Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Озбилен си со тоа што го пишуваш.Сега немам време, утре или понедленик ќе напишам целосна анализа за што всушност значи Brexit од сите фактори, и економски и општествени.
Цело време пратам пишуваш за тоа дека Северна Ирска и Шкотска би излегле од Британија за да се у ЕУ.Објасни ми како тоа ти мислиш дека ќе се оствари, бидејќи е нереално.Северна Ирска сама како политичка единка без да е дел од Ирска или Велика Британија е осудена на пропаст, а Шкотска доколку изгласеа независност ќе беа надвор од ЕУ, и Британија ќе им ставеше вето на нивна потенцијална кадидатура.Чити го @kano секој пост му е точен, со факти поддржен, твоите се искрено продавање ветер и магла, што од елоквентен член на форумот како тебе, не го очекував.
Никој не може да ти каже. Ни Англичаните не знаат кој би бил одговорот на тоа прашање.Ме интересира како би влијаело ова на сите што работат со МКД пасоши во УК сигурно не би ги изрбкале од утре да речиме.
Butthurt much?Ме заболе оноа, за тоа каква била твојата реакција.
Ги нема, т.е. не се тие парите.Тие 350 милиони е прашање како ќе бидат распоредени и дали ќе ги има.
На секојдневни повикувања во суд, оставки, кривични постапки, одлагања избори мора и тоа овците да се порадуваат на нешто, малку триумфалност да осетат, па макар и лажна. Волков е у 24-часовен оргазам од brexit-ов, а ку**в на трупец го стаам ако знае на карта да ја најде ВБ.Овие сиротиве да ги прашаш нема да знаат да ти кажат, што корист ќе имаат од ова испаѓањето на Велика Британија
Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
Овие сиротиве да ги прашаш нема да знаат да ти кажат, што корист ќе имаат од ова испаѓањето на Велика Британија
Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
Добра анализа ми даде, но сепак пак клучното прашање не ми го одговори.Се убаво што си напишал, но ти ги гледаш само економските карактеристики на референдумот, а не и културолошките кои всушност ја донесоа победата на Brexit.Шкотска и да влезе во ЕУ како независна, пак најголем трговски партнер ќе им е Британија.Друг фактор кој никој не им го спомнува е дека ќе ги немат бенифициите од Британија што им носеа полза, ќе се обична членка како Романија.И да ги почнат преговорите денес, тие преговори во најбрз рок да се , секако ќе им одземат 3 години.Е во ваква ситуација ќе видам колку Шкотите ќе сакат во ЕУ да се, не само на хартија да се во ЕУ , а да имат свои закони.Како членка на ЕУ ќе им донесат мигранти, кои сега ги нема во Шкотска, ќе дојдат Арапиte, ќе им градат џамии, бурки и остало, тогаш ќе видат што значи во права смисла ЕУ.Види моите коментари ги базирам на изјавите и проценките објавени од IMF, Bank of England, PWC како светска водечка резизорска куќа и неколку други. Сите заеднички велат едно, а тоа е дека Британија ќе има негативни последици од излегување од ЕУ.
За Шкотска и Северна Ирска и да не излезат од УК пак тоа ќе биде тешка битка за нивно останување која само доплнително ќе им донесе штета. Можеби за Северна Ирска мали се шансите ама за Шкотска и тоа како постојат по овој референдум. Таму и така беше кревка ситуацијата, сега е каша попара. И утре ако излезат, нема кој да ги блокира да не станат експресно членки на ЕУ а Унијата соодветно ќе се погрижи за нив финансиски.
Кано братот од Австралија си влече накај Комонвелтот ама ситуацијата на терен е малку поразлична
Тоа се гледа по попарената изјава на Борис Џонсон. Многу лаги и невистини за економската слика се кажаа и тоа ќе им се врати од глава. Од политички аспект м оу потешко се преговара со ЕУ кога си надвор од неа.
Може ќе го добијат пазарот и слободна зона за трговија ама цехот ќе биде многу поголем од тој до сега што го плаќаа.
Проблемите се решаваат во кругот на семејството а не со излегување од дома.
Готово е Велика Британија се враќа назад во ЕУ![]()
Како прво уште не е ни официјално испадната па за да се враќа назад ? Темава сликовница ја направи, незнам како не те банираат модераториве.
Во меѓувреме Шкотската премиерка со изјава дека Владата таму се сложила да се превземат формални законски постапки за одржување на нов референдум за независност а во исто време Шкотска ќе стапи во контакт со ЕУ како би го задржила позицијата таму. Да не испадне на крај за Британија што сум дигал рука работава![]()