Инаку јас се откажувам да се расправам. Еве признавам - во средниот век немало луѓе кои се чувствуваат Бугари по потекло, сигурно само царот имал бугарска самосвест. Имало сепак Срби, Хрвати, Маджари со национална самосвест, само Бугарите биле прости селани (глупи Вулгари) кои не знаеле какви се. Сега се надевам дека ќе можете да спиете спокојно.
Што си се фатил за средниот век од тогаш да не постои светот? Ако веќе те интересираат прастари работи, ајде прочепкај малку пред тоа што се случувало уште пред нашата ера. Ќе наидеш на Македонската империја што била најголема по територија. И таа да не била Бугарска?
Ако потеклото на сегашните народи пробуваш да го докажеш со некакви иперии од прастаро време, тогаш почни од почетокот ... сите сме ист народ, потомци на Адам и Ева. Зошто баш од среден век тргаш? Така ти одговара?
Јас не се сметам за потомок на Александар Македонски. После 2300 години смешно е да кажеш дека имаш нешто поврзано со тоа време. Ако ти се сметаш за наследник на царствата од тој твој среден век ... со среќа во животот. Не знам што друго да ти кажам.
Многу е смешно во 21век некој друг да те убедува кој си и што си. Порано било лесно, сега е смешно.[DOUBLEPOST=1470037616][/DOUBLEPOST]
Не знам дали го разбираш, но тоа и милион пати да го повториш останува една лага.
Не се само дијалектите, имаш отомански архиви каде јасно е опишана етничката слика во областите на империјата како и припадност кон Бугарската егзархија.
А ти као си редовен во отоманските архиви а? Те знаат на портирница, стално ги посетуваш.
Еве ти една мапа, вака од прва рака.
https://www.wdl.org/en/item/93/view/1/1/
Секој документ што бил објавен некогаш си има свој извор. Тој извор си има свое гледиште на работите. Еве на пример, после 100 години од сега, ако некој сака да види што се случувало во Македонија и отвори архива на некој сајт близок до Владата, ќе може да заклучи дека Груевски сите го сакаме. Ако отвори сајт на опозиција, тогаш ќе заклучи дека Груевски е диктатор. Но што е фактот? Фактот е дека Груевски е присутен во ова време, некој го сака, некој не го сака. Во учебниците после 100 години како ќе биде претставен зависи од многу работи.
Која е врската со она што го зборуваме? Има етнографски мапи во кои јасно се одвоени Македонскиот народ од Србскиот, Бугарскиот, Грчкиот. Има мапи каде што не е така.
Што е фактот? Поимот Македонски народ, како различен народ од Србскиот, Бугарскиот, Грчкиот итн се спомнува многу поодамна, а не како што сакаат нашите источни соседи да не претстават дека сме творба на Тито и дека сме измислени во 1945 година.
... Сите во Егејска Македонија, знајат дека са били б'лгари, денес са македонци, но не като македонците во Вардар. Не мразјат Б'лгарија, ходјат си на гости при роднините во Б'лгарија и така. јазикот им не е с'рбизиран, доста са религиозни и нито ке станат антички македонци, нито б'лгари. Важното е да не бидат асимилирани.
Никој во Македонија не ги мрази бугарите. Ние ги мразиме окупаторите и тие што сакаат да не претстават како нешто што не сме.