Шкотланѓаните уште во 2014 година пред да го одржат тогашниот референдум за независност, беа предупредени од ЕУ дека како независна држава ќе мораат да поднесат кандидатура за полноправно членство во ЕУ, па преговори, па реформи - од кои некои можеби и нема да им се бендисаат, па после целиот тој интеграциски циркус, ќе станат полноправна членка на ЕУ, односно членството не е наследно бидејќи државата се отцепила од држава членка на ЕУ.
Истовремено, Банката на Англија им порача на Шкотланѓаните да се збогуваат со британската фунта доколку изгласаат независност на Шкотска, бидејќи Велика Британија нема да им дозволи да ја користат како своја национална валута.
Но несомнено главниот фактор кој ќе ги спушти на земја шкотските националисти, е цената на нафтата, која од 100 долари за барел во 2014 година, денес е помеѓу 30 и 50 долари за барел, поради што Шкотланѓаните не ги очекува баш убава иднина надвор од Обединетото Кралство.
Убаво е да се говори за независна Шкотска, хехе, па и во 1990 и 1991 беше убаво да се говори и за независна Македонија, ама границите, царините, тарифите, даноците, рецесијата, економскиот колапс и сите останати последици кои следуваа на прекрасната независност наспроти пазарот на поранешна Југославија, до денешен ден немаат донесено баш некои задоволителни бенефиции за Македонците, кои последниве 15 и повеќе години повеќе го милуваат татарскиот пасош наспроти македонскиот пасош, односно пасошот на независна ФИРОМ Македонија.