Еве колку бил чесен убиецот, се фали со кривичните дела и се гордее што го има по медиуми (2014-2015)
Пошто велиш го знаеш дечкото, дали е точно тоа што се пишува по медиумите дека убиецот е син на познат полициски функсионер и дека имал и други кривични дела за кои никогаш не одговорил, меѓу кои и напад врз полицаец?
Дали е точно дека пред некое време на истото место околу 40 македонци нападнале 2ца албанци, а полицијата била слепа и нема.
Дали е точно дека група македонци лани исто така на месец Рамазан во Куманово нападнаа 2ца браќа албанци и им нанесоа тешки повреди, единствена нивна вина била што отишле да купат леб во македонска фурна, а сторителите никогаш не одговорија.
Ете јас кој нити работам во полиција, нити сум колекционер на црни хроники ... ти бројам случаи каде македонците се однесувале цитирам како амазонско племе.
Тоа што јас се сложувам е дека таткото не требал да се расправа со разни идиоти во присуство на своето дете и жена ... децата само пред другари сакаат да се пофалат дека нивниот татко е најсилен на свет со најголеми мускули ... но реално тие никогаш не би сакале да видат како нивниот татко се тепа со други луѓе, па макар и ги потепал сите ... тоа е траума за нив. Ако стварно го сакаш сопственото дете и сакаш да го заштитиш, тргни го настрана.
Ти очигледно не си го доволно познал убиецот (кога велиш дека он никогаш не бил спремен тоа да го направи), пошто тој можеше да продолжи понатаму кон својот дом или кон полициска станица, патот му беше отворен, никој не го загрозуваше него .. но тој одбрал да згази цело семејство.
Нити МВР (која секогаш дава анти-албански соопштенија) не го потврдува реченото од тебе дека таткото на детето применил сила врз убиецот.
Понатаму, за какви монструми се работи, се гледа по тоа што откако целото семејство беше згазено, а мајката на детето поради болката за сопствениот син така повредена стана и го крена синот, а
монструмот совозач излегува од колата и со тврд предмет удира по родителите и ги следи додека тие се одалечуваат од местото на настанот. (доколку не беа локалните жители веројатно и совозачот ќе стореше убиство, пошто се гледа дека со тврдиот предмет нишани по главите на родителите)
Во земји како Турција, вакви монструми се линчуваат на лице место, но локалните жители кои се најдоа таму покажаа милост и ги оставија да се одалечат.
Еве сега прилика институциите да вратат доверба, дали ќе постапат спрема законите на правото или спрема законите на партијата и нацијата?
Затворен убиец, добар убиец или
Мртов ш*птар, добар ш*птар.
Што ќе одлучат?
Пошто на форумов и во општеството има многу подржувачи на убиецот, многу е важна одлуката на судот, за да истите подржувачи пресметаат дали имаат рачун да постапат исто како Б.И ... блага казна е неказна и потик на останатите.
Криминалците не се делат по нација и вера, се додека институциите не ги делат како такви.
Поздрав