Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
Chelsea have made a €45m (£37.7m) bid for Kalidou Koulibaly. Napoli yet to reply.

Последно уредено:
Колку ми е мило само кога ги гледам сликиве по инстаграм како тренираат и какви се не вежби прават. Епа лани на подготовки ice bucket challenger имавте, сега ќе рикнете маму ви јебем.
 
Нема што италијански авторитет е Конте.

Кулибали..не дека е лош....ама до толку подобар не можеа да најдат?
Ај ова е на Конте некоја, штом од Серија А ќе го донесеме сигурно бољи го знае од нас.

Се на се вака тимов со него ќе биде комплетен. Уште не делуваме за шампионска екипа, исто како и лани. Ама ете со квалитетен тренер можеме топ4 максимално. Титула би ме шокирала ама кога лани Лестер земаа зошто да не и Челзи :ROFLMAO:

Ај за пар саати со Ливерпул да видиме нешто посериозно од пријателскиве. :vozbud:
 
Team v Liverpool (4-2-4): Begovic; Azpilicueta, Cahill, Terry (c), Aina; Fabregas, Matic; Wilian, Traore, Loftus-Cheek, Moses.
 
Да има каже некој на Ливерпул дека е пријателска и да оладат малку им ебам стоките со тие кромитка фризури, овој другиот ни на тоа на личи од коњ реп искинал и залепил на глава...
 
За овие 45 мин видов повеќе спринтови со и без топка од лани цела сезона.
Многу поквалитетна транзиција од одбрана во напад.

Аина :cuc:
 
Добро им врати Цеск за тија тепања од прво :D
Едино што ме радува е што делуваме како екипа и добра поставеност а не како лани примавме гол при секој напад на противничка екипа.
Азпи најбољи:zver:
 
Дoбрa пoстaвенoстa и функциoнирaa кaкo тим, aмa имa уште дoстa прoстoр зa пoдoбрувaње. Oдбрaнaтa дoбрo изигрa. Аинa и Мoзес пaк нaјдoбри.
 
Познат факт: Штопер мора да се купи.

Аина моментално е кока кола за Иванович. Исто и Мозес за Хазард :)
 
Познат факт: Штопер мора да се купи.

Аина моментално е кока кола за Иванович. Исто и Мозес за Хазард :)
Зa Хaзaрд вo никoј случaј. Амa зa Вилиaн, Педрo и Квaдрaдo, дa. Ептен сaкaм дa oстaне и кoнечнo пaк дa дoбие шaнсa вo Челзи.
 
Мислев на ланскиот Хазард.
Мене уште ми е енигма неговата форма, лани фудбал заигра само последниот месец колку да се врати во форма за европско. Останатие 8 месеци џабе плата цицаше од клубот, сомнителни повреди, нерасположен за игра, настрана што имаше и по медиуми за случајот Реал.

Мене за да ме убеди дека заслужува да игра во Челзи и да почнам пак да го ценам како играч на Челзи треба оваа цела сезона да биде растрчан како Мозес. Се што прави Мозес моментално Хазард може 3 пати полесно и тоа да биде со елеганција... но само кога му се игра фудбал.

Изгледа Конте ќе оди со класична 4-4-2 формација.
 
Не беа сомнителни, стварно го мачеле повреди кои не му дозволуваа да игра ко што треба. Тек на крајот заигра без никакви болки, и одма го видовме стариот Хазард. Повредите, плус општо лошата форма на целиот тим, доведоа до тоа. Не може на еден играч да се фокусираме и да кривиме кога сите беа за никаде.

Еве и на интервјуа сега цело време збори дека е спремен да игра и дека ќе даде се од себе за да се врати на нивото на кое што беше, па и да се подобри.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom