Мене не ми пречи сите дијаспорци да се избришат од овдешниот список и да гласаат на списокот на иселениците. И законодавниот дом тоа го предвидел. И така имаат повеќе права како избирачи, нивниот глас вреди 10 пати повеќе од нашиот...Затоа дпмне се во коалиција до смрт верни со албанците па се надевам ќе ги избришат.
ок, на сФаровски суд? Те молам, не пишувај вакви фикции. Цело време борбата се врти околу блокада на сјо и аболиција.
Прво, не се работи само за Пустец туку и за други (јасно можеш да слушнеш од лепените и монтирани снимки за лица на повеќе списоци и нови лични карти) места. Најдени се лица на непостоечки адреси (што не е законски), лица на адреси каде лицата кои веќе живеат таму немаат поим за додадени лица (пак незаконски), лица на адреси на државни и јавни фирми (повторно незаконски).
ако го прочиташ, колку и да ти е несфатливо, очигледно не треба да гласаш во Македонија како лице на привремен престој во странство.
не знам, има многу кандидати
Штета што ова го прочитав последно, бадијала се мачев да реплицирам. Со ова самиот си побиваш 3-4 страни и потврдуваш дека списокот не е ажуриран, а кој тоа го правел во дик или во некое министерство, доколку не го блокираа, сјо требаше да го иследи. Додуша и редовните судови ама...
1. Нема овдешен или дијаспорски список него сите се на ЕДЕН список. Нема бришење него преместување на кој каде да гласа, и да и мене не ми пречи тоа (на никој не му пречи) ама спроведи го и за нас и за шипците. Кога ќе го спроведеш за нив нема проблем ни за нас да важи тоа, само чисто се сомневам дека тоа ќе го дозволат ДУИ, ДПА и странците.
Гласот на дијаспорците не вреди 10 пати повеќе од твојот, веќе 2-3 пати објаснив дека дефакто ние НЕМАМЕ услови да гласаме масивно. Значи ти бараш 6500 гласови од АУС за пратеник а отвараш дури 2 избирачки места со капацитет од по 1000 гласачи. Џабе ќе се гласа овде, дефакто одземено ни е правото на глас.
2. Те молам ако не сте способни да го решите проблемот воопшто не се ни нафаќајте или глумите лудило. Сфарвоски судство било а колку судии се изгласани за време на СДСМ? Борбата не е окулу СЈО и аболацијата, борбата е окулу изборите кој требаше да се случат во Април ама некој цело време ги одложува. Имате некоја фикс идеја дека ако ДПМНЕ победи на избори СЈО ќе се укине или дека нема да може да се апсат функционери на ДПМНЕ итн. Тоа требаше во пржино да се реши, да се бара да немаат имунитет и да се бара специјално оделение итн. Сфати дека мене не ми е гајле ни за едниве ни за другите, секој што направил криминал нека лежи, јас сакам стабилност, сакам избори за да заврши циркузот. Мене ми смета буљаши да фарбаат и кршат низ град. Ми смета и тоа што некој краде, ми сметаат и аболицирани политичари. Тој што крши и фарба треба да си плати и да лежи за тоа. Тој што украл кебапи исто. Тој што местел тендери/крадел итн исто. Криминал не оправдува криминал.
3. Си има СЈО нека докажува и апси ако е тоа како што викаш. Адреси не гласаат, луѓе гласаат. Тоа што некој не ажурирал список или не си ја завршил работата како треба не треба да ги кочи изборите. Им се понуди можност за со активна регистрација, како во дијаспората, значи секој да се пријави ама и тоа е не го прифатија? Зошто?
4. Знам дека не треба, не ни гласам. Само ти доловувам колку се способни тие што работат во ДИК. На листата на фантоми се и мојте, кој од 2010 живеат во МКД а нив на пример сеуште ги водат во странство. Што сакаш понатаму, едноставно ДИК треба да се затвори. Тоа не е слабост на ДПМНЕ тоа е пред се срам на опозицијата што зима плата а ништо не сработила. Се виде и со списокот на фантомите.
5. Секој што направил криминал треба да иде во затвор. Јас сум за и од двата табора да одат. СЈО селективно работи, се гледа дека си работат под партиска директива а ко што гледам и овде повеќето привразаници на СЈО и опозицијата ги интересира само едната страна. Тоа дека дпмне можело и требало да ги апси ама спиеле цели 10 години не проаѓа. Верушевски го извадија од затвор. Заев го аболицираа.
6. Незнам на што мислиш дека си побивам 3-4 страни.
Списокот не е ажуриран а за тоа криви се ДИК предводени од опозицијата која цело време само одолговлечува. Да бидеме и реални списокот нема никогаш да биде 100% чист и ако сакаш секогаш ќе најдеш влакно во јајцето затоа што сепак е само список на живи луѓе. Секогаш ќе има промени, луѓе се селат, умираат, стануваат полнолетни. Се понуди активна регистрација, требаше да се прифати и да се иде на гласање. Уште еднаш зошто не се прифати па да се стави крај на циркузот? Вака до 1001 ќе одиме за џабе. Факт е дека има пропусти ама далеку од тоа како што пробува Заев и ти тука да ги прикажете. Факт е дека некој цело време бега од избори. Факт е дека опозицијата само ја продлабочува кризата. Факт е дека опозицијата не направи асален договор во Пржино па сега цела нација е заложник на нивните болни амбиции. Факт е дека имаа можност да го отворат системот да бидеме сите дел од една изборна единица и народот да има повеќе избор кога ќе гласа ама нејќеа.