Тоа со гласањето од дијаспората излегува вака :
Некој што не живее тука - одлучува КАКО ќе се живее тука !
Дали тука ќе има повисоки или пониски даноци, дали од буџетот ќе се пренаменат пари за болници,школи или за споменици, дали ќе има повисоки казни за народот, кои лекови ќе бидат на позитивна листа....
Мене ми личи, не малку, туку МНОГУ глупо тоа.
Идете у курац, ако сака да одлучува за битни работи во Македонија - нека дојде да живее тука ! Ко јас да му влезам дома на некој и да му кажам како ќе му биде распоредот на мебелот и како ќе ги троши парите од плата?
Друго се парите за избори, плата и трошоци на пратеници. Во сиромашна држава како нас, каде деца умираат оти нема пари за операција, со катастофални државни болници, школи, студентски домови - ние лупаме милиони евра за пратеници од дијаспората.
Немам јас ништо против дијаспората.
Нека имаат македонски пасош, нека имаат помош од нашите амбасади( дали правна, дали за бизнис контакти), нека имаат и дополнителни стимулации ако решат да отворат бизнис во Македонија.....
Ама за гласање, избори, пратеници - сум апсолутно НЕ !
Тие луѓе едноставно не си ја гледаат иднината тука ( не ги осудувам ), ама најмалку па може да решаваат за иднината на нас тука.