Купопродажба на станови

  • Креатор на темата Креатор на темата Heart Garden
  • Време на започнување Време на започнување

Здраво. Продавам стан и ме интересира кои се документи се потребни при купопродажба?

  • Гласови: 2 50,0%
  • … .

    Гласови: 2 50,0%

  • Вкупно гласачи
    4
мислам дека имотен лист и лична карта се доволни па кај нотар да се направи купопродажен договор
 
Дали прво му плаќаш, потоа на нотар се склучува договор или обратно?
Односно какви се шансите од измами, пр. му даваш пари и да се случи да избега другата страна, без да направите договор?
 
Можеш со банката да договориш услуга продавачот да ги добие парите откако ќе биде склучен договорот[DOUBLEPOST=1468049053][/DOUBLEPOST]
мислам дека имотен лист и лична карта се доволни па кај нотар да се направи купопродажен договор
Потребен е нов, чист имотен лист, лична карта, согласност на брачен другар и многу среќа да се постигне саканата цена
 
Можеш со банката да договориш услуга продавачот да ги добие парите откако ќе биде склучен договорот[DOUBLEPOST=1468049053][/DOUBLEPOST]
Потребен е нов, чист имотен лист, лична карта, согласност на брачен другар и многу среќа да се постигне саканата цена
значи вечерта пред да го продава убо нек ја исклецка жената за да биде задоволна и даде согласност
 
Чекај! Каква согласност од брачен другар?
Па куќата ми е дедовина. Да ја прашувам нејзе дали да продавам МОЈА куќа?
Не е тоа имот стекнат за време на бракот....
 
Кога си ја наследил?
пред или по бракот?
 
колку изнесуват нотарските трошоци?
и како оди процедура доколку имотот е под хипотека?
 
едно време некој напиша дека треба и согласност од комшиите, т.е. дека им е понуден станот на нив по истата цена ? Ова навидум не е проблем, но може да биде, посебно ако неможеш да го најдиш комшијата ... по мене би требало да биде доволно само да го известиш со препорачено писмо некој разумен период пред склопување на купопродажен договор...
 
Нема потреба никого да известуваш. Само доколку станот, односно недвижноста е сопственост на повеќе сосопственици, тогаш тие имаат право на првенствено купување и тоа под истите услови како најповолната понуда од потенцијалниот купувач.
 
ако недвижноста е сопственост на повеќе сопственици тогаш до скоро и не можеше да се продава без согласност на сите, по ново е дека е можно 51% од сопствениците да ја продаваат недвижнината во име на сите ?
 
Каде може да се види тој закон?
 
ако недвижноста е сопственост на повеќе сопственици тогаш до скоро и не можеше да се продава без согласност на сите, по ново е дека е можно 51% од сопствениците да ја продаваат недвижнината во име на сите ?
Секој сосопственик може да го продаде само неговиот сосопственички дел, а не целата недвижност. Само во одредени случаи, кога предметот на сосопственост е физички неделив по барање на некој од сосопствениците, може да се продава и целата ствар, предмет на сосопственост. Инаку никој не може да продаде нешто што не е негово, па макар тоа биле и 90 % од сосопствениците. Доколку сепак некако се случи таква купопродажба, тогаш ваквиот договор ќе биде ништовен со оглед дека се работи за недозволени располагања.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom