Очигледно е дека техничките предности се на страната на американските авиони - кога се споредуваат авиони од исто поколение. Но во реални услови тоа не мора така да биде. Американската стандардна пушка М16 исто така има убедливи предности над калашњиков, но во реални услови на војна, општопознато е дека и американските сојузници бараат од спонзорите достава на АК. Ако се влези во кратка војна тогаш фенси пушките се добри за манекенско војување, ама во долготрајно заморно војување се бара нешто просто, обично, издржливо, доверливо кое не бара многу за одржување.
Слично, тенкот Панцир 4 - Тигар бил далеку технички понадмоќен од Т35. За уништување на еден Тигар биле во просек потребни 4-6 Т35. Но Т35 ја добива војната. Од сите тогашни тенкови е најлесен и најефтин за производство во големи количини, најлесен за обука и управување, лесен и во тежина од таму и побрз. Закосување на куполата и слични ситни едноставни решенија да обезбедат прифатлива делотворност надоместувајќи за недостоците во квалитетот.
Во услови на војна најважно е како ќе се покаже односот на избраните стретегии споено со оспособноста за спроведување на стратегијата.
Се надевам дека никогаш нема да дознајме кој авион и чие воздухопловство е најдобро во светот.