Не успеав да прочитам или пак сум пропуштил во врска со Макпетрол, повеќето коментари се вртат околу тоа дека работата е завршена откако ќе добие Балкан петролеум дозвола да купи акции и ќе стане сопственик на Макпетрол.
Од она што учев на факултет пред многу години можеби и сум заборавил или сум ги помешал работите, е тоа дека доколку сакаш да купиш акции во компанија повеќе од 5% треба да се бара дозвола од Н.Б.Р.М или во случајов од Комисијата за хартии од вредност, што значи е далеку било какво преземање, а највеќе ја прават атмосферата од Телма дека доколку добијат дозвола тоа е крај.
Она што се збори, дека преземањето е поради Телма и гасоводот, и пумпите како и се останато ќе бидат продадени. А со тоа Лукоул ќе бил голем играч и ќе поскапеле горивата за повеќе од 10ден. Можеби има вистина но мислам дека допрва ќе биде интересно на пазарот да се следи и можно е по ова Андреа да стане многу по моќен не знам колку има акции но од старт е во предност, и кога ќе купува Балкан петролеум ќе купува и Андреа акции.
Плус се заборава за малите акционери кои и не се баш толку мали, колку што се сеќавам од факултет требаше да се соберат мали акционери кои би имале над 2% акции за да имаат претставник на акционерското собрание и управниот одбор, а од она што гледам на ТВ има повеќе претставници кои дел му даваат поддршка на Андреа, друга работа е што повеќето мали акционери кои не се изјасниле дали ќе ги продадат акциите на Балкан петролеум или пак ќе купуваат акции со цел да имаат поголем удел, но во едно да сме сигурни е тоа дека не им се допаѓаат сценаријата и идеите за растурање на Макпетрол и негово распродавање.
Макпетрол има 2000 вработени поголем дел од нив се вработени на местото на своите роднини кои се во пензија она со сигурност што се знае е дека обичен работник имал 100 акции, и тие што не ги продале акциите, а се вработени ќе му ги продадат на Андреа затоа што тој им обезбедува работа и добра плата.
Со сигурност ќе се јават купувачи на акции од страна на Андреа со цел да не бидат поврзани со него но ќе бидат во можност да купат голема количина.
Ако одиме по тоа дека нема вечни пријатели, како и вечни непријатели не би бил изненаден доколку Андреа се договори со малите акционери. Плус ќе има и обични акционери кои ќе тргуваат.
Мислам дека ова ќе биде долг процес и ќе нема да се случи преку ноќ.
Епилогот би бил 1-3 за Андреа во однос на Балкан петролеум доколку не делува виша сила, нормално е дека ќе одлучуваат и малите акционери, останува да видиме.
Мора да се признае дека Андреа е играч, се вадат муабети секакви но никој не го затвори како што направија со Велија и останати, да ги имале доказите за перење пари изминативе години одамна ќе беше во затвор. Што значи не е толку едноставно, и политички да гледаме Вмро нема да веќе никогаш да биде толку јако особено по изборите, пред неколку месеци се обидоа и со блокирање на сметки не им успеа ова се последните обиди. Има голема разлика меѓу Фершпед и Макпетрол.
Од човечки аспект не сакам вработените да останат без работа тоа се 2000 семејства, тоа ќе биде огромен потрес во економијата, особено ако се земат давачките кои ги има фирмата кон државата, од друга страна сакам да има баланс во цените на горивата како и конкуренција.