Нисмо ми те срече пријатељу.Тоа Поли гадното циганче требаше да го нагази некој на глава.
Импресии од натпреварот, а и од целокупниот подготвителен период:
(ја пронајдов оваа опција, ќе ве замарам постојано)
- Аина, Траоре, Чалоба. Многу добри. Борбени, агресивни, мотивирани, со многу фудбал во нив. Се надевам дека барем двајца од нив ќе бидат во поширокиот состав и дека ќе добиваат солидна минутажа. Лофтус треба да фаќа белешки.
- Фабрегас и Матиќ, енигма. На моменти играат добро, на моменти се враќаат во ланското сивило. Мора многу побрзо да се ослободуваат од топката и многу помалку да додаваат наназад, до одбрана или голман. Во спротивно, играта ќе е бавна и ќе нема течност во неа.
- Хазард и Мозес многу добри, Квадрадо солиден, Вилиан и Педро слаби. Вилиан нема одиграно добар меч за Челзи од февруари. Дури ниту на пријателскиве не успеа да ја врати формата од првиот дел на изминатата сезона. Ќе бев оптимист, но неговиот говор на тело, пред се, не ми дава многу простор за тоа. Она што недостасува од Вилиан во нападот по десната страна, Конте го добива од Мозес, па и од Квадрадо (кој е олд скул вингер, пробив, центаршут или шут, па што биде). Доколку двајцава останат, Вилиан ќе грее клупа со сигурност.
- Одбраната, имаме дискутирано во повеќе наврати. Кејхил не е играч на којшто можеш да се потпреш, Тери може да игра солидно со послаби противници и против побавни напаѓачи, но не смее Челзи да остане само со овие двајца. Бек и централен да пазарат што е можно поскоро. Не ми е јасно што правеа досега.
- Канте. Душиче мало, со убави образи и уште поубава полупетарда насмевка. Абе каци ти? Каде беше досега? За половина час покажа повеќе отколку Џон Оби Микел за цели десет години. Супер деби, рутинирано, без паника, дури и делеше одлични топки во напад, изненадувачки за мене. Имав впечаток дека на Канте ова му е веќе шеста сезона во Челзи, а не деби.
- Средњак добар додавач, со pace (извинете, не ми текнува изразот на македонски) и добар шут. Исто така е повеќе од потребно. Или како што вие милувате ,,замена за Оскар".
Генерално задоволен сум од овие шест меча. Треба уште многу да се работи и уште многу детали да се изгланцаат, но во секој случај има и те како позитивни промени (пресингот, за нијанса постабилната одбрана и за нијанса подобрените контри и полуконтри, Аина, Траоре и Чалоба). Во споредба со ланските припреми... реков припреми, заеби.
Кажи еден таков ајде, ама класа играч кој ќе гарантира перформанси пошто клубов у последно време се врзува се на некои алтернативи.
- Средњак добар додавач, со pace (извинете, не ми текнува изразот на македонски) и добар шут. Исто така е повеќе од потребно. Или како што вие милувате ,,замена за Оскар".
Лани имало понуда од Челзи, и тоа блиску до сумата за која што ќе отиде сега во Јунајтед. Ама лани ниту Јуве сакаше да го пушти, ниту он сакаше да си оди. Плус тек на крај на август им текна да се активираат, а таков трансфер не се договара туку така.Кажи еден таков ајде, ама класа играч кој ќе гарантира перформанси пошто клубов у последно време се врзува се на некои алтернативи.
Идеален за таа позиција беше Погба, лани беше достапен и клубов имаше каква таква позиција да преговара за кеш+Матич во пакет, дури имаше шпекулации дека и Јокохама ќе се вклучи директно во трансферот.
Па не баш блиска со оваа на Јунајтед, вредноста на Погба се дигна на 100 милиони после ланската сезона.Лани имало понуда од Челзи, и тоа блиску до сумата за која што ќе отиде сега во Јунајтед. Ама лани ниту Јуве сакаше да го пушти, ниту он сакаше да си оди. Плус тек на крај на август им текна да се активираат, а таков трансфер не се договара туку така.
Не е дали сме разгалени или не, муабетот е на што цели клубов.Јас не барам идеален, класа играч за таа позиција. Барам играч кој е над просекот, со горенаведените карактеристики.
Ние некако ептен се разгаливме, не прифаќаме и признаваме играч кој нема снимено минимум 5 реклами за Најк или Адидас, кој нема линија за долна облека со неговото име и две хип - хоп песни.
Па затоа и алтернативните решенија не ни се допаѓаат. Играчи (достапни) подобри од Оскар има еден куп, во Премиер Лига и надвор од неа.
Веднаш ми текнува на Баркли и Ериксен, на Муса Сисоко.
Ќе ти нафрлам и играчи кои играат надвор од Англија и кои би можеле да се донесат во Челзи за не повеќе од 40-45 милиони: Ковачиќ, Бонавентура, Пасторе, Херера од Порто, Чалханоглу.
Управата да беше поекспресна и поефективна и секако, да имаше некаков план, ќе им го собереше Миктаријан на Јунајтед. Арно ама...