Реално хомосексуалците се имаат изборено за своите права,како што кажав имате право на многу работи да не ги набројувам пак,не кажав привилегии,него бенефиции од секакви организации по светов ,што ако си хомосексуалец ти помагаат,дури и кога се работи за просперитет. Имате право на нормален живот како секој маж и жена на планетава безразлика на сексуалната определба,исто така колку што јас имам право да влезам во брак толку и вие имате,ама со човек од различен пол и јас немам право да влезам во брак со истополов партнер. Добро ајде и тоа да се признае еден ден,ама и деца? Па имате способност и деца да направите,кој ви брани?Ако може да го зачнете од љубовта со истополовиот партнер,повелете,па конечно да се појави нов медицински феномен.Си го живеете животот,имате секакви права на слободен живот,а општеството сакале нејќеле нема никогаш да може да ја прифати вашата самонагласена различност во целина,затоа што хомосексуалноста и кај животните е присутна ама не се рачуна за нешто нормално и продуктивно.Исто како што не е и пријатно на парада да глеаш мажи во танги како ги тресат гзовите,и тоа провоцира. Општеството не прифаќа и многу други работи и тоа е тоа.
Викаш се избореле за своите права, па потоа продолжуваш да објаснуваш како сме еднакви колку што и ти си еднаков со другите пред законот, i.e., можеш да се жениш и да имаш деца (но не и ние, пошто ти смета). Али не, еднакви сме со тебе во секој поглед. Мене не ми изгледа како да имаме бенефиции. Ако збориш за бенефиции користи реални примери, како на пример албанците во Македонија, кои уживаат специјален статус на граѓани.
Мене ЛГБТ организација, нити локална, нити интернационална не ми помогнала за ништо во животов. Активистите во 70те и 80те го поплочија патот за прифаќање и интеграција на хомосексуалците како малцинство кое може да живее отворено и слободно, и како такви да се интегрира во општеството. Организациите се бипродукт од тоа, и постојано бараат нови конфликти, дури и кога ги нема. Ја прават ситуацијата на хомосексуалците во Русија и други словенски држави полоша од што е, дури и во една Америка медиумите се накострешени за линч дека некоја си пицерија одбила да послужи геј бар или некоја слаткарница одбила да направи торта за некоја си геј свадба. Да се бореа исклучиво за еднаквост, немаше да бараат влакна во супата на општеството во кое живеат а кое е супер-прифатливо за луѓе како нас. Тоа што некој во мое име демонизира приватни бизниси кои тераат своја полиса на која имаат право, или на локално ниво, во мое име излегува на улица да шљака со боја, јајца, да демолира, и да се тепа со полицајци, придружен од фанатички албански групи (како и групации од разновидното ни соседство надвор од МК), тоа не значи дека делиме ист менталитет. Некои од нас имаат црвени линии, во однос на што бараат, и како да се добие истото.
Други ќе се џилитаат на улица надрогирани под капа на револуционери и ќе лапа пари од НВО-а наместо да најде вистинска работа од која ќе заработува. Од тие наши организации само тоа видов. А ти, пошто ти одговара статус квото, според тебе подобро е да ти се инфилтрирам у фамилија преку мајка, сестра, братучетка? Затоа што newsflash, во државава моментално така се стекнуваат со семејства хомосексуалците и бисексуалците. Некои имаат проблематични бракови, некои комплет дисфункционални бракови, некои се разведуваат штом се здобијат со деца. Изгледа таа игра повеќе ти одговара. Баш бенефитно.
Но како и да е. Да бидеме реални, тебе не те интересираат муабети овде. Дојде на темава исклучиво да сереш за хомосексуалците, како очаен трол, кој не легнал нешто веќе една цела епоха, и фрустрациите ги лечиш тука, во надеж дека некој self-loathing геј ќе ти здрви една во инбокс (а на нас држиш лекции за провокации) и ќе отпочнете некој разговор кој ќе води до некаде. Само барем претстави си се кој си, мислам дека на стара слава многу поефективно ќе делуваш, него вака преку sock-puppets од време на време, мислејќи дека некој не знае кој си.
http://kajgana.com/11-godishno-dete-siluvano-vo-skopsko-drachevo
11-годишно дете силувано во скопско Драчево
ete vi komunjarskite zakoni za zastita na maloletmici... maloletnik do 14g ne odgovara ni za ubistvo sega treba zrtvata od 11g da mu presudi sam na 13g siluvac
Everything in society is about sex or being sexy, except rape. Rape is about power. Или така нешто беше цитатот. За сите male-on-male случари на силување или сексуална злостава ќе ја красиме темава? Прашувам, затоа што ова не е изолиран случај, а ова е многу почеста појава кај повозрасни индивидуи, па дали да очекуваме редовна репортажа овде.