вака... барам совет од оние кои се биле (или сеуште се) у долга врска...
имам девојка, веќе три месеци одиме, супер е, убава,паметна фина и сички други екстри.... ја сакам највеќе од све на свет...
неможам без неа... се ни е супер, никад не сме се карале... никогаш не сум и се лутил, ниту пак таа на мене,никогаш не сме си префрлиле и така нешто, едноставно се ни е како подмачкано...
но имам еден мал(а можда и голем проблем)...
вака кога видам околу моиве другарки, во нив гледам девојки кои можеби подобро би ми одговарале од девојка ми, или некоја друга, која не ми е другарка, онака на здраво што сме си...
моите блиски другарки, не се дружат со неа(девојката), но исто време сум(трошам) со нив и со девојка ми...
и онака, многу другари/другарки кои ми се блиски и многу ми значат, ми велат дека заслужувам многу повеќе од неа... така да, тоа ми делува уште повеќе збунувачки(иако ме гајле за размислувањата на другите, но сепак другари ми се)
имаме баеги историја со девојката, но никогаш претходно не сме биле фатени, сакам да кажам дека пред една година се имаме мувано, и бевме многу блиску да бидеме заедно, но таа ја заеба работата и ме повреди ептен многу... и сеа пред 3 месеци на екскурзија таа ми кажа дека ме сака и се фативме... тогаш многу малку чувствував за неа, но со тек на време моите чувства спрема неа стануваа се поголеми и поголеми...а и знам дека таа ме сака, и стварно е така...
не ми срам/страв да го кажам ова, бидејќи знам дека тука има многу луѓе кои се добронамерни, и се тука да му помогнат на секого...
така да сакам да ми кажете дали е нормално(и периодично) ова размислување... зш многу така се нервирам и често-пати знам да размислувам за раскинување со неа...
Искрено, вашата врска како што на кратко ја опишуваш ти, дава изглед на совршена...
зошто другарите/другарките мислат дека не е доволно добра за тебе, според тоа што ти го кажуваш, се е ОК...:S ?!
Терајки се по една теорија, би ти кажала да не слушаш што ти викаат другите, и да го правиш тоа што ти го сакаш, но глеам дека не ти е баш лесно, и дека ни ти самиот не си сигурен што точно сакаш...
Е сеа вака, една од лошите работи кога си во врска е делот, кога останатите "познаници" почнуваат да ги изнесуваат своите мислења... тогаш и најсигурниот човек, со најјасни чувства попушта, и тука се јавува сомнежот...
затоа, мој совет (и ништо повеќе од совет од странана некој, што не го знаеш, ама кој ти мисли добро) е да седнеш некаде каде што ти е најувабо да размислуваш, да бидеш сам, да ги избришеш сите мислења што си ги добил од страна, во врска со твојата врска со девојка ти, и да видиш што мислиш ти, да си ги видиш своите чувства и погледи (непокриени од мислењата на другите)...
ако, кога ќе го направиш ова, можеш да помислиш на девојка ти, и да си кажеш "ја сакам, и таа е таа", тогаш знај дека не си згрешил и дека секоја твоја досегашна одлука е добра, но, ако после размислуванјето, сеуште не си сигурен, ако после бришењето на сите други мислења, сеуште постои сомнеж ОД ТВОЈА СТРАНА, тогаш... не е таа таа...
а што се одесува до тоа дека мислиш дека повеќе си одговараш со други девојки, тоа е една од реакциите на твојот мозок, кога е во подолга врска, потребен му е ФЛЕРТ, и се друго му изгледа подобро... затоа feel free да флертуваш по малку и дискретно =) =)
се надевам дека ќе најдеш барем мала помош во ова =)
поздрав,
Psy:smir:
1. Тоа не е долга врска.
2. Тоа е нормално. Секогаш дворот на комшијата е поубав од нашиот, така се вели нели? Но, вистината е дека луѓето речиси редовно се доволно смотани да ја отфрлат убавината што ја имаат за сметка на нешто ново и неоткриено. Со 100% сигурност, другата девојка која ќе ја фатиш ќе има предности но ќе има и маани. Затоа, се` додека душата ти вели дека ти е убаво со оваа девојка, немој да бидеш мутав да ја откачиш зашто некоја друга има поголеми цицки. Има цицки, ама гарант има и целулит на гзот, а знаеш колку го мразиш тоа нели?! :wink: Се додека има хемија, не се мрдај од таа девојка. Коа ќе осетиш дека не е веќе како што би сакал да е, оди понатаму.
3. Има добро намерни, и на секој еден таков има 101 злонамерен.
воедно се согласувам со ова, ама сепак, седни и размисли!!!!
а ти, кај го најде баш целулитот за пример :wink: шала =)