Игуаин се мочаше на битните утакмици не само за аргентина туку и за Наполи, и тоа многу од вас го знаат... посебно јувенташите кои се импресионирани од трансферот а до лани постојано сереа и го истакнуваа флопнувањето на големи утакмици, врв на се беше споредбата со мората (во сезона кога гонзало бушеше просечно по 1 гол на текма). Мора да се признае дека добар дел од вас се hypocritical, во тој поглед.
А иначе, ако дојде до продажба на Погба, незнам колку треба да се надевате на ЛШ со Кедира и Маркисио кои се склони на повреди, италијанецов дури некое време е надвор од фудбалски терени, евра веќе е апла у години, Лихштајнер, Барзаљи и Дани Алвеш исто, но сепак има уште 1 сезона врвен фудбал у(највеќето од) нив, мора да е каже, али сезоната е долга. Тимот не ви се подмлади уопште, баш напротив. Но од друга страна имате можност за ротација, а лигата не е баш квалитетна.
Она што највеќе боли за страствените фанови на италијанската игра уште од мали нозе и за објективните љубители на фудбалот е фактот што уште една година ќе си биде one way road и за жал јувентус пак ќе си освои титула минимум 3-4 кола пред крај. Шансите за Лестер сценарио се 100 пати помали од тоа што се деси лани у англија.
И малце е педерски што јуве ги зима најдобрите играчи од конкурентските екипи, но кога истите немаат шанси за титула или подалечен пласман у ЛШ, нема што да се негодува. Фала богу ќе идат у Јуве каде што ќе можат да се борат со најдобрите од европа и нема да бидат посрамотени од истите.
Сите потсвесно си викаме ''ајде ајде, ќе се врати стариот шмек на таљанското'', ама курац... Посебно заради миланските екипи, кои еве 3ипол недели пред старт на сезона си го драпаат со муабети за понуда на улога у филм доколку дојде икарди у Наполи, или 1 евро за пица ако Игуаин се повреди.
За да се реставрира целиот имиџ, за да се вратат на старите патеки, за да се врати вербата на фановите треба доста време да помине, не иде одеднаш. Интер барем се шитна некако, ова со Милан е измачување у права смисла на зборот, цело време се одложува продажбата која очајно му е потребна на тимот.
А и Рома и Наполи, кои очито станаа Арсенал у Серие а, се задоволуваат со пласман у ЛШ и никако да напреднат задниве години. Никаков жар нема , од раководство па се до играчи, толкав им е капацитетот очигледно. Никако да си ги зголемат амбициите, барем што се однесува до ростерот и до трансфер целите.
Толку стана неатрактивна лигата што само идиотите од посилните лиги се прибираат, кои покрај фактот што се во слаба форма, мора да се привикнуваат на тактички најтешката лига во светот.
И објективно, да имаш 18-19 години многу потешко е да се игра во дефанзивно ориентирана Серие а, каде што све се сведува на тактика, отколку во Англија или Шпанија или пак Баерн каде што реално има поголема слобода во играта како на колективот така и на индивидуален план.
Иначе да, од сегашен аспект јуве ќе си биде лагано шампион барем уште 2 сезони (2016/2017 и 2017/2018). Не од што се прејаки, туку од што е (и ќе биде) тапа конкуренцијата.
п.с
@Stefan-kobe , монтела го замени Броки а не Михајлович. ти ебам тоа нубот