Општи дискусии за ТВ серии

Член од
22 јуни 2010
Мислења
3.688
Поени од реакции
5.444
@wot ја гледаш уште Bates Motel? Да даеше некое мислење дали вреди да се продолжува.

Јас несвесно ја прекинав од немање време, а очајно ми фали нешто хорор серија :D Penny ја гледам ама нели излегува епизода по епизода па имам за чекање.
Пиша некој претходно дека поновите сезони се подобри.

Sent from my Redmi Note 3 using Tapatalk
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Изгледав две епизоди од Damien. Серијата се надоврзува на 1,2 и 3 дел од Omen (т.е. Претскажување - и тоа надоврзување, меѓу другото, се прави и со преземање сцени од самите филмови, како флешбекови од минатото на главниот лик), кои се мошне добри хорори, и разбирливо, ги следи згодите и незгодите на Демијан, кој у ствари да ти бил антихрист, син на сатаната, дојден да ја пороби планетата. Тој дел од приказната, и по Omen 1-2-3, односно по оној недостоен римејк од 2006, некако ми беше нејасен во филмовите, па среќа е што серијата ми го разјасни.
Од она што го видов, серијата премногу се потпира на филмовите: чудни жени-сатанистки, загрижени попови и археолози, агресивни џукели и мистериозни несреќи. Сето тоа, наместо во филм или два, кои веќе се снимени, е растегнато во серија која изгледа нема нешто ново да понуди. Приказната е горе-долу иста, актерската екипа нема шанси со Грегори Пек и Вилијам Холден и другите.
А да, и Џери Голдсмит со прекрасната музика.

Бредли Џејмс, за некого познат како Артур од серијата Мерлин, не се снаоѓа баш најдобро како Демијан, ама затоа ротвајлерите се закон, иако ја би одел со питбули оти покажуваат неограничен ентузијазам за правење сцени потребни за вакви приказни. Посебно ако се соживеат со улогата. Тогаш ќе се соживеат и другите глумци и ете хорор класика.
Многу предвидливост е незгодна работа, а овде уште во првите десетина минути се прават прилично успешни претскажувања кој лик ќе оди курбан (и тоа на таков начин, кој заостанува зад креативните решенија во филмовите) а кој е сатанска кучка. Од старт знаеме кој, зошто и многу веројатно - како.
Непотребна, неоригинална серија, со просечна глума и исто такво сценарио. Не верувам дека приказната којзнае како ќе се развива натаму. Ова може да се гледа од љубопитност, ако некого ептен го интересира што направиле од оригиналот кој е многу подобар, или ако нема нешто друго за гледање или ако се нема попаметна работа.
 
G

grande-juve

Гостин
Curb Your Enthusiasm се враќа за 9та сезона!!! :vozbud:

----

Nathan for You, зошто никој не ја спомнал?? Генијална комедија, ме потсеќа на моменти на Алан Партриџ и Да Али Џи Шоу, али со своја оргиналност. Огромна препорака!

----

И уште една препорака за комедија, Крб јур ентузијазм сведен на состаноци, дејтувања, врски.. Man seeking Woman (y)
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.124
Поени од реакции
341
@wot ја гледаш уште Bates Motel? Да даеше некое мислење дали вреди да се продолжува.

Јас несвесно ја прекинав од немање време, а очајно ми фали нешто хорор серија :D Penny ја гледам ама нели излегува епизода по епизода па имам за чекање.

Инаку @Сабазиј @Daedalus http://www.imdb.com/title/tt2548418/
Пробајте ова ако не ви е. Интересничко е.
Со закаснување за ВМ. Ако не ја имаш гледано, почни ја. Не е хорор ама е супер серија. Со секоја наредна сезона станва се подобра и подобра.
 
Член од
30 април 2013
Мислења
267
Поени од реакции
79
Воопшто не се сомневам дека Ходоровски би направил своевидно ремек дело. Па сепак, мислам дека најдобрата верзија е некаде меѓу она што би го снимил Латиноамериканецот и она што го реализирал Линч.
Не знам колку сте запознаени,но Линч не ни сакаше да биде потпишан на Дина.Едноставно,се шокирал кога го видел крајниот производ.Во договорот немал клаузула на final cut,па студиото му го масакрирало филмот.Постои и друга многу продолжена верзија на филмот на Линч,посебно е долга финалната сцена.И уште нешто,Линч во некои верзии воопшто не фигурира како режисер на Дина,туку се појавува псевдонимот Алан Смити,што е псевдоним кој режисерите го користат кога не сакаат да имаат никаква врска со снимениот филм.
 
Абе знаеме, знаеме дека не му е омилен филм, дека не ужива да зборува за него и сл. Сепак, Линч го снимил филмот и тоа е тоа. Меѓутоа, што и да мислиме за филмот, тоа никако не ја намалува тежината на Линч како уметник и режисер, поради другите дела.
Овде само искоментиравме дека одредени дела поради повеќе причини не можат лесно и верно да се пренесат на платно, и дека Дина е едно од нив. Кој и да го режираше ќе си имаше мака поради специфичноста на книгата.
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.391
Поени од реакции
26.385

With Jonathan Rhys Meyers, Malachi Kirby, Forest Whitaker, Laurence Fishburne.

Мини серија, има 4 епизоди.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Ја гледаше првата епизода некој ? The night off
http://www.imdb.com/title/tt2401256/

Рано е по една епизода но делува ветувачки.
Само што ја изгледав, одлична беше прва епизода. Се гледа дека се трудат да вметнат многу проблеми од криминално правниот систем во САД со тоа што се застапени малцинствата. Почитав дека е римејк на британската серија Criminal Justice

Мое мислење е дека убиецот е овој од лево со црвената мајца 1.jpg
 
Последно уредено:

Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752
Само што ја изгледав, одлична беше прва епизода. Се гледа дека се трудат да вметнат многу проблеми од криминално правниот систем во САД со тоа што се застапени малцинствата. Почитав дека е римејк на британската серија Criminal Justice

Мое мислење е дека убиецот е овој од лево со црвената мајца Прегледај го приврзокот 152257
Bodie is that u son?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom