FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
The Congress. Повеќе ми се допаѓа или повеќе не ми се допаѓа? И јас самиот не сум сигурен. Но, во едно сум сигурен - ова е филм кој не ме остави рамнодушен. Филм кој во еден момент е одличен, а во следниот е ужасен и обратно. Но, да почнам од некаде. Глумата на Робин е извонредна. За пофалба е и глумата на дечкото што го играше нејзиниот син. Го имам гледано во уште 2 филма и мислам дека е нова надеж. Амбиентот - дискретно футуристички, дијалозите - одмерени и паметни (без претерани објаснувања), почетокот на филмов - фантастичен. Се беше одлично до анимираниот дел. Анимираниот дел беше тежок, напорен за следење, неповрзан, нелогичен и пренатрупан. Всушност тоа е единствениот дел од целиот филм кој не ми се допадна и мислам дека требало да се заокружи поинаку. Како и да е, последните минути откриваат многу. Се се разјаснува на крајот. Одличен крај. Што се би направил човекот за повторно да биде среќен; за повторно да биде со луѓето што ги сака? Повторно халуцинации. Подобро отколку досадно и мачно чекање на смртта. Можеби таму повторно ќе го сретне синот. Па дури и ако е се само производ на нејзиниот ум... сето тоа е побезболно. Одлично. На некој начин филмов ме потсети на еден од моите омилени филмови Vanilla Sky во кој на сличен начин се поправа светот. Со замина на светот со друг свет кој не постои... односно се случува само во главата на ликот.
Ова е филм за последиците од изборот. Вистински или погрешен избор? Од само еден единствен избор, но во оној момент кога сме стуткани во аголот од собата и нема каде да избегаме. Филм кој остава простор за размислување на животот и постоењето; за она што можеби не чека во иднина, или кој знае... можеби веќе го живееме, а не сме ниту свесни за тоа. Мислам дека љубителите на ваквите филмови ќе го препознаат квалитетот и ќе му дадат шанса (на анимираниот дел).
Сеуште не сум сигурен која оцена ја заслужува филмов. Да беше анимираниот дел посреден и поразбирлив, па да знам што гледам една добра половина од филмот... сигурно ќе добиеше 10. А вака ќе морам да се одлучам за 8-ка. Во името на ампулите, халуцинациите и лажните светови кои понекогаш се навистина поубави од реалноста.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Ленин

Помешани импресии, грижата на Алекс за беше претерана, на крајот како да ги правеше работите бидејќи уживаше тој а не поради мајка му. Плус за прикажвањето на западен и источен Берлин и социјалистичкиот систем со сите свои предности и мани кои ги имал. Улогата на Алекс не ме поврза многу така да конечна оценка 7.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Конгресот

Одличен почеток но се изгубив кога почна анимираниот дел, не знаев дека има анимација. Почетокот на анимираниот дел ми беше полош, додека да се вклопам во приказната што се случува. Се направи Робин за да излези од анимацијата и да биди повторно со синот за на крај да се врати повторно да го бара. Само не сфатив на крајот дали се пронајдоја или беше нејзина халуцинација. Интересен филм, малце нејасен и пренатрупан, можеби требаше да трае малку подолго, оценка 8.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.734
Поени од реакции
33.425
Мене не ми се допадна. Sorry @wot , ова сепак беше преголем залак за проголтување. По-трипи филм не сум гледал во животот, тоа прво. Друго, сите велите дека анимацијата не ви се допаднала, и оп на крај - висока оценка, а анимацијата е повеќе од две третини од филмот. Се плашите @wot да не ве банира ако му шибнете една петка, на пример? :P Само сам се мало ШАЛОВАО, наравно. :P

Оти не ми се допадна? Не знам: супер премиса, одлична нарација, дијалози, глума... Добра поента на крај и те тера да размислуваш - сѐ на сѐ, баш тоа е тоа што јас го наоѓам во филмовите на кои им давам оценка - 8, 9, 10. Но овде имаше еден друг момент кој не ми дозволи да дадам таква оценка - тоа што не ми беше гледлив. Едноставно сакав што поскоро да заврши зашто ништо не ме влечеше да продолжам да го гледам. Затоа само 6-ка од мене. И не можам многу да образложувам, немам којзнае колку време, затоа за сега, доволно е и ова.

@Spiegel , @MyloXyloto , @Џонтра Волта , @devilko , @ob1 , @Goodfella , @Bojan Van Buuren , @џимеј , @Erich Zann , @Хоуп , @Хефест - денес е последниот ден за гледање на The Congress. Утре почнуваме со нов филм.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ќе го глеам денес и ќе пишам нешто.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.423
Поени од реакции
9.318
И јас почнав да го гледам и исто така се осеќав-едвај чекав да заврши. И на крај го оставив, си реков ќе соберам сили некој ден ќе го догледам, ама помина времето. Не е фер на некој да се гледа филмот на некој не, па сигурно ќе го изгледам, ама еве и на пола филм изгледан прв пат сигурна сум дека не е филм за мене и дека гарант нема да се премислам до крај.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Јас немам салам нет........ама обавезно ќе го изгледам чим се среди проблемот и ќе пишам. Така да, задоцнето ама незаборавено ќе е.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.734
Поени од реакции
33.425
The Congress на @wot постави нов неславен рекорд во клубов, со само шестмина гледачи, но оценката и не е така лоша - 7,2. Сме виделе многу полошо од тоа. Но пак ќе напоменам дека слабата гледаност е само заради периодот во кој некој е на одмор, некој повеќе надвор отколку дома, кога ретко кога пуштаме телевизор плашејќи се да не ни ја загрее дополнително собата, а не заради @wot или заради The Congress itself. ;) Ќе дојдат студови пак, ќе се врати сјајот на клубот.

Не го гледаа: @MyloXyloto , @devilko , @Goodfella , @Bojan Van Buuren , @Erich Zann , @Хоуп (прв (во низа) негледан на секој од нив), @Џонтра Волта (втор негледан во низа) и @Spiegel , @ob1 , @џимеј и @Хефест (трет по ред неизгледан, па затоа знаете дека добивате „привремен црвен картон“ кој ќе биде укинат штом изгледате било кој од пропуштените филмови).

Петнаесеттиот филм требаше да го предложи @Луси_Лу , но бидејќи Луси за жал не собра сили да не дружи во клубот, нејзиното место го презема @Leo Bonnie кој е еден од неколкумината со 100% учинок тука. Да се појавев јас од сабајле на темава, ќе му оставев простор до 20:00 на Лео сам да си каже кој филм го одбрал и зошто баш тој филм го одбрал, но и за мене е лето, you know, плус и со работни обврски, па еве дури сега се прибирам и за да не должиме многу, овојпат ќе одиме по старо, и јас ќе ви кажам што ќе гледаме следно.

@Leo Bonnie го избра класикот на Серџо Леоне од 1968, Once Upon a Time in the West.

000.jpg

Нема кој не слушнал за филмов! Ако ништо друго, сигурно барем еднаш во некоја неврзана конверзација секој од нас го има употребено бајковитиот наслов на филмов „Беше еднаш на дивиот запад“ или некоја негова друга варијанта. Класикот во кој улогите ги толкуваат (меѓу другите) и Хенри Фонда, Чарлс Бронсон и Клаудија Кардинале е рангиран меѓу најдобрите филмови на сите времиња според IMDB - на 28-то место. И еве, ќе ви откријам и една тајна: филмот е и дел од нашата Кајгана ТОП 250 листа на најдобри филмови на сите времиња, и тоа на уште повисокото 21-во место (овој податок не го знаевте зашто сѐ уште не сум стигнат толку високо на листата со одбројувањето кон врвот). Што значи - ни следува загарантирано уживање! Или не? Ова сепак е првиот вестерн кој е предложен тука, а знам дека на многумина вестернот не им е баш омилен жанр (пред се ова го говорам во мое име). Но, сепак би рекол дека јас имам високи очекувања од филмов и се надевам дека нема да ме разочара.

@wot , смени наслов, плис: Film Club 2016 (Once Upon a Time in the West: 04.07 - 17.07)

Lettebroxd листата е update-увана - http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/

што ни преостанува друго освен да го симнеме и гледаме / репризираме?
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Знам, пак ќе се повторам, ме мрзи периодов да глеам филмови, коа ќе сум расположен ќе ги изгледам сите што сум ги пропуштил.

Овој го иам глеано, Си беше еднаш на Запад. Врв филм, со врвен саундтрак, ќе лапа 9ка пошто не го земал Клинт Иствуд ама затоа тука е Клаудија Кардинале да ја врати 10ката. :love::drk:
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.444
Поени од реакции
5.441
Се надевам ќе ви се допадне, барав жарн кој не поминал досега, се двоумев меѓу вестерн и југословенски но се одлучив за една ваква класика да го прикажиме вестернот во добро светло.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Баш помислив прееска на филмот, а не ми е гледан, само долго време го имам на watchlist :D Ќе пробам да го изгледам вечер или утре.
А за The Congress, имав време, ама не ми се гледаше такво нешо. :unsure:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
@grande-juve дали ти имаш направено превод за филмов? Случајно најдов македонски (којзнае од кога немам гледано филм со македонски превод) на opensubtitles пошо ме напнаа ретардираните од podnapisi, имаше на 2 места една реченица што ја остаиле да седи 5 минути на екран.

Обично вестерните ми се убер досадни. Се прави build up (во кој патем, не се случува ништо) за на крај да се испукаат 2 секунди и толку.
И овој на почетокот веднаш почна така, 10 минути ништо не се случува (океј, се случува драма со мува) ќе се спукаат и толку.
Но, како што течеше филмот не ми беше досаден како што ми биле досадни некои други вестерни.
Претпоставувам дека филмов се цени најмногу ради soundtrack-от и сет дизајнот.
Музиката на Мориконе феноменална секако, не верувам некој да нема слушнато дел од музиката. Ја бев као „аааа еве од кај било ова парче музика“. Само една замерка имам, не беше најсоодветна музиката кога Клаудија дојде да си го види идното (?) семејство мртво. Во позадина музиката некако среќна...
Она што лесно се забележува во овие филмови е тоа што не е битен дијалогот. Најбитно е каков поглед праќаат актерите.
Битните работи што те интересираат, ќе ги кажат у една реченица и се друго се базира на глумата.
Би му дал 7/10 и сметам дека е преценет филм затоа што ја сепак барам да има интересен дијалог.
Ама сет дизајн костуми и тие работи, алал да им е.
 
G

grande-juve

Гостин
@grande-juve дали ти имаш направено превод за филмов? Случајно најдов македонски (којзнае од кога немам гледано филм со македонски превод) на opensubtitles пошо ме напнаа ретардираните од podnapisi, имаше на 2 места една реченица што ја остаиле да седи 5 минути на екран.
Јас, да. Решив да ги преведам тие што ми се во топ 20 на сите времиња, али во пауза ми е проектот :D.


А за филмов сум спомнувал поише пати, се' до точка ми е погодено, го имам гледано најмалку 5 пати и секогаш била истата перфектна оцена 10. Уживање до даска.
А баш таа сцена Кардинале коа пристигнува со возот, и посебно со таа музика, ми е една од најубавите филмски сцени. Музиката никогаш не ми звучела весела, туку од една страна како оптимистичка за Кардинале која доаѓа да почне од нула, а од друга тажна и ко со некоја меланхоличност зашто знаеме ко гледачи што му се има случено на семејството. Не знам зошто али стално кнедла во грло ми се праи на таа сцена.

Нормално дека нема на сите да им се свиѓа исто, али задолжителна лектира е филмов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom