Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Веб базирани системи се учи за онтологии, linked data, rdf, owl, sparql (NoSQL).
На вежби се работеше во Јава (Jena Framework).
Се полага предавања и вежби заедно на лист, исто потребно е и групен проект. За групниот проект ние извлекувавме linked data за филмови од imdb со sparql во php. Добро е тоа што можеш да го искористиш во било која технологија.

Напреден веб дизајн e прилочно обемен и се учи за JavaScript, Bootstrap, Html5(Canvas), SVG, sass и scss. Се полага само задачи, ако имате 70+ на прв, имате право на проект наместо втор колоквиум. Добар предмет за front-end дивелопери.

Програмски практикум (Имплементација на системи со отворен код) се учи прв колоквиум основи на php + mysql, втор колоквиум се учи php mvc (Laravel framework). Се полага само задачи, ако имате 70+ на прв, имате право на проект наместо втор колоквиум. Далеку поорганизиран од Интернет технологии и Веб програмирање како нивна back-end алтернатива.
Еден од најдобрите предмети кои сум ги слушал.
 
Последно уредено:
Дали има некој да предложи компании за пракса?
 
Дали ако сменам смер во втора година автоматски паѓам во приватна квота?
 
Дефинитивно се запишувам на КНИ, па планирам да го поминам летово малце попродуктивно. На што би ми препорачале да обрнам најмногу внимание (калкулус, дискретна , СП) и од кои книги да учам?
 
Некој да не има некој линк од материјали за предметите од 3 семестар?
 
Зашто така бе колега , интересни се аплетите:P
:facepalm:

defbb9babe8ceb80865395b1b7676d97471cee787ff3a14fce22446b423603d9.jpg
 
Некое искуство од ПЕТ смерот какво е програмирањето по тежина, како се снајдовте со дискретна ?
 
Некое искуство од ПЕТ смерот какво е програмирањето по тежина, како се снајдовте со дискретна ?
Предметите се исти за сите смерови, програмирањето не е тешко, потруди се лабараториските вежби да ги решаваш сам, и да ги решиш на време, и ке немаш проблеми. Колегите што имаа проблеми со програмирање, беа колегите што очекуваа да го положат предметот со 1-2 дена учење, се надевам дека немаш такви очекувања.
Дискретна е малку потешка од програмирање, и си бара многу вежбање, и секако, читање од книга. Јас положив дискретна, кога материјалот го учев читајќи од книгата наместо од слајдовите поставени на курсот.
За останатиот дел, зависи од тебе, можеш да си земеш предмети од другите насоки, можеш да ги одбираш најлесните предмети и така да добиеш диплома, нема ограничување, сам одлучуваш со какво знаење ке излезеш од факултетот.
 
Не баш, ако имаш Математичка основа од средно.
 
Некое искуство од ПЕТ смерот какво е програмирањето по тежина, како се снајдовте со дискретна ?
Не е тешко ако присуствуваш редовно на предавања и вежби и учиш редовно. Тоа значи после предавање и аудиториски да седнеш и да ги научиш и пререшиш задачите додека не стигнале други. За програмирањата е битно да се потрудиш и сам да ги решаваш лабораториските вежби, така ќе ти биде полесно на колоквиум. Ако ти значи нешто, јас немав никаква основа програмирање од средно, ама со многу вежбање ги положив и двете програмирања. Во врска со Дискретна, материјалот не е многу тежок, но бара посветеност. Гледај да положуваш на колоквиуми, зошто на испит е потешко, особено Дискретна 2, каде што многу малку го положуваат бидејќи се полага на блокови. Ако сакаш малку поопширно да ти објаснам, пиши ми ПП. Поздрав.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom