Можеби имаш добри намери, ама со такви коментари само ја поддржуваш поделбата на добри македонци и лоши македонци. И тоа со помош и аргументи на некаква си “македонска историја“.
Само еден пример, до ден денешен ние како нација не можеме да се помириме со фактот дека пред сто години и едните и другите кои ги спомнуваш во твојот пост, всушност биле Македонци. Не биле нешто друго, туку Македонци. Дали биле перфектни, дали ги имале “правилните“ идеали (кои и да се тие идеали), дали и како работеле, е сосема друга работа.
Поларизацијата само доведува до непотребни проблеми. Заради поларизацијата има протести и контра-протести, додека едните и другите пробуваат да докажат и покажат кој е всушност поголем македонец, кој е непријател, кој е родољуб, а кој издајничка пичка.
Со таква реторика, идеологија и начин на размислување, се прикриваат вистинските причини и се трга акцентот од двата вистински проблеми: Криминал и Неспособност. Работите се многу едноставни, а се комплицираат и филуваат со растегање локуми, историски правди, неправди, вадење валкана облека од нафталин, тепање, закани, ломотење, дефокусирање, итн.