Сепак и да е така како што викаш ти, значи дека Александров не почитувал туѓо мислење...Убиствата на Сарафов и Гарванов се доста пред братоубиствата ако добро се сеќавам така да не би ги споил на тој начин како што викаш ти.
Во врска со изјавата, јасно е како бугарите пробуваат да не убедат во некои свои теории кои мене не би ми текнале ни во најдобриот сон. И тоа е јасно...Но што правиме доколку таа изјава е вистинита...Зошто не измислиле таква изјава за Делчев, за Влахов или за Сандански?
И тука не би се сложил...Иако голем дел од учесниците во организацијата биле дел од бугарската војска, па дури и од бугарски политички партии, сепак само Александров добива директни команди од бугарскиот генерал Фичев за регрутирање на македонско население, кое нема да влезе официјално во бугарската војска, но сепак ќе војува за интересите на Бугарија.
Исто така кога ја реобновува ВМРО тој ниту свикал конгрес, ниту се консултирал со некого па си поставил свои луѓе на сите позиции за да има апсолутна моќ во организацијата...и не бил така социјален тип нели?
Всушност Александров ги отстранува најголемите пречки за Михајлов во организацијата...толку слепо му верува што уште кога Михајлов му станал секретар, бил под целосно негово влијание...Сепак тоа е фатална грешка која целосно ја уништува организацијата и наместо да се соедини, Александров како шеф директно придонесува за распадот...
И својот потпис од манифестот го повлекол само заради негодувањата од владата на Цанков, на кој му сметало само една точка...Одвојување на независноста на Македонија од зависноста од Бугарија.
Ок ја многу се слагам со тебе но некои работи неможам едноставно да ги разберам зошто нашите историчари не ги појаснат - зошто не е достапно до јавноста како било и што било,официјален став а не вака ко јас и ти рекла казала.
Едно нешто за братоубиствата во ВМРО сум читал многу и сега според повеке од 50% историчари Македонски Александров бил во право и се бранел - како всушност се започнало - По идеја На Александров,Протогеров и Чаулев на 20 декември 1919 решаваат да ја обноват МРО под име ВМРО - Одринско го отфрлаат бидејки таму се создала некаква друга организација - без да свикаат конгрес на МРО изберени се за членови на ЦК на ВМРО а ги поставуваат за задграничен комитет Бождаров,Томалевски и Прличев - целата нетрпеливост почнува тука по мое мислење - убиствата почнуваат од некаде Фебруари 1921 год. не верувам дека за братоубиствата имало големо значење убиството на Сарафов и Гарванов од страна на Тодор Паница!
- Не ми доаѓа ни на крај на ум да го споредам Сандански со Александров или обратно но Сандански за мене е премногу дипломат и политичар а помалку војник.
Само еден цитат од весник за Александров:
Какви се плановите на тој човек, кој само со еден гест може да ја крене Македонија на нозе? Каде се наога Тој? Поставете ги прашањата на кого сакате, никој неможе да Ви одговори. Белградската влада нуди огромна сума пари на оној што Ќе го донесе жив или мртов Тодор Александров, а тој независно од големите опасности го продолжува своето дело како АПОСТОЛ. Денес тој е највлијателниот меу сите Македонци кои се стремат кон независност на Македонија. Неговиот живот е легендарен, тој носи иста униформа како и неговите комити, живее ист живот со комитите, се движи пеш како и другите, спие на земја, честопати се храни само со леб, носи пушка со 250 патрони, бомби, двоглед и раница во којашто е сместена архивата. Тој е војник и дипломат истовремено, тој е шеф на партизанските одреди. На прашањето: дали не се плаши, Тој ни одговори: Ни најмалку. Јас знам ни рече Тој се што се случува на 20 километри од околу нас. Македонија сака независност со главен град Солун. Македонците денес бараат независност во границите на Македонија пред 1912 год., тоа е нашето барање пред Европа. За Србите,Грците и Бугарите има само два начина за да ни одговорат: или дефинитивно да не уништат, или да ја признаат нашата независност
—
Весник Журнал,
септември 1923 год.
Во врска со изјавите околу Бугари Македонци јас сум лично 100% сигурен дека тоа е масло на Бугарската пропаганда - па прашај било кој Бугарин ке ти кажат дека било кој револуционер на овој или оној начин изјавил,запишал,објавил или констатирал дека не е Македонец туку Бугарин - тоа истото се однесува и на Александров!
Што се однесува до војската не заборавај дека они сите се дел од Бугарската војска на еден или друг начин во даден период - го спомна Сандански кој исто има чин во Бугарската војска нели.
Тоа за мене не е никаков показател за ништо ти кажав примери,има по тоа прашање многу примери а ланец на команда бил ист за сите кога носеле Бугарска униформа,секој што бил у војска знае што е ланец на команда!
Сакам да се навратам кон Братоубиствата и како го нарече несоцијален тип - не треба да се обвинува според мене Александров за тоа што го наследил - он по наредба на Матов станува благајник по смртта на Сарафов,тука и кариерата почнува да му оди нагоре но претходно он не е виновен што организацијата имала такви несогласувања - впрочем он бил само дел од комитски чети или во некој период војвода ништо повеке.
За манифестот незнам што да ти пишам веке ја потполно различно гледам од тебе во врска со тоа прашање - Македонците во тој бериод немале некоја интелегенција која имала зацртана идеологија,па све биле учители кои завршиле 8 или 10 год школа, што знаеле они за боржуаски револуции,Карл Маркс и Фридрих Енгелс - коминтерна и ВМРО не доаѓа у обзир,во неколку наврати имам читано за Советските контакти со ВМРО и просто ми е до смеење кога читам бидејки комунистите сакале да лапнат готова организација под своја управа за да шират братство единство а ВМРО водела национална борба за слобода,дури покасно доаѓаат идеи за балкански федерации,републики и др.
Пример ти е 1945 год кога Македонците не сакале да идат на Сремски фронт туку сакале Солун да си го ослободат - збориме за членови на КПМ кои несакале да гинат за Војводина туку си сакале национално обединување во рамките на географските граници![DOUBLEPOST=1470678448][/DOUBLEPOST]

—Весник Журнал, септември 1923 год.
Во врска со изјавите околу Бугари Македонци јас сум лично 100% сигурен дека тоа е масло на Бугарската пропаганда - па прашај било кој Бугарин ке ти кажат дека било кој револуционер на овој или оној начин изјавил,запишал,објавил или констатирал дека не е Македонец туку Бугарин - тоа истото се однесува и на Александров!
Што се однесува до војската не заборавај дека они сите се дел од Бугарската војска на еден или друг начин во даден период - го спомна Сандански кој исто има чин во Бугарската војска нели.
Тоа за мене не е никаков показател за ништо ти кажав примери,има по тоа прашање многу примери а ланец на команда бил ист за сите кога носеле Бугарска униформа,секој што бил у војска знае што е ланец на команда!
Сакам да се навратам кон Братоубиствата и како го нарече несоцијален тип - не треба да се обвинува според мене Александров за тоа што го наследил - он по наредба на Матов станува благајник по смртта на Сарафов,тука и кариерата почнува да му оди нагоре но претходно он не е виновен што организацијата имала такви несогласувања - впрочем он бил само дел од комитски чети или во некој период војвода ништо повеке.
За манифестот незнам што да ти пишам веке ја потполно различно гледам од тебе во врска со тоа прашање - Македонците во тој бериод немале некоја интелегенција која имала зацртана идеологија,па све биле учители кои завршиле 8 или 10 год школа, што знаеле они за боржуаски револуции,Карл Маркс и Фридрих Енгелс - коминтерна и ВМРО не доаѓа у обзир,во неколку наврати имам читано за Советските контакти со ВМРО и просто ми е до смеење кога читам бидејки комунистите сакале да лапнат готова организација под своја управа за да шират братство единство а ВМРО водела национална борба за слобода,дури покасно доаѓаат идеи за балкански федерации,републики и др.
Пример ти е 1945 год кога Македонците не сакале да идат на Сремски фронт туку сакале Солун да си го ослободат - збориме за членови на КПМ кои несакале да гинат за Војводина туку си сакале национално обединување во рамките на географските граници!