Ми треба совет дали сум постапила правилно или не.Одев со дечко ми 2 год и 1 месец (на 15 требаше 2 и месеци да правиме).Раскинавме пред околу саат време.До пред една година беше внимателен со мене, се правеше за мене, ми докажуваше со дела, со зборови со пораки и со се и сешто дека ме сака.Но, мината есен почна да оди на факултет во Ск (а ние не сме од СК).Како почна да оди на факс некако се смена.Кога ќе си дојдеше се повеќе и повеќе се оддалечуваше од мене, почнаа се поретки да бидат оние работи што ги спомнав пред малку дека бил внимателен со мене,стана поладен со мене.Пред да замине на факс (не сум го терала јас) но знаеше многу често да не игра кошарка или да се собира со другарите за да биде со мене или да пишуваме на нет.После се се измени.И сега не памтам од кога ми нема речено во живо дека ме сака (на скајп ми пишува секогаш пред спиење ама не е тоа -тоа, тоа веќе некако како навика му е да добра ноќ на скајп кога пишува) го имам прашано зошто и одговорот беше дека сум знаела дека ме сакал и не морало секој ден да повторува .И такви слични работи.Се имаме на неколку пати скарано и во лутината (а знае тој дека во моментот на карањето правам многу работи што не ги мислам) го имам избришано од пријател на фејсбук, а со тоа се бриши и она љубоден статус, а иначе ни стои во врска со.. и неговото име кај мене, и обратно.Е вчера пред да излеземе тој го сменил статусот во слободен.И јас кога се вратив го видов.И му реков или да го врати или готово.А тој ми рече дека немало врска статусот, битно било во реалниот живот дека сме заедно.Јас лично мислам дека со тоа тој што го направи дека има некоа друга намера за некоа друга, оти досега стоеше и не му пречеше, сега наеднаш го избриша.А и цела година се сомневам дека има нешто со една негова колешка, за која тој вика дека ептен убаво си живеат и дека нема ништо со неа (а и да има не ќе ми рече дека има ).А и пред една недела случајно тој пред мене листаше бараше нешто во неговите пораки и видов случајно порака од оваа колешка нешто таму за на факс и те сакам.Кога го прасам ми рече дека пријателски било тоа.И од тогаш се мислам да му раскинам али ова со статусов ја претера и денеска се видовме на 10 мин и му раскинав.
А и заборавив да напоменам, порано не му сметаше да се чепкам со неговиот моб,како тргна на факс ми рече дека тоа му сметало и ми забрани да го чепкам неговиот моб.Како после една година него наеднаш почна да му смета . А кога ќе размислам сега, се се поврзува,откога почна на факс ми го забрани неговиот моб,почна да се оттргнува, и еве сега баш пред да почни студентската година ( а сега јас треба да сум прва на факс и јас ќе одам во Ск) тој прави нешто заради што раскинуваме, и "наеднаш" повеќе сака да стои слободен кај него, од тоа да раскине со мене баш сега.
Може малку бев долга се извинувам.
Но ме интересира...што мислите?
дали има нешто со оваа негова колешка и ова со статусот е само начин да раскине со мене, затоа што знае дека ќе ми смета? или што? а и што мислите за тоа со статусот? лично за мене тој со тоа што сака да му стои слободен се срами од мене, или ништо не му значи веќе нашата врска или има некоа што треба да го види дека е слободен. вие што мислите?