Кина

Член од
18 декември 2014
Мислења
106
Поени од реакции
16
Здраво на сите,

дали некој знае за виза за Кина како иде процедурата? Се јавував во амбасада велат треба покана, дали може со резервација за хотел и повратен билет да се бара виза? Дали има некој одено за Кина?
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.102

Неможам да ти кажам за со МКД пасош али за со АУС бараат да имаш обезбедено смештај за секој ден што си таму, да покажеш превоз (карта за воз, авион) влез и излез. Зависи каде идеш има градови за кој не треба виза доколку остануваш на кусо, пример во поголемите градови има 72 саати безплатна транзит виза.
https://www.travelchinaguide.com/embassy/visa/entry.htm

Разгледај ја странава ќе најдеш доста инфо...
https://www.travelchinaguide.com/

Ако идеш сам не организирано имај на ум дека ретко кој збори англиски. Кина не е баш лесна земја за сам да се снаоѓаш. Такси ти е ефтино, не зимај аеродромски, земи си од надвор.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.102
@kano Фала многу, Сам сакам да одам, не преку агенција.

Зар никој со МК пасош нема за Кина одено?
Za sam imaj na um deka ako ne zboris kineski so isklucok na Shanghai i do nekoj stepen Peking ostatokot na kina moze da ti e dosta problematicen da se snajdes. Kina veke ne e ni eftina pogotovo pogolemite gradovi.
 
Последно уредено:
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Здраво на сите,

дали некој знае за виза за Кина како иде процедурата? Се јавував во амбасада велат треба покана, дали може со резервација за хотел и повратен билет да се бара виза? Дали има некој одено за Кина?
. У принцип тоа е букинг на хотел , патничко осигурување , повратна авионска карта , покана од кинеска компанија , една слика како за пасош , мислам дека и потврда дека си вработен (М1-М2) требаше ама не сум сигурен , го скинав ливчето со списокот :) . Ако одиш во Хонг Конг до 14 дена не ти треба виза ако пак одиш во внатрешноста ќе ти треба. За покана прогуглај тоа фирмите во градот кај што треба да одиш , најди некоја од твојата професија , пиши мејл дека сакаш да ги посетиш и толку ![DOUBLEPOST=1467378242][/DOUBLEPOST]Како што пиша Кано , Кина не е ефтина уопште особено хотели и транспорт . Таксито отварај очи да вклучи таксиметар ако не покажи му со прст .10 км такси е околу 400 денари ама ако не внимаваш може да биде и 1500 . Од искуство ти зборам :) ! Во поефтини ресторани , плакни прибор и чаши , ионака чајот таму е скоро бесплатен . Во скапите немаш гајле , ја шијат јуропа !
 
Фала на одговорот.

Ти сам одеше така? Или преку агенција извади виза?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Фала на одговорот.

Ти сам одеше така? Или преку агенција извади виза?
Јас имав покана за семинар , од фирмата чиј представник сум. Се друго сам си вадев . Боза работа е зошто да плаќаш агенција !Мислам дека у вторник околу 9 или 10 даваш документите во петок во 10 плаќаш и си ја земаш визата , води рачун за бројот на влегувања ако си близу на пример до ХК , Макао и сакаш да одиш таму и пак да се вратиш во Кина барај 2 влеза , исти пари е само треба план да имаш.
Пред да го дадеш формуларот за виза симни го од интернет и сам натенане поплни го порано од дома , сликата залепи ја на означеното место да не се потресуваш таму у редот .
Ако нешто не ти е јасно со пополнувањето пиши у ПП.
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
. У принцип тоа е букинг на хотел , патничко осигурување , повратна авионска карта , покана од кинеска компанија , една слика како за пасош , мислам дека и потврда дека си вработен (М1-М2) требаше ама не сум сигурен , го скинав ливчето со списокот :) . Ако одиш во Хонг Конг до 14 дена не ти треба виза ако пак одиш во внатрешноста ќе ти треба. За покана прогуглај тоа фирмите во градот кај што треба да одиш , најди некоја од твојата професија , пиши мејл дека сакаш да ги посетиш и толку ![DOUBLEPOST=1467378242][/DOUBLEPOST]Како што пиша Кано , Кина не е ефтина уопште особено хотели и транспорт . Таксито отварај очи да вклучи таксиметар ако не покажи му со прст .10 км такси е околу 400 денари ама ако не внимаваш може да биде и 1500 . Од искуство ти зборам :) ! Во поефтини ресторани , плакни прибор и чаши , ионака чајот таму е скоро бесплатен . Во скапите немаш гајле , ја шијат јуропа !
токму така
јас само би додал, букирајте хотел со фри канселејшн за да имате потврда па откажете подоцна
Хотели има ефтини и по 10 долари од ден, нарочно во предградијата на Шенџен, ЧангПинг и ДонГуан се ефтини, многу блиску до Хонг Конг, има метро линии
со таксисти договарање на цена унапред, вообичаено таа почетна што ќе ви ја кажат, стасува до упола
поевтини ресторани одете исклучиво ако не ви се живее
и да, плакнете се со зовриен чај :)
пробајте го ЦингТао пивото, блиску е до даб
никако не јадете мачки, и кокошки, секогаш филе, освен ако нејкете заедно со нокти да ви го донесат :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom