Мене ми е жал што како сме народ сме толку глупи, не, малку е да се рече глупи, ретарди сме, и што не можат сите да видат каде оди работата со задолжувањето. Не можат да поврзат два со два што би се случило ако дома земаат нон стоп кредити за плаќање сметки, или кој е крајот на компанија што зема кредит за плата без план како ќе се враќа кредит и од каде пари за камата ?
Во 21 век, во ера на интернет, можат сите да видат што збори, пример, Џон Перкинс или Џозеф Стиглиц како се уништуваат држави. Како корумпирани политичари прекумерно ја задолжуваат државата ( познато?) и ја носат во должничко ропство.
Стиглиц е нобеловец, професор по економија на Станфорд, бивш претседател на Светска Банка, Перкинс е човек кој директно учестувал во подмитување на политичари, (ако не грешам во Јужна Америка) и форсирал земање на кредити. Политичарите се полнат со пари, државата пропаѓа во должничко ропство, народот го јаде курот...
Не подалеку, Грција е типичен пример. Откако политичарите ја доведоа до должничко ропство- нема крај ! Им ги земаа аеродромите, им ги земаа пристаништата, ќе им земат и територија, острови, пензиите се намалуваат, даноците растат, народ плаче пред банки и штрајкува, вредноста на имотот паѓа....
Патем политичарите што ќе не доведат до проблем ќе ги снема, а народот ќе го ебе ежот у сред боцка. Никој веќе не се сеќава, пример , на Топурковски кој со признавањето на Тајван предизвика вето на Кина во Советот на безбедност и повлекување на ОН од границата со Косово што на крај резултираше со војна.
За кратко време никој нема да се сеќава и на Ставревски, човек на Светска Банка ( Патем, знае некој каде е тој? Има некој илузии дека е воопшто во Македонија? ). Човекот кој ги превзеде финасиите во 2006 со вкупен надворешен долг од 2,5 милијарди евра ( долг на Македонија од 60 години - долг наследен од екс ЈУ, долг од владите на Бранко, Бучко, Хари, Љубчо, Клусев) за да за само 10 години, во 2016 ја остави Македонија со вкупен надворешен долг од 6 или 7 милијарди....
Политичарите ќе ги снема, ќе си живеаат комотно во Америка, Бугарија, Чешка, или дури и во Македонија како “просечни бизнисмени“....Нивните деца, блиска фамилија, швалерки и курви, ќе се напикаат по државни институции на буџет. Ке се образоваат во приватни школи и ќе се лечат по приватни болници. Ке бидат недопирливи за судство и за полиција. Ќе станат “виша “ класа.
Обичниот народ, ќе го цедат со зголемени даноци и казни, со намалување на плата и пензија, зголемени комуналии, ќе се лечи и умира во упропастено здравство, ке затупавува во се поглупаво државно образование. Ќе му го перат мозокот со куртон медиуми, турски серии, турбо фолк, буреци и дегенски квизови. Постепено, се што има нормален IQ и доволно персонален дигнитет да не го пуши ко разни Каракурмишеви, Пандеви и остали - ке избега од државата.
Ако, по некое време остане и државата......