Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Наполи изгледа пробува да го копира Тотенхем... :)
Нека си гу чуваат за у туршија, повише од 50 мил не вреди.
 
Here's our team to face Milan: Courtois; Aina, Terry (c), Cahill, Azpilicueta; Matic, Fabregas; Willian, Traore, Costa, Moses
 
Наполи изгледа пробува да го копира Тотенхем... :)
Нека си гу чуваат за у туршија, повише од 50 мил не вреди.
Наполи веќе години е Тотенхем :D Види му ги само продажбите и клаузулите.
 
Аина заслужи да игра пл сезонава... :vozbud:

Вилиан ми е еден од послабите цела турнеја...

Давај Кантето и Азар во 2-ро :)
 
904944574ac773713d74f03fd04e8b33.jpg
 
Уште ми е чудно што деструктивец носи седмица :ROFLMAO:
 
После точно една година Матич изигра утакмица како што треба. :bravobe:

Понеконстантен играч од Оскар нема на планетава. Ремзи кога ќе даде гол обавезно умира некој селебрити, но ако Оскар сврже 3 партии по ред ќе умре цел континент. :D
 
13900131_1291783877501123_3041384053519746613_n.jpg


Ау па според ова ние над 5то место да завршиме значи дека Конте супер си завршил работа за парите.

Добар дил сме напраивле очигледно (y)
 
Воркахолик е Тони, сигурно парите не му се во прв план :P
 

Добро изиграа ноќеска. Само откако го примија голот малце се повлекоа, ама во второ се вратија. Посебно откако влегоа Канте и Хазард, доста се подобри играта. Лош беше само Вилиан според мене, и стварно ептен лошо изигра на пријателскиве. Квадрадо беше ептен поконкретен кога го замени, плус супер му асистираше на Оскар. Мозес пак си изигра супер, и стварно се надевам дека нема пак да го праќаат на позајмица и ќе остане во Челзи сезонава. Хазард е класа. Не дека изигра нешто посебно, ама кога и да ја прими топката и тргне напред, те станува од место, и те возбудува. Сигурен сум дека ќе има одлична сезона. Траоре пак си даде гол, одличен е како трет напаѓач кој ќе ја искористи секоја шанса која ќе му биде дадена, и би можел стварно да се развие во супер играч. Коста се врати од повреда и се гледаше дека му се игра. Со каков жар, и каква желба игра, не смеат да си дозволат да не напушти, мора да остане без разлика дали ќе доаѓа Лукаку или не. Матич изигра добра партија, мора сега да се стегне откако дојде Канте. Фабрегас беше ок. Канте супер си изигра, а и немаше баш многу работа. Ама изгледаше комотно на средината, одзема неколку топки, се направи како што треба. Феноменален играч земаа за само 30 милиони. Чалоба исто премногу ми се свиѓа како игра на средина, и редно е и он да добие шанса во тимов. Пред неколку години го знаевме како наследникот на Тери, ама одеше по позајмици и малце го подзаборавивме. Сега ако остане и си ја искористи шансата, може да биде вреден играч за тимот. Оскар одличен пенал и гол. Да беше константен, ќе беше одличен играч. Одбраната беше солидна, иако имаа неколку лоши моменти. Аина и Азпи изиграа одлично. И Аина импресионираше на пријателскиве и заслужува шанса во првиот тим. Се надевам дека враќањето на Иванович од повреда, нема да значи дека нема веќе да го видиме Аина како стартер. Заслужува да ја почне сезоната, против Вест Хем.

Ја смени формацијата Конте од 4-2-4 во 4-1-4-1 со влагањето на Канте и Хазард, и изгледаа многу подобро на терен. Ќе видиме како ќе одлучи да ја започне сезоната. Останува уште една пријателска против Вердер во недела, и потоа почнуваме. Како што кажа Конте, има сега појасна слика за тоа како сака да му изгледа тимот, и би требало нареднава недела да има активност на трансфер пазарот, и за купување и продавање.
 
@Донев за повеќе клубови нема провери да видиш, ја зирнав и немаше од повеќето топ 10 клубови
 
Дуксерот на Конте што го носеше вчера е ептен добар, годинава место дрес таков ќе барам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom