Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ne_sum_ja
  • Време на започнување Време на започнување
http://reporter.mk/2016/06/25/британците-собраа-над-милион-потписи/

говорот на разумот........сепак нема да летне така лесно ВБ од картата на ЕУ,со потценување го гледаа референдумот очигледно политичарите не мислејќи дека може вакво сценарио да излезе...............да видиме отом потом ;)
How fucking stupid is it that people want to fight democracy with democracy because they don't like how democracy didn't get them what they wanted.
Ептен јак говор на разумот.
 
http://reporter.mk/2016/06/25/британците-собраа-над-милион-потписи/

говорот на разумот........сепак нема да летне така лесно ВБ од картата на ЕУ,со потценување го гледаа референдумот очигледно политичарите не мислејќи дека може вакво сценарио да излезе...............да видиме отом потом ;)
кој губи има право да се лути ;)
 
Те респектирам, ама поглуп пост не си напишал од тие коа го хејташе Роналдо неосновано.

Имаш толку небулози шо нема ни поента да ги негирам, само да ги прочиташ звучат лудо, ко паѓањето на фунтата била добра работа.



Дали си озбилен со вакво пост НА МАКЕДОНСКИ ФОРУМ? :pos:

Па ние сме експерти у таа област.

Овде таквите куртони не ги ни плаќаат, им ветуваат работно место само за да дудлаат на социјални мрежи, и после истото нема да им го дадат.
Лошо е за ук богаташи и билионери и оние кои штедат во фунта, лошо е за увозниците кои плаќаат во евра или долари, една од причините зошто ук ќе си бара увоз од други места освен од еу а у дефицит се во трговската размена. И не држат заканите сеа ЕУ кога ќе им лупне царини мајче мамино ќе им ебе, ќе им лупне ама ќе ги изгуби ко пазар. Па само Германија ко држава има суфицит од 4,5 милијарди долари кон УК месечно.
xcc20160624-5-s.jpg.pagespeed.ic.Kqg4V3AqSR.webp

И што прават германските банки со толку суфицит? Па го извезуваат пак во форма на кредити, на новите земји членки се со цел да ги достигнат критериумите на монетарната политика на ЕУ или постоечките земји членки ко европјаниве од јужниот дел кои се навлечени на нивните пари ко камењарка пред МТВ на хорс. Затоа може да се каже дека Германија е хегемонот на ЕУ кој диктира све. Е сеа ако Македонија излезеше, никој кур немаше да го заболи, ама во случајов богат и голем пазар ко УК, Европјаните(Германците) се тие кои што губат.

Исто, лошо е за должниците кои плаќаат во евра или долари. Одлично е за извозниците.
Па еве, пошто се тешки небулози и глупости еден најглуп и најпрост пример

As pound falls following Brexit, Chinese tourists start booking holidays to Britain

А и ова Кинезиве глуп народ маме му ебам, ја држат валутата ниско и цел свет го преплавија со своја ефтина роба, особено во последни 10 години. Па и ова Американците се глупи quantitative easing колку пути правеа само да си го намалат долгот и трговскиот дефицит кој нормално им е во долари.
 
А и ова Кинезиве глуп народ маме му ебам, ја држат валутата ниско и цел свет го преплавија со своја ефтина роба, особено во последни 10 години. Па и ова Американците се глупи quantitative easing колку пути правеа само да си го намалат долгот и трговскиот дефицит кој нормално им е во долари.
Ceга Мао Це Тунг и Обама читаат твој пост и им се дерат на своите економски советници “Маму вам вашу глупу, ко не го имафме еден змеј гнојранин од кајгана, кај ќе ни беше сега крајот!“
 
Шкотланѓаните уште во 2014 година пред да го одржат тогашниот референдум за независност, беа предупредени од ЕУ дека како независна држава ќе мораат да поднесат кандидатура за полноправно членство во ЕУ, па преговори, па реформи - од кои некои можеби и нема да им се бендисаат, па после целиот тој интеграциски циркус, ќе станат полноправна членка на ЕУ, односно членството не е наследно бидејќи државата се отцепила од држава членка на ЕУ.

Истовремено, Банката на Англија им порача на Шкотланѓаните да се збогуваат со британската фунта доколку изгласаат независност на Шкотска, бидејќи Велика Британија нема да им дозволи да ја користат како своја национална валута.

Но несомнено главниот фактор кој ќе ги спушти на земја шкотските националисти, е цената на нафтата, која од 100 долари за барел во 2014 година, денес е помеѓу 30 и 50 долари за барел, поради што Шкотланѓаните не ги очекува баш убава иднина надвор од Обединетото Кралство.

Убаво е да се говори за независна Шкотска, хехе, па и во 1990 и 1991 беше убаво да се говори и за независна Македонија, ама границите, царините, тарифите, даноците, рецесијата, економскиот колапс и сите останати последици кои следуваа на прекрасната независност наспроти пазарот на поранешна Југославија, до денешен ден немаат донесено баш некои задоволителни бенефиции за Македонците, кои последниве 15 и повеќе години повеќе го милуваат татарскиот пасош наспроти македонскиот пасош, односно пасошот на независна ФИРОМ Македонија.

Е добро де и за Велика Британија се очекуваат повеќе негативни отколку позитивни економски ефекти од испаѓањето од Европска унија па вие што ја браните одите со теорија “може на почеток ќе им биде полошо но затоа пак за 10-15 години би требало да биде подобро“ тоа истото би можело и да се каже за евентуалната независност на Шкотска од Велика Британија
Неспорно е дека одново ќе мора да поднесуваат кандидатури ама им одговара на ЕУ членка како Шкотска, па веројатно и додека официјално станат членка ќе имаат голема помош од нив

Него друго интересно приметувам, истиве што ја хејтаат ЕУ и нивната политика демек наредувале што како, се заканувале, ставале квоти па арно им направила Британија за да биде независна комплетно а во исто време се ситат дека ако Шкотска прогласела независност Британците ќе им правеле разно разни проблеми, фунта немало да користат и сл - лицемерие до бескрај
 
Е добро де и за Велика Британија се очекуваат повеќе негативни отколку позитивни економски ефекти од испаѓањето од Европска унија па вие што ја браните одите со теорија “може на почеток ќе им биде полошо но затоа пак за 10-15 години би требало да биде подобро“ тоа истото би можело и да се каже за евентуалната независност на Шкотска од Велика Британија
Неспорно е дека одново ќе мора да поднесуваат кандидатури ама им одговара на ЕУ членка како Шкотска, па веројатно и додека официјално станат членка ќе имаат голема помош од нив

Него друго интересно приметувам, истиве што ја хејтаат ЕУ и нивната политика демек наредувале што како, се заканувале, ставале квоти па арно им направила Британија за да биде независна комплетно а во исто време се ситат дека ако Шкотска прогласела независност Британците ќе им правеле разно разни проблеми, фунта немало да користат и сл - лицемерие до бескрај

Е па животот не е фер, не постои бесплатен оброк, како што Британците го плаќаат цехот, така и Шкотланѓаните ќе го плаќаат цехот ако изгласаат независност.

Исто како што и ние Македонците до денешен ден го плаќаме цехот бидејќи изгласавме независност во 1991 година и бидејќи до денешен ден не сме го смениле името на државата за да ги задоволиме хировите на нашиот јужен сосед, со што наводно ќе станеме држава членка на ЕУ.

Но просечниот Британец размислува многу поинаку од просечниот Македонец и додека Македонците по навика бараат дежурни виновници за сегашната ситуација, Британците бараат решенија за сегашните проблеми.

Останува да очекуваме примерот на Британците да биде следен од страна на Данците, Холанѓаните, Италијанците, Французите и останатите држави членки на ЕУ - Италија и Франција тешко дека би излегле од ЕУ бидејќи се држави основачки на ЕУ, но Данска и Холандија остануваат изводливи опции.

Но ако една Русија може да трпи санкции од САД и од ЕУ, а на економско ниво не ни може да се споредува со Велика Британија, па сепак еве ги Русите живи и здрави, тогаш Британците ќе треба само да чекаат да помине економското цунами кое сега им се случува. Економските последици од излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе продолжат, но нема да траат повеќе од година дена, а можеби ќе завршат уште пред крајот на 2016 година.

Како држава која има трговски дефицит со ЕУ, Велика Британија е таа која има помалку да изгуби наспроти последиците кои би ги претрпиле европските инвеститори доколку одлучат преку ноќ да ги прекинат или откажат своите инвестиции во Велика Британија само бидејќи државата излегува од ЕУ.
 
Не си го лажете умот за џабе, во ниту една друга држава нема да успее референдум за излегување од ЕУ. Посебно откако ќе видат како ќе поминат Британците.
 
Слушам Грција сакалa да излезе од ЕУ, ќе правеле референдум. :ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Не си го лажете умот за џабе, во ниту една друга држава нема да успее референдум за излегување од ЕУ. Посебно откако ќе видат како ќе поминат Британците.

Не само тоа. Со Британија е многу различна ситуација за разлика од другите земји поради дистанцата која што ја држеа кон Унијата.

Ако некоја земја која што го користи еврото како валута реши да ја напушти Унијата има да им се случи таков колапс, неопислив со зборови.
 
Британскиот еврокомисар поднесе оставка, а веке над 1 милион подписи са собрани за баране на втор референдум :)[DOUBLEPOST=1466872046][/DOUBLEPOST]Праштането е сега , коj во обединеното кралство ке активира член 50 от Лисабонскиот договор и кога. До моментот имаме само резултати от референдум. Се уште нема гласано во двете камари на собранието и никоj не е актинирал член 50.
Самите британци са во амок и не знаат што им се дешава.
След активиране на член 50, ке почнат преговорите за напуштане и UK ке треба да затвори сите поглавиja, а националните собраниja на другите 27 да изгласат договорот за напуштане. Тоа треба да се деси до 2 години, ако не се договорат друго.
 
Последно уредено:
Овие сиротиве да ги прашаш нема да знаат да ти кажат, што корист ќе имаат од ова испаѓањето на Велика Британија :D


Sent from my GT-I9300 using Tapatalk

Тоа е и клучниот проблем со кој што се соочува секоја про-европска страна. Како да се објаснат функционалноста и бенефитите од Унијата на обичниот човек кој што нема да може да ги разбере.

Европската Унија е страшно комплициран систем и голема бирократска организација организација и 90% од луѓето кои што гласаа на референдумот во Британија знаат многу малку за истата или воопшто ништо.
Комплексноста посебно се должи на тоа што договорите и правилата по кои што функционира се кроени за да ги задоволат потребите на сите нејзини членки и ултимативно сите да имаат ќар.

Сум студирал во врска со истата и сум имал прилика преку работа од стручна страна да видам како функционираат одредени делови од ЕУ и за да се разбере тој систем и како функционира и што значи ќе му треба време на стручно лице а камоли на обичен човек во кратко обраќање од 5 минути преку телевизија.

Обичниот граѓанин освен што не ја разбира ЕУ туку и 90% од бенефитите од Европската Унија не може директно да ги види или да ги спознае туку единствено гледа најповршински политички работи од типот на што кажала Меркел, Ципрас што направил, патување без визи и некои слични работи. Тоа е само врвот од целата карпа на бенефити од Унијата.

Затоа можда би звучел "недемократски" ама распишување на референдум за членство во ЕУ и давање на одговорноста на граѓаните да решат дали земјата ќе членува во Организација што воошто не ја разбираат, е голема грешка и таков референдум не треба воопшто да се распишува, зашто такво коцкање со иднината на државата е во најмала рака политички неодговорно.

По тоа прашање треба да се реши парламентарно после изложување на анализи од институции кои што се занимаваат со таа проблематика.
 
Не само тоа. Со Британија е многу различна ситуација за разлика од другите земји поради дистанцата која што ја држеа кон Унијата.

Ако некоја земја која што го користи еврото како валута реши да ја напушти Унијата има да им се случи таков колапс, неопислив со зборови.

Така еее, да им верувате на политичарите од ЕУ, тие најдобро мислат за својот народ, сите одлуки кои ги носат ЕУ политичарите т.е. ТРОЈКАТА се во корист на жителите на ЕУ. Многу мудри лидери се.

Вие сонувајте но 4 јавачи веќе пристигнуваат :motorce::motorce::motorce::motorce:
BREXIT веќе пристигна, другите се изборите во САД, Германија и Франција па од 2017 како ќе се "будите" така ќе се чудите :P

Како да се објаснат функционалноста и бенефитите од Унијата на обичниот човек кој што нема да може да ги разбере.
Европската Унија е страшно комплициран систем и голема бирократска организација .....
Затоа можда би звучел "недемократски" ама распишување на референдум за членство во ЕУ и давање на одговорноста на граѓанит
е да решат дали земјата ќе членува во Организација што воошто не ја разбираат, е голема грешка и таков референдум не треба воопшто да се распишува, зашто такво коцкање со иднината на државата е во најмала рака политички неодговорно.

По тоа прашање треба да се реши парламентарно после изложување на анализи од институции кои што се занимаваат со таа проблематика.

Еве и сакаш да забраниш народот да одлучува бидејќи е многу глуп, ништо не разбира ама ДАНОК ДА ПЛАЌА е тоа МОРА :kuracc:.
Во смисла давајте ни пари а ние ќе одлучуваме бидејќи вие сте глупи и незнаете што е најдобро за вас.

Пази ова е од човек кој е против диктатурата на фамилијата а овде збори исто како нив :confused::eek: :aplauz:
 
Британскиот еврокомисар поднесе оставка, а веке над 1 милион подписи са собрани за баране на втор референдум :)

Типично во ЕУ стил, нели ?

Гласавте погрешно, сега гласајте повторно, а ако повторно гласате исто како што сте гласале претходно, ќе гласате повторно и повторно и повторно се додека не гласате како што треба.

Европскиот Устав, Лисабонскиот договор, па сега и излезот на Велика Британија од ЕУ... Адолф Хитлер, Јосиф Висарионович Сталин, Мао Це Тунг и сите останати тоталитарни злосторници од 20-от век би си ги треснале главите од земја кога би биле живи, тие со употреба на сила воспоставуваа тоталитарна власт, а овие евробирокративе само со страв и повторно гласање се додека не си истераат по свое.

Јака им е оваа ЕУ демократија, или подобро кажано - плутократија.

...

Пази ова е од човек кој е против диктатурата на фамилијата а овде збори исто како нив :confused::eek: :aplauz:

Очигледно не бил задоволен од понудата на фамилијата, па добил подобра понуда од евробирократите во Брисел.

Да ти бидам искрен, и јас не се давам себеси за сендвич и ситна боранија, но не би можел да се поднесам себеси до толку да им ги перам мозоците со пропагандистички измет на луѓето во замена за некоја добра понуда од евробирократите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom