Чисто сумњам ама еве, да речеме дека е така како што кажуваш ти, дека си бил во некаква црква (не е посочено дал е Православна или некаква секта). Во Црквата секој наоѓа она што бара, некои пари, некои барат внимание, некои другари, некои партнер/ка, некои забава, некои помош, некои разбирање, некои Светлина, Некои Вистина, некои едноставно го бараат Бога! Христос рекол, блажени се чистите по срце зошто тие ќе го видат Бога!
И јас сум бил мнооогу години сатанист, окултист. Сум медитирал, сум правел разноразни ритуали, магии, дроги, оргии, све и свашта... сум читал и проучувал повеќето книги кои ги имате в раце и, фала Богу, на крајот го најдов Бога (Он ме најде мене, најверојатно). Кој што си бара, тоа ќе си најде!!!