. Валеро беше пикиран, но штета што се повреди. Сепак моја желба е Тилман. Статистички е ѕвер. Можеби Сабатини има веќе некој договорено на големо изненадување на сите. Ќе видиме.
Лево малку ме плаши, со Хуан Хесус. Човекот во Интер ми се чини слаби партии покажуваше на таа позиција. Не му е природна, принудно игра. Јас би играл со Палмиери таму. Покажа дека има знаење и борбеност.
За ЛШ во Португалија мислам дека ќе настапиме со овој состав:

..........................................................Шчешни.....................................................
Флоренци.....................Манолас.......................Вермален....................Х.Хесус
..............................Де Роси.....................................Стротман.............................
.........................................................Наинголан..................................................
...Салах....................................................................................................Пероти
...........................................................Џеко...........................................................

Пак ќе кажам, левата страна е ризична. Стротман не е накренат, Вермален не е уигран, Х.Хесус игра принудно.
Инаку овој состав би бил најефикасен во првенството додека не се вратат сите во строј:

..........................................................Шчешни.....................................................
Бруно Перез..................Манолас.......................Х. Хесус....................Палмиери
..............................Де Роси.....................................Стротман.............................
.........................................................Наинголан..................................................
...Салах....................................................................................................Пероти
...........................................................Џеко...........................................................

Мислам дека Бруно ќе го гледаме уште во сабота против Удинезе.

Инаку младиве освоиле некој турнир во Франција. Во финале на пенали го победиле Удинезе. Махери се дечиштава за пенали.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom