The Night Of

  • Креатор на темата Креатор на темата Zedd
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
The Night Of

the-night-of-poster.jpg

Се работи за нова крими драма од HBO која што е инспирирана од британска серија. Кастингот и продукцијата се на очекувано високо ниво а исто така и приказната е возбудлива и полна со мистерии.

Главниот настан во серијата е убиството на една млада и проблематична девојка. Сомнежите веднаш се насочени кон човекот кој последен беше со неа Назир Кан примерен граѓанин но од имигрантска фамилија и со пакистански корени. Во првата епизода беа нафрлани повеќе ликови кои што се сомнителни дека имаат удел во убиството.

Сепак мислам дека примарна цел на серијата е да ни го претстави американскиот систем за правда како и полицијата и начинот на кој што тие па и околината се справуваат кога со него се соочуваат маргинализираните групи во општеството.
 
Предобра серија, ако не и најдобрата крими драма на сите времиња.
10/10 и давам.
 
Втората беше дури подобра од првата
 
Супер беа првиве две епизоди (y)
 
Уште од поодамна не ме заинтересирала некоја серија волку многу,само да не ја усерат и затупат со едно исто
 
Уште од поодамна не ме заинтересирала некоја серија волку многу,само да не ја усерат и затупат со едно исто
Осум епизоди се сезонава, а не знам дали воопшто се планира продолжување. Нема како да затупат.
 
Ги изгледав двете епизоди.
Првата интересна но стана некако ептен бавна откако го застанаа џандарите. Патем, на таа црнкињата све да и изнаебам, многу ме напињаше.
Сепак оваа бавност претпоставувам се должи на фактот што успеаја да ме внесат у филм и да бидам напнат цело време, да се чувствувам како Наз.
Наз е одличен глумец, ако не се лажам глумеше и во одличната црна комедија Four Lions.
Втората епизода потапа од првата, се` некако ми делува како да се фокусираат на небитни работи.
Во секој случај ептен сум заинтересиран да се расветли случајот.
Тој нигерот што го приведоа што му се искурчи (Мустафа бомби а-у) на Наз излажа дека беше сам кога го виде Наз со цурата.
Напротив имаше со него уште еден ултра мега гига нигер кој даде убиствен поглед кон двајцата и гарант има нешто со него.
 
Одлични првите две, посебно во првата атмосферата беше прејака. Иначе јас мислам дека некој има влезено од задната врата пошто мислам девојкава ја остави отворена кога ја изнесе мачката надвор, нели која му сметаше на Наз ради астмата.

Башка и типот на бензиската беше многу сомнителен...
 
Кога сме кај теорииве ништо чудно и Наз да е убиецот,сценаристиве ќе фрлат сомнеж на црнецот со погребалната, на тој другиот од пред куќата а можеби и на очувот кој некако е крајно сомнителен лик, но сепак дечкото се исфорсира со кока, алкохол и екстази прв пат во неговиот живот... Сепак како и да е, серијава само да не ојт во крајна насока на објаснување на криминалниот систем во америка и ставање во длабока сенка на расветлување на случајот.
 
Да го копирам моето мислење од другата тема за убиецот

Мое мислење е дека убиецот е овој од лево со црвената мајца Прегледај го приврзокот 152257
 
Искочи третата , ајде да видиме што ке се дешава

EDIT : Не може превод англиски/амерички да се најде.....
 
Последно уредено:
Линк торент?

Дајте просвлетете ме од кај симнувате сеа од коа нема кик ес?

замунда ми е шит, арена бг исто, на pirate bay нема...
 
Ја има на piratebay

Колку што зависи тоа од сајтот толку и од членовите. Верувам дека ако не се врати kick ass оние луѓе кои што ги изработуваат најдобите торенти ќе се префрлат на вториот најдобар сајт и со тек на време пак ќе има едно одлично место за торенти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom