Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.508
Поени од реакции
24.285
Еве ти мала помош, го исмејував дебилон горе кој рече дека Заев е крив што пописот не успеал.
Добро де сепак те прашувам дали имаш најмала претстава зошто тие не успеаја и нема да успејат во догледно време ?
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Веројатно тука чекаш одговор: - Затоа што на попис албанците би излегле помалку од 20% и со тоа би пропаднал Рамковниот договор.
Можеби и е така.
Но, можеби причината е во тоа што Македонците би излегле помалку од 50%?
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.508
Поени од реакции
24.285
Странски служби, мрачни сили, душмани, предавници...
Сечени , лепени, монтирани ......
Или и ти си како овие другите ептен паметните без ниеден конкретен одговор освен секако неизбежниот дел каде сите се глупи само вие паметни?
Повели бујрум твое мислење и став зошто е тоа така и дека уште дого време нема да има попис, барем не реален и кој би ја отсликувал вистинската слика ?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Слободна проценка е дека од 1,2 до 1,4 милиони народ е останат овде. Поразителни се цифрите и за Македонците и за Албанците. Со оглед на тоа што реален deadline на пописот беше 2012 година, само 4 години од љубовта меѓу двајцата најголеми мафијашки патриоти на планетава, најлесно им е да заташкаат и така тоа е џабе, 8 милиони евра државни пари у к***ц. Лавини од монтирани меѓусебни обвинувања, со монтирани "као меѓуетнички" тензии, малку лаење од опозициони медиуми, ама режимскиот брак си цепа, гази понатаму. Плодови од тоа колку сакаш. Ниту можеш буџет да скроиш, барем не нормален, за лудачки по нивни терк не е проблем. Ниту знаеш каде реално треба да инвестираш, а каде не, ама и така те боли к** кога пикаш пари у џеб. Се манипулира со бројки на исселени, умрени, родени, вработени, попикани у државна администрација - бенефити за мафијата колку сакаш.

И ќе ти каже некој муфљуз ко оние што ставаат линкови од спинерскине пропагандни лајала на орце, дека со тоа што албанците со помалку од 25% Бејли и амбасадата немале право вака да ни пикаат нос у внатредржавни работи. Среќа имаме што знаат со какви психопати си имаат работа и дека нормален народ не лапа тоа ѓубре, инаку ќе не бомбардираат за 24 часа. Дури ни таа клиентелистичка војска што од зорт гласа за нив веќе не им го купува тој само декларативен, лажен патриотизам. Останаа само овие токмациве како lreal, што на шупак го има тетовирано см.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.508
Поени од реакции
24.285
Веројатно тука чекаш одговор: - Затоа што на попис албанците би излегле помалку од 20% и со тоа би пропаднал Рамковниот договор.
Можеби и е така.
Но, можеби причината е во тоа што Македонците би излегле помалку од 50%?
Ако би било тоа случај пописот ке беше експресно завршен. Сепак не го попречуваја Македонците попишувањето .
И не се исселуваат само Македонците, ништо покусо не се ни тие, напротив.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.508
Поени од реакции
24.285
Тебе те чекав да ме просветлиш од штабот зошто немало попис.
Да не имаш добиено некоја склероза од толку коктели мешање. Ти си таа што го спомна пописот кога не споредуваше со Босна, не јас. Јас само прашав да не знаеш зошто е тоа така кога веќе почна. Ти требаше да бидиш таа која ке не просветли од напредната Босна зошто нема попис, не јас.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.813
Поени од реакции
17.032
Не треба попис, кој СЕГА кочи да се избришат фантомските гласачи ??? Зошто Орав , Бејли и другите не ги притиснат Дуи и Дпа ??
Доста м*да за бубрези ни продаваат, а Грција попат кај стигне пласира дека албанците биле 30% од населението...
 
M

Moon Child

Гостин
Да не имаш добиено некоја склероза од толку коктели мешање. Ти си таа што го спомна пописот кога не споредуваше со Босна, не јас. Јас само прашав да не знаеш зошто е тоа така кога веќе почна. Ти требаше да бидиш таа која ке не просветли од напредната Босна зошто нема попис, не јас.
Ќе мериме курови до недоглед?
Можам јас до утре да тврдам зошто немало попис, а исто и ти. Битно е дека попис немаше во Македонија. Уствари имаше, ама неуспешен, се прекина. Не сме способни попис да спроведеме, од било која причина. Во БИХ луѓето успејаа. Пред 3 дена објавија резултати. Јас не сум ништо крива, само споредував. Една Босна успеја да направи попис, ние не успеавме. На времето бевме на рамниште со Хрватска, сега ни со БИХ неможеме да се рамниме. Со Косово можеме само.
Не те боли тоа? Мене ме боли. Затоа што јас имам живеено и во двете земји, и знам каков е животот и во двете земји, а знам и каков БИЛ животот во двете земји. Затоа ме боли.
Ме болеше и лани кога Србија изосвои се во спорт. Ме болеше што Хрватска игра на европско, а БИХ играше на светско во фудбал. Србите освоија лани второ место во кошарка во светот. Јуниорите им освоија злато на светско во фудбал. Го имаат Новак Џокович да ги преставува по светот. Ние останавме последна дупка на свирало изолирани и од комшилукот, сите ни се за се криви за се, како мало дете кое никој не го игра седнато в ќоше, додека сите напред тргнаа ние тука расправаме за Сорос и мрачни сили.
Не те боли, стварно ли не те боли што не нема никаде? Никаде во ништо не нема. Ни на културно ниво, ни во спорт, ни во политика.
Мене ми е криво, затоа што ние не заостанавме туку се вративме 2 века назад.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Владе дај не не' мачи, кажи си зошто пописот бил неуспешен.
Само немој Сител дознава од анонимни аналитичари и експерти.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom