Како Тодор Александров ја „украде“ прославата на Илинден?
Крушевчани се револтирани што ликот на Тодор Александров доминирал на Илинден. Но според организаторот, учеството на Здружението што го слави неговото дело, било одобрено во официјалниот протокол за прославата
![](http://www.dw.com/image/0,,19448019_303,00.jpg)
Тодор Александров деновиве е најспомнуваното име во крушевската чаршија. Не стивнуваат реакциите на крушевчани поради тоа што неговиот лик станал доминантен на последната прослава на Илинден и го узурпирал значењето на празникот и на делото на храбрите илинденци. Гласните дискусии на оваа тема го привлекуваат и вниманието на минувачите во центарот на планинското гратче.
„Не е во ред. Во говорот на премиерот ниту еднаш не се спомна Питу Гули, кој овде ја предводел најголемата чета, а ја спомна битката кај Слива, која е значајна, но е една од многуте што се воделе во овој крај, во тие денови. И згора на тоа, централни ликови овде станаа луѓе во црни маички со ликот на Тодор Александров, небаре е ова панихида за него, а не прослава на најголемиот државен празник. Па дури и на телевизискиот пренос тие беа постојано во кадар. Кој дозволи тоа да се случи? Ние сме многу револтирани. Не знаеме дали е ова случајно, некаква организациска грешка и пропуст, или има некаква друга стратегија, што нам воопшто не ни се допаѓа ако е така“, реагира М.П. возрасен крушевчанец.
Негови сограѓани се вклучуваат во дискусијата и го шират списокот на забелешки.
„Посебна приказна е 'Десет дена Крушевска република', која во март следната година ќе слави 50- годишен јубилеј. Од реномирана научно-културна манифестација, ја претворија во квази-научна. Се политизира манифестацијата, се презентираат чудни податоци, се измислуваат разни конструктори на црешовото топче... Во Крушево сите знаат кој го изработил црешовото топче - Тоду Борјар, кој почина во шеесетите години. И не е во ред отпосле да се измислуваат прикаски за разни други конструктори“, реагираат повозрасните крушевчани.
Поради ова, сметаат дека
прославата годинава поминала „недостоинствено“, а преку контраверзните иконографии било релативизирано нејзиното значење.
извор и целиот текст:
http://www.dw.com/mk/како-тодор-александров-ја-украде-прославата-на-илинден/a-19448015